Не е изграден монтажен паркинг помеѓу улиците „Васил Ѓоргов“ и „Козара“

Местата на кои улицата „Козара“ ја пресекува „Васил Ѓоргов“ во Капиштец Фото:www.google.mk/maps

 

Изградба на нов монтажен паркинг во Капиштец, помеѓу улиците Васил Ѓоргов и Козара

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Гадоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, за локалните избори  во 2013 година, вети „Изградба на нов монтажен паркинг во Капиштец, помеѓу улиците Васил Ѓоргов и Козара“. Овој проект  наведен во неговата изборната програма „Иднината сега! Време е! Андреј Жерновски за Центар“  (стр.8), досега (04.05.2017)- десетина дена пред крајот на мандатот на Жерновски, не е реализиран.

Во поглавјето Ефикасна паркинг политика во служба на граѓаните на Центар од  изборната програма на  Жерновски, (стр.8), меѓу другото, е наведено и следново образложение:

Заради зголемените потреби ќе бидат изградени нови паркинзи со поголем капацитет …

При што,  е посочена и локацијата „помеѓу улиците Васил Ѓоргов и Козара“, без да се прецизира  каде точно се наоѓа, со оглед на тоа што улицата „Козара“  ја пресекува улицата „Васил Ѓоргов“ на повеќе места.

Проверката на „Вистиномер“ покажа дека на самиот крај на мандатот не е почната изградбата на споменатиот мнотажен паркинг.

До денот кога е пишуван овој текст ( 04.05. 2017 г.), нема достапни информации дека е исполнето или е во фаза на реализација ова ветување на градоначалникот Жерновски. Темелното пребарување на интернет содржините, како и на содржините на официјалната веб-страница  на Општина Центар, не извадија ниту еден напис или информација  поврзана со ветената изградба на „нов монтажен паркинг во Капиштец, помеѓу улиците Васил Ѓоргов и Козара“.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска