Не е изградена регионалната градинка во Општина Теарце

bdi-large

 

Проект: Регионална детска градинка (2013-2014)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот за изградба на регионална детска градинка, ветен како приоритетен во изборната програма „Заедно градиме”, на кандидатот на ДУИ за Општина Теарце, Исен Асани, сега градоначалник на оваа Општина, не е исполнет. 

На официјалната веб-страница на Општина Теарце, во делот „ Реализирани проекти” нема информација за остварување на овој проект, ниту пак, за некоја постапка или друга информација поврзана со почеток на изградба на регионалната детска градинка. Исто така, со пребарување на интернет не најдовме ниту една вест која говори за реализација или за тоа дека е направен некаков чекор  за почеток на изградба на градинката во Општина Теарце.

Ниту во годишниот Отчет за 2014-2015, период кога е ветено завршувањето на овој проект (2014), нема информации за почетни активности за градењето на детската градинка во ова Општина , или пак, некоја евентуална пречка во постапките и подготовката на документацијата за овој проект.

Информација за новата градинка не постои ниту во информативниот Службен гласник за 2017 година, во кој се поставени сите реализирани проекти и активности за 2017 година.

Овој проект беше поставен како прв приоритет во програмата „Заедно градиме“, а вреди да се истакне дека градинките во Тетово се преполни и со деца од ова Општина, ова го потврдува и директорката на една од најголемите градинки во Тетово „Младост“ во Тетово, Рамије Даути, која во изјава за порталот Телеграф вели:

Заинтересираноста е многу висока, имајќи предвид  дека имаме 740 деца, кои се дел од различни локации во Тетово, исто така имаме локација и во Општина Теарце,  во селото Нераште, исто и во Боговиње, Јегуновце

До моментот кога е пишуван овој текст (08.08.2017), од тоа што може да се види на веб-страницата на Општина Теарце, не е направено ништо во насока за почеток на градежните активности за новата градинка во оваа Општина. На страницата на Општина, во објавените материјали за 2017 година, како што посочивме погоре, нема информација за ветената градинка во Општина Теарце.

Имајќи го во предвид тоа што е кажано погоре, може да се заклучи дека ветувањето на градоначалникот на Теарце, Асани, за изградба на новата градинка во Општина Теарце, е неисполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *