Не е изградена спортска сала во Бутел 2

Спортска сала Фото: commons.wikimedia.org

 

Проект: Изградба на спортска сала во населбата Бутел 2

Токму оваа најспортска населба на територијата на Општината Бутел е најслабо покриена со спортски објекти и со изградбата на спортска сала, Општината ќе им овозможи на своите граѓани место за спорт и рекреација. (Рок: јуни 2014)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот: Изградба на спортска сала во населбата Бутел 2е неисполнето ветување на градоначалникот  на Општина Бутел, Петре Латиновски дадено  за локалните избори во 2013 година . Овој проект е дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ (2013 -2017) насловена:  „ Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Бутел!“ (Спорт и млади, стр. 23).

Со опсежно пребарување на интернет и на агрегаторите на вести, не може да се најде информација дека е изградена или, пак, дека е во тек изградбата на спортска сала во населбата Бутел 2.

За тоа до каде е реализацијата  на овој проект „Вистиномер“ се обрати во Општина Бутел од каде што ни беше кусо одговорено дека изградбата на „спортска сала во Бутел 2 е во постапка“.

При увидот во електронската архива на Општината, нема податоци дека досега (15.08.2017) се спроведени некакви активности за изградба на спортската сала.

Овој проект, инаку, се споменува во предизборната програма со којашто  ВМРО-ДПМНЕ излезе на предвремените парламентарни избори во декември 2016 година – „Реално“ (2017-2020). Изградбата на спортска сала во Бутел 2 е предвидена во поглавјето „Млади спорт и физичка култура“ (стр.457) , како дел од проектот „Спортски сали“, а според предвиденото салата треба да почне да  се гради  дури  во 2019 година.

Во следниот период ќе изградиме 11 нови и ќе реконструираме постоечки спортски сали и тоа:

  •   изградба на спортска сала во Општина Бутел, нас. Бутел 2. Рок на почеток на градба: 2019 година. Буџет: 35.000.000 денари

Имајќи го предвид сето ова може да се заклучи дека ветувањето на градоначалникот на Општина Бутел, Латиновски,  за „изградба на спортска сала во населбата Бутел 2“ ,  е неисполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција