Не е изградена спортска сала во ОУ „Јоаким Крчоски“ во Волково

vmro-dpmne-logo

Проект „145 спортски сали”.

Со цел поттикнување правилен психофизички развој и потикнување спортски и натпреварувачки дух кај младите и кај возрасните, во соработка со централната власт, ќе изградиме спортска сала во ОУ „Јоаким Крчоски“, каде што наставата ја следат ученици од населените места Волково и Орман. (Рок: декември 2016 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот за изградба на спортска сала во ОУ „Јоаким Крчоски“ (Волково), е   неисполнето ветување на  градоначалникот  на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, кое тој го  вети  во  Изборната програма (2013-2017) ) „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Општина Ѓорче Петров“ (Образование и наука, стр. 21).

Статусот на ова ветување („ неисполнето“) може да се провери и само со преглед на  официјалната веб – страница на Општината, каде во секцијата „Спорт“,  во информацијата која се однесува на  „инфраструктурата на спортските објекти“  се посочуваат само  две  сали: „Ѓорче Петров“ и „Христо Батанџиев“,  пуштени во употреба во мај 2008 година и во  јануари 2009 година, додека спортската сала во ОУ „Јоаким Крчоски“ во Волково, воопшто не се споменува.

Дека проектот не е реализиран може да се потврди и со преглед на официјалната веб-страница на основното училиште „Јоаким Крчоски“,  каде во Годишната програма за 2017 година (стр.14) може да се прочита дека „во централното училиште се јавува недостаток  од спортска сала со соблекувални ..“ и тоа дека

Една просторија во централното училиште (во Волково н.з.)  е адаптирана за мала спортска сала без простории за соблекување на учениците…

Според тоа што е напишано во оваа Програма (стр.10), спортската сала треба допрва да се гради, имено таа е посочена меѓу целите и приоритетите  за 2017 година:

Подобрување на просторните услови за работа во училиштето со изградба на фискултурна сала

При увидот во електронската архива на Општината, нема податоци дека досега (31.07.2017) се спроведени некакви активности за изградба на спортска сала во ОУ „Јоаким Крчоски“.

За тоа до каде е реализацијата  на овој проект „Вистиномер“ се обрати во Општина Ѓорче Петров, но  до моментот кога е пишуван овој текст (31.07.2017) , оттаму не добивме одговор.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *