Не е извадена барокната ограда околу владината зграда

sdsm-logo

 

На 10 септември 2015 година, Петре Шилегов, во тоа време портпарол на најголемата опозициска партија, СДСМ, вети дека откако ќе дојдат на власт барконата ограда околу зградата на Владата ќе биде извадена:

ВЕТУВАЊЕ: Никола Груевски се оградува од народот, од граѓаните. Оваа барокна ограда, од ковано железо, е најголемиот симбол на стравот на Никола Груевски. Груевски се плаши од револтот кај граѓаните коишто не сакаат нечесни политичари…

 Нема ограда што може да му помогне на Груевски.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија јавно се обврзува, дека по победата на изборите во април, оградата околу зградата на владата ќе биде извадена.

 Овој простор повторно ќе им биде вратен на граѓаните.

 [Извор: А1 ОН, Петре Шилегов, портпарол на СДСМ (2015) , датум: 10.09.2015 година ]

 

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во септември 2015 година СДСМ јавно се обврза дека по победата на изборите (кои првично беа планирани да се одржат пролетта 2016 година),  ќе биде извадена  оградата од ковано железо околу владината зграда. Ова ветување на социјалдемократите, кое јавно го соопшти тогашниот партиски портпарол, Петре Шилегов, досега (02.05.2018 година) не е исполнето.

Наспроти ваквите најави, иако се поминати  единаесет месеци од формирањето на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, сепак владината зграда сè уште е обиколена со барокната  ограда.

Инаку, во почетокот на јуни 2017 година, пред одржувањето на првата седница на новата Влада на премиерот Заев (избрана на 31.05. 2017 г.), во медиумите имаше неофицијални најави дека  е можно  уривањето на оградата да биде ставено на дневен ред не  првата владина седница. Но, и покрај ваквите информации тоа не се случи. Пред седницата портите на оградата на Владата беа отворени, а половина час пред почетокот на седницата, новинарите имаа можност да го разгледаат ентериерот на зградата на Владата, која првпат беше отворена за јавноста по нејзиното реновирање. Прашан пак, што ќе се случи со најавата за уривање на оградата, Заев рече дека имаат намера да ја направат Владата отворена за граѓаните и тоа секој ден, а не само на отворениот ден за граѓаните.

Одлуките за оградата на Владата и за мебелот ќе ги носиме соодветно на нашите согледувања. Мораме да видиме што значи согласно Законот за јавни набавки отстранување на порти или огради. Бетонските столбчиња може да се направат убави клупи за седење, а металните огради да бидат добар покривач на клупите, но да видиме што ќе кажат архитектите и инженерите. Нашата намера и интенција е да ја отвориме Владата за сите. Верувам дека тоа е објект каде граѓаните треба слободно да пристапат, да комуницираат и да бараат информации, како и да даваат сугестии. Владата треба да биде практично цело време отворена, а не само на отворен ден за граѓаните – рече Заев и нагласи дека од викендов портите на Владата се веќе отворени.

Деновиве (01.05.2018 г.) за време првомајските протести  претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Тамара Чаусидис, меѓу другото, реагираше дека  Владата не го исполнила  предизборното ветувања дека ќе ја урне оградата од ковано железо.

Морам да го констатирам  фактот дека владата која најави дека ќе ја урне оградатра, не само што ја задржа, туку и министерот ѝ даде наредба на полицијата да не ги пуштат работниците во дворот да простстираат, само претседателите на големите синдикати кои во овоој момент седат со Заев во кабинетот. (Тамара Чаусидис )

Дека оградата сè уште не е отстранета може да се види и од сникмите за првомајските протести на  синдикатите и синдикалните сојузи, објавени во медиумите. Така што, ова предизборно ветување на СДФСМ го сметаме за неисполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *