Не е направено мапирање на римската магистрала Виа Егнација

Фото: скриншот

Мапирањето на познатата римска магистрала Via Ignatia, ќе овозможи збогатување на туристичката понуда во Македонија. Проектот Римска магистрала Via Ignatia ќе придонесе за привлекување на љубителите на активности во природа, а особено за средношколски едукативни екскурзии кои ќе бидат реализирани во соработка со туроператори од Италија со што би се опфатила нова целна група. Проектот опфаќа и уредување на одмора- лишта и изработка на водич со мапа на патот. ( Буџет: 3.000.000 денари РОК: 2014-2015  година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот мапирање на  „РИМСКАТА МАГИСТРАЛА VIA IGNATIA“   е предвиден во Изборната програма  „Проверено“ , со која ВМРО-ДПМНЕ излезе на предвремените парламентарни избори во 2014 година. Иако, проектираниот рок на реализација на ова ветување е 2015 година , сепак, нема информации дека во изминатите две години се направени некакви активности за спроведување на овој проект. Електронското пребарување единствено води до најави дека се планира „Мапирање на патот Виа Егнација“

 Ваков проект, инаку,  е предвиден и во Програмата за промоција и поддршка на туризмот за 2015 година (стр.2)

  1. Проект “Мапирање на патот Виа Егнација”

    уредување и означување на римската магистрала Виа Егнација, со цел на збогатување на туристичката понуда на Република Македонија од областа на културиниот туризам и активностите во природа

Истиот проект  со потполно идентична формулација го има и во Програмата за промоција и поддршка на туризмот за 2016 година,( стр3)

  1. Проект „Мапирање на патот Виа Егнација“

    уредување и означување на римската магистрала Виа Егнација, со цел на збогатување на туристичката понуда на Република Македонија од областа на културиниот туризам и активностите во природа

Најава  дека ќе се прави ваков проект во медиумите имаше  и во почетокот на минатиот месец (февруари 2016).

Имајки предвид дека досега не се започнати конкретни чекори за  реализација на проектот „Мапирање на патот Виа Егнација“ , може да се каже  дека ова ветување  е неисполнето.

 

  ЛИНКОВИ:

Оценето од: Оливера Војновска