Не е ограничен бројот на мандатите на премиерот

Не се направени законски измени за лимитирање најмногу два мандата за премиерот Фото: vlada.mk

 

Ветување: ОГРАНИЧУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА МАНДАТИТЕ ЗА ПРЕМИЕР

Ќе воведеме ограничување на реизборот на функцијата Претседател на Владата, така што еден човек да не може да биде премиер повеќе од 2 мандата.

[Извор: Изборна програма на СДСМ, (2016), „План за живот во Македонија“ (стр.26 и стр.233);]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на  СДСМ дадено за предвремените парламентарни избори (декември 2016 г.) дека во привите шест месеци од мандатот „ќе воведат ограничување на реизборот на функцијата Претседател на Владата, така што еден човек да не може да биде премиер повеќе од 2 мандата“, е неисполнето.

Ова изборно ветување на социјалдемократите  е посочено  во нивната изборна програма: „План за живот во Македонија“ , на самиот почеток –  на стр.26, во  поглавјето „Одговорна власт“,  во делот „Јавна администрација за граѓаните“ и истото е дел од  „ПЛАНОТ 180 – ИТНИ РЕФОРМСКИ ПРИОРИТЕТИ НА НОВАТА ВЛАДА ВО ПРВИТЕ 6 МЕСЕЦИ“,  во делот „Правда, сигурност, контрола на власта“( стр.233)

Што значи според изборните проекции „Ограничување на бројот на мандатите за премиер требаше да се воведе најдоцна до крајот на ноември 2017 година, со оглед на тоа што новата Влада предводена од СДСМ беше избрана на 31 мај 2017 година. Сепак, наспроти ваквите планови, досега иако се поминати повеќе од десет месеци (04.04.2018), тоа не се случи, а нема ниту најави дека ќе биде направено.

Според Уставот организацијата и начинот на работата на Владата се уредува со закон. Досега, такви законски измени, со кои  бројот на мандатите за премиерот ќе се лимитира  на два, не се направени. Како што може да се види на сјатот pravo.org.mk, последните  измени на Законот за Владата на Република Македонија се направени во август 2016 година, односно во времето на претходната Влада  – предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција