Не е отворена нова детска општа болница во Скопје  

Фото: flickr.com

 

Ќе отвориме детска општа болница во Скопје со ургентен центар.

[ИЗВОР: Изборна програма на СДСМ „План за живот во Македонија“, стр.137 и стр. 253 , датум:декември 2016]  

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

За предвремените парламентарни избори (декември 2016 г.) СДСМ вети дека во првите две години по доаѓањето на власт ќе биде „отворена детска општа болница во Скопје со ургентен центар“.  Ова изборно ветување на социјалдемократите дадено во нивната програма: „План за живот во Македонија“ , најнапред на  почеток од програмата во делот „Добро јавно здравство“ – Секундарна и терциерна здравствена заштита (стр.137),  а потоа и во рамките на „Планот 24м – итни реформски приоритети на новата Влада во првите 2 години“ (стр.253), досега (26.06.2019),  не  е исполнето.

Според дадените изборни проекции на СДСМ,  нова детска општа болница во Скопје со ургентен центар, требаше да биде отворена најдоцна  до крајот на минатиот месец, со оглед на тоа што Владата предводена од СДСМ беше избрана на 31 мај 2017 година. Проверката на „Вистиномер“ покажа дека до моментот кога е пишуван овој текст  во Скопје не е отворена ваква болница.

Инаку, истата намера  за отворање  „детска општа болница во Скопје со ургентен центар е истакната и во  Програмата  за работа на Влатата (2017-2020 г.), во делот  „Квалитетно здравство“ (стр.34). Сепак, освен споменатите заложби,  нема информации за тоа дека е отворена или, пак, дека се во тек некакви активности за отворање на ваква болница во Скопје.

Меѓу установите од секундарна и терцијарна здравствена заштита  наведени на веб-сајтот на Министертвото за здравство, освен „Универзитетската клиника за детски болести Скопје“  и „Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле“,  не се споменува и нова „детска општа болница во Скопје со ургентен центар“. На веб-страниците на Министерството за здравство  и на Владата не може да се најдат информации дека е донесена одлука/ решение за  отворање на ваква болница.Таква информација не може да се добие ниту со детална проверка на интернет преку Гугл и македонските агрегатори на вести.

Па,  имајќи го предвид сето ова, како и фактот дека, според плановите на  социјалдемократите, детската општа болница во Скопје требаше да биде отворена во првите две години од мандатот  – до 31.05.2019, ветувањето го оценуваме како  неисполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.