Не е започната изградбата на новата градинка во Дебар

bdi-large

 

Ветување: Изградба на градинка во Општина Дебар со површина од 1000 м2

[Извор:  Порталб:  Дебата за Дебар за локалните избори 2017датум: октомври 2017]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во политичката програма на градоначалникот на Општина Дебар, Ружди Лата, во делот „Капитални инвестиции”(стр.5)  ветенa е нова градинка во Дебар. Истото ветување градоначалникот Лата го даде и во предизборната дебата за последните локални избори (октомври 2017), организирана од „Порталб“ . Тој тогаш елаборирајќи ги неговите приоритети како градоначалник на Дебар, рече дека во претсојниот период ќе почне градењето на новата градинка. Проверката на „Вистиномер“ покажа дека досега (28.05.2018), ова ветување не е исполнето.

Капитални инвестиции, стр 5 во програмата на градоначалникот Ружди Лата
Капиталните проекти, стр. 5 во програмата на градоначалникот Ружди Лата

Во текот на споменатата предизборна дебата (одржана на 07.10.2017 година), Ружди Лата прашан во врска со изградбата на градинката во Општина Дебар, изјави:

Може да ветам дека следната година ќе се гради една градинка со површина од 1000 м2.

На 06.11.2017, после победата на локалните избори, градоначалникот на Дебар зборувајќи за неговите приоритетни проекти во новиот мандат, како еден од врвните приоритети го спомна и градењето на детската градинка:

Кога се во прашање, ветувањата, мислам дека дадениот збор треба да се одржи. Најпрвин ќе почнеме со изградба на водоводот, кој верувам дека ќе биде готов до ова лето, до доаѓањето на иселениците, затоа што и проектот ни е во подготовка. А, во исто време ќе  почне и градењето на градинката во Дебар со површина од околу 1000 квадрати.

Сепак, досега (28.05.2018) градежни работи нема.  Но и со детална проверка на интернет  не може да се најде ниту една вест поврзана со изградба на нова градинка во Дебар. Информации за почеток на градежните работи за споменатата градинка нема ниту на веб-страницата на Општина Дебар, ниту на официјалната Фејсбук страница на градоначалникот Лата.

Дека, не е почната изградбата на новата градинка ветена во предизборната кампања, потврдува и градоначалникот Лата во последното интервју за Порталб дадено на 21.05.2017, каде вели дека една градинка од 600 м2 ќе биде готова до септември, додека  за големата градинка од 1000 м2 тој вели дека се во преговори со неколку фондации,  определена е и парцела на која ќе треба да се гради, но не дава информации за конкретен датум за почеток на градежните работи.

Па,  имајќи ги предвид горенаведените проверки, ова изборно ветување на градоначалникот Лата за „изградба на нова градинка во Дебар”, го оценуваме како неисполнето.

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *