Не се иницирани уставни измени за намалување на бројот на пратениците

Фото: sobranie.mk

 

Ќе иницираме уставни промени со кои ќе се намали бројот на пратеници во Собранието на Република Македонија

[ИЗВОР: Изборна програма на СДСМ „План за живот во Македонија“, стр. 258 , датум: декември 2016]  

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на  СДСМ дадено за предвремените парламентарни избори (декември 2016 г.),  дека во првите две години по доаѓањето на власт ќе иницираат уставни измени со кои ќе се намали бројот на пратениците во Собранието, досега (10.06.2019) не е исполнето.

Ова изборно ветување  на СДСМ се споменува на две места во нивната изборна програма: „План за живот во Македонија“, најнапред во поглавјето „Одговорна власт и контрола над власта“, каде што на  стр.27 е истакната заложбата  „ПОМАЛО СОБРАНИЕ, ПОСИЛНИ ПРАТЕНИЦИ“:

Ќе се залагаме за уставни промени со кои ќе се намали бројот на пратеници во Собранието на Република Македонија.

Покренување иницијатива за намалување на сегашните 120  пратениците е ветено и во рамките на „Планот 24м – итни реформски приоритети на новата Влада во првите 2 години“ , во делот „Правда сигурност контрола на власта(стр.258). Што значи, според изборните проекции наведени во програмата,  ваква иницијатива  за уставни измени требаше да биде покрената најдоцна до крајот на минатиот месец, со оглед на тоа што Владата предводена од СДСМ беше избрана на 31 мај 2017 година. Сепак,  тоа досега не се случи, а нема ниту најави дека се подготвуваат вакви уставни корекции. Сѐ уште е на сила уставното решение –  Член 62 во кој е дефинирано дека:

Собранието го сочинуваат од 120 до 140 пратеници. Пратениците се избираат на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање. Пратеникот ги претставува граѓаните и во Собранието одлучува по свое уверување. Пратеникот не може да биде отповикан. Начинот и условите за избор на пратениците се уредуваат со закон што се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

 ИЗВОРИ:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција