Не се укинати геодетските елаборати за добивање дозвола за сеча во приватни шуми

СДСМ и по изминување на една година од формирањето на Влада не го исполни ветувањето дадено за предвремените парламентарни избори во 2016 година дека дека ќе ги укине геодетските елаборати при поднесување на барање за сеча во приватни шуми

 

ВЕТВАЊЕ: Ќе ја укинеме изработката на геодетски елаборати при поднесување на барање за сеча во приватни шуми.

(Извор: Програма на СДСМ за парламентарни избори 2016 година „План за живот во Македонија“План 180° итни реформски приоритети на новата влада во првите 6 месеци, страна 221)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

СДСМ и по изминување на една година од формирањето на Влада не го исполни ветувањето дадено за предвремените парламентарни избори во 2016 година дека дека ќе ги укине геодетските елаборати при поднесување на барање за сеча во приватни шуми.

Имено, сопствениците на шуми во изминатиот период доживуваат вистинска голгота додека добијат дозвола за сеча во сопствената шма. Тие со закон беа задолжени да плаќаат геодетски елаборати за утврдување на границите на површината под шума. Во изминатиот период сопствениците на приватни шуми бараа да бидат ослободени од оваа обврска. СДСМ во изминатиот период како опозициона партија ги поддржуваше и им вети дека не само што ќе ги укине геодетските елаборати при поднесувањето барање за сеча во приватните шуми, туку и дека ќе ја забрза постапката.

Љупчо Николовски за време на една посета на Општина Чашка (29.02.2016) изјави дека има решение за проблемите на сопствениците на приватни шуми.

Ќе ги вратиме лиценцираните правни лица да вршат стручни работи во приватните шуми, маркирање,одобренија и давање испратници, со цел многу поекспедитивно да го оствуваат правото на сеча во приватна шума. Потоа ќе ја укинеме обврската при барање на одобрение за сеча во приватна шума да се плаќаат елаборати на приватните геодетски друштва за утврдување на границите на шумата. Исто така, во план е трансформација на ЈП „Македонски шуми“ со цел поефикасно и на време да ги снабдува граѓаните со огревно дрво. Што се однесува до шумската полиција, таа ќе делува многу поефикасно и ќе биде многу пофункционална во состав на МВР.  (Николовски).

Во периодот подолг од една година Министерството за земјоделство само најави измени на Законот за шуми, но тие сѐ уште не се донесени.

Во текстот ( 01 09 2017) со кој се најави потребата за измена на Законот за шуми на Националниот електронски систем на прописи (ЕНЕР), Министерството напиша:

Со донесување на законот ќе се поедностави постапката и документацијата за одобрение на сеча на дрва во приватни шуми. Воспоставување на законски основ за полесно добивање на одобрение за сеча на приватни шуми.

Од септември лани нема никаква информација за тоа до каде е подготовката на измените на Законот за шуми. Измени на законот нема разгледувано Владата, ниту, пак, таков материјал е поднесен до Собранието на РМ. Нема ниту информации во медиумите дека се подготвени или донесени измени на Законот за шуми.

На станицата на ЈП „Македонски шуми“ нема информација дека законот е променет. Сè уште е во важност и Упатство за сопствениците на приватни шуми, објавено од страна на Здржението на сопственици на приватни шуми.(30 октомври 2017).

Според тоа, ветувањето на СДСМ дадено за време на парламентарните избори дека ќе ја укине изработката на геодетски елаборати при поднесување на барање за сеча во приватни шуми и ќе ја олесни постапката за добивање одобрение за оваа намена во првите шест месеци од изборот на владата не е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција