Неисполнето: Во Шуто Оризари сè уште нема гинеколог

vmro-dpmne-logo

Министерот за здравство Никола Тодоров при посетата на Здравствената станица во Шуто Оризари пред четири години (27.6.2012 година) вети:

Станува збор за општина во која гравитираат околу 50.000 жители и има околу 13.000 жени во репродуктивен период, а нема гинеколог. Тоа е сериозен проблем. Гинекологот што бил тука до пред четири-пет години си заминал. Да се обидеме овој вакуум-период да го надминеме со обезбедување гинеколог уште еден ден во неделата и обезбедување уште два или три дена од Министерството за здравство

[Извор: Нова Македонија  Датум: 27.6.2012]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Наспроти ваквото ветување на министерот за здравство, сепак, во Шуто Оризари сè уште нема гинеколог.

Жените од Шуто Оризари на 3.11.2015 доставија писмо со барање до министерот за здравство Никола Тодоров со кој оствариле куса средба на која им било ветено дека веднаш ќе биде распишан конкурс за гинеколог во Шуто Оризари и Ново Село, а за мотивација гинеколозите ќе добијат 15.000 денари.

По двегодишна битка за изнаоѓање на решение и отворање на ординација на матичен гинеколог кој во целост ќе може да одговори на барањата на заедницата, можеме да кажеме дека некои од овие мерки досега не покажаа соодветен резултат. Сепак, ветувањата на министерот Тодоров, особено финансиска стимулација на гинекологот ги сметаме за чекор напред во разрешувањето на проблемот. Во следниот период, внимателно ќе продолжиме да ја следиме состојбата и интензитетот на остварување на мерките на кои министерот Тодоров се обврза.

На 28.01.2016 година жените Ромки протестираа пред Министерството за здравство, искажувајќи го својот револт бидејќи немаат гинеколог во нивната општина.

По серијата наши барања и средби со институциите, како и низата ветувања добиени од страна на ресорното Министерство за здравство, ве информираме дека жените во Шуто Оризари, сепак не добија матичен гинеколог. Времените мерки, воведени во 2014, а ревидирани во ноември 2015 според кои беше предвидено гинеколог да доаѓа еднаш неделно, а од неодамна три пати, се покажаа како неефективни и незадоволителни, изјави Салија Бекир Халим од Инцијатива на жените од Шуто Оризари.

Од ова јасно се гледа дека ветувањето на министерот за здравство Никола Тодоров  е неисполнето.

ЛИНКОВИ:

 

Оценето од: Силвана Жежова

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *