Нема апликација „Пешачи низ Македонија“

vmro-dpmne-logo

Проект: Пешачи низ Македонија. Ќе се изработи апликација „Пешачи низ Македонија“ која ќе се користи за избор на локација за рекреација. На апликацијата ќе бидат прикажани националните паркови, природни убавини во општините во Македонија, како и најдобрите пешачките патеки и блиски локации за одмор и починка. Истата ќе овозможува граѓаните кои се рекреираат да ја разгледаат локацијата која сакаат да ја посетат и знаменитостите и содржините кои се наоѓаат во близина. Ќе може да се добијат информации за областа и најблиските места за храна и пијалак, места за одмор и освежување, фотографии од локацијата и коментари од други посетители. Граѓаните ќе можат сами да внесуваат податоци, да оставаат коментари и рејтинзи. Надлежни институции: Министерство за информатичко општество и администрација и Агенција за туризам  (Буџет: 600.000 денари Рок: 2015)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Ветувањето за изработка на апликација „Пешачи низ Македонија“ е содржано во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за парламенатрните избори 2014-2018 година (стр.108).

Доколку просурфате на интернет пребарувачите, за оваа апликација нема да најдете ништо. Со оглед на фактот  дека надлежни за креирањето на оваа апликација се Министерството за информатичко општество и Агенцијата за туризам, може да се претпостави дека доколку има изработено ваква апликација, таа треба да е објавена на веб – страниците на овие две институции.

На страницата на Министерството за информатичко општество (МИО) не може да се најде таква апликација. Исто е и со страницата на Агенцијата за туризам. Изработените апликации обично се постираат најчесто на страничните делови на веб – страниците и под нив пишува за кој оперативен систем се погодни. На страната на МИО има само една апликација за Андроид, „Пази радар“.

Имајќи го во предвид сето ова, како и рокот за реализација на овој проект – 2015 година, може да се каже дека ова изборно ветување не е исполнето.

Извори:

Оценето од: Ана Анастасовска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *