Нема бесплатни градинки во Карпош

Бесплатните градинки во Карпош не станаа реалност Фото: Принтскрин

 

Од 2014 година за жителите на општината ќе обезбедиме бесплатни градинки.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, во предизборието за локалните избори во 2013 година  вети  бесплатни градинки. Оваа мерка според проекциите во изборната програма на Јакимовски „Визија за Карпош“ (стр.12), требаше да стартува во 2014 година. Сепак, тоа досега (26.05.2016) не се случи, така што, ова изборно ветување го оценуваме како неисполнето.

На 12.03.2013 медиумите пишуваа дека кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски на жителите на Карпош им вети бесплатни ужинки и екскурзии за учениците од основните училишта и бесплатни градинки за децата од 2014 година.

Бесплатните ужинки и бесплатните екскурзии за учениците во основните училишта како и бесплатните градинки за децата во општина Карпош од 2014 година ќе бидат реалност затоа што средствата кои ќе ги издвоиме за таа намена, се апсолутно подносливи за Буџетот на Општина Карпош, вели Јакимовски.

Со наслов: Бесплатните градинки остануваат само идеја, весникот „Нова Македонија“ пишува дека најблиску до реализација на идејата за бесплатни детски градинки и ужинки е Oпштината Карпош, чиј градоначалник Стефчo Јакимовски уште во изборната кампања го вети тоа. Тој најави многу бенефиции и олеснето згрижување и образование за учениците од 2014 година.

Се работи на реализација за бесплатни градинки за децата во општината Карпош од 2014 година. Финансиите ќе ги обезбедиме од буџетот на општината – изјави вчера Јакимовски.

Но,  од Министерството за труд и социјална политика, за весникот, велат дека  нема отворено дискусија, ниту, пак, има поведено иницијатива за бесплатни градинки.  Оттаму велат дека цената на услугата за згрижување дете во градинка изнесува 1.490 денари.

Цената не е покачена токму за да не се влијае дополнително на стандардот на родителите чии деца посетуваат градинкаобјаснуваат од Министерството.

Елекронското пребарување, пак, не дава резултат. На интернет не може да се најдат никакви информации за активности поврзани со реализацијата на овој проект.

Исто така и во разговор жители од Општина Карпош, чии деца посетуваат градинки, ни потврдија дека ова ветување не е реализирано и тие редовно си плаќаат сметки во износ од околу 1.500 денари по месец.

ЛИНКОВИ:

 

Оценето од: Владе Ѓорчев

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција