Нема нов граничен премин Санакос-Драгаш со Косово

Проект: Отворање на граничен премин со Република Косово, Санакос-Драгаш (2013-2017)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Отворање на нов граничен премин Санакос-Драгаш со Република Косово, е неисполнето ветување на градоначалникот на Општина Врапчиште, Бајрам Кадрија, дадено во предизборната платформа за локалните избори 2013 „Заедно Градиме“ , во делот „Регионални и меѓу гранични проекти“ (стр. 289) .

Со деталната проверка на официјалната веб – страница на Општина Врапчиште за реализираните проекти во периодот 2013-2017 година, нема информации за отворање на граничен премин Санакос-Драгаш, ниту пак, за некаква иницијатива со централната власт  за граничен премин или некаков договор за идни чекори во оваа насока.

Имајќи предвид дека еден ваков проект би бил од големо значење за сите граѓани, би било очекувано тој  да предизвика и големо медиумско внимание.  Но, со детална проверка на онлајн медиумите и пребарувачите на вести не може да се најде  ниту една информација за нов граничнен премин во овој регион, инициатива или јавна дебата на оваа тема.

Дека нема граничен граничен премин, Санакос-Драгаш, ни потврдија и од Министерството за внарешни работи:

„Нема граничен премин Санакос-Драгаш, ниту имало средба со косовската страна за овој граничен премин“.

Со олгед на тоа што е кажано погоре, може да се заклучи дека ветувањето на градоначалникот на Врапчиште, Бајрам Кадрија, „Отворање на граничен премин со Косово, Санакос-Драгаш“ е неисполнето.

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција