Нема поставени сончеви колектори на училишта во Ѓорче Петров

vmro-dpmne-logo

 

 

Проект: Поставување сончеви колектори за заштеда на енергија во основните училишта: „Ѓорче Петров“, „Мирче Ацев“, „Димитар Поп Ѓорѓиев – Беровски“, „Страшо Пинџур“, „Тихомир Милошевски“ и „Јоаким Крчовски“ (во соработка со Владата и со Министерството за образование и наука) Рок: декември 2016 година

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Овој проект е ветен во Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров (2013 – 2017) на кандидатот за градоначалник Сокол Митревски во одделот „ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА“.

Од увидот направен на сајтот на Општина Ѓорче Петров и наведените училишта пронајдена е само информација дека ОУ „Мирче Ацев“ работи на таков проект во соработка со Еразмус програмата.

Проект преку Еразмус програмата помеѓу опшините Ѓорче Петров и Разлог, Бугарија. Во овој проект со наслов DO&LEARN вклучени се училиштата „Мирче Ацев” од Македонија и Св „Паисии Хилендарски” од Бугарија и ќе се реализира во наредните 24 месеци од октомври 2016 до октомври 2018 година . За потребите на проектот ќе бидат изработени два сончеви колектори преку кои учениците од VII и VIII одделени под менторство на наставници ќе реализираат активности преку кои ќе се произведува енергија како крајна цел и тоа ќе стане дел од наставните часови и програми на наставниците вклучени во проектот. Општините Ѓорче Петров и Разлог ќе изработат стратегија за меѓусебна соработка во повеке области (образование,спорт,култура и др.)

Нема информации во медиумите дека сончеви колектори се поставени на училиштата во Ѓорче Петров, според тоа од увидот на интернет страните на општина ЃорЧе Петров, и основните училишта  на кои е наведено дека ќе бидат поставени сончеви колектори може да се заклучи фдека ова ветување на Сокол Митревски не е реализирано.

 

ИЗВОРИ:

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *