Немаше „жестока реакција” на Дитмир Бушати за изјавата на претседателот Пендаровски

Дел од албанските медиуми објавија „силни“ наслови кога станува збор за дипломатските односи на Албанија со соседните земји. Најсвеж пример на ова, е објавениот напис од tna.al на 15.06.2019, во кој се вели дека по изјавата на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, дека Северна Македонија треба да се одвои од Албанија за добивање датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ,  „жестоко реплицирал“ екс министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати.

Претседателот Пендаровски за „ЕурАктив“ изјави:

Најголем проблем е како да се изведе ова раздвојување. Во Албанија е сега хаос. Опозицијата ги напушти институциите. Што да кажеме ? Ние имавме позитивна препорака од Комисијата и претходно, а и порано сме билe одвоени од Албанија. 

Но, тезата за одвојувања на Северна Македонија од Албанија за добивање на датум за почеток на преговорите, не е првпат спомната од Пендаровски. Европската јавност беше поделена во врска со ова одвојување. Заменик-претседателот на Европската комисија и висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, и други ЕУ дипломати и земји сметаа дека двете земјии треба да добијат датум заеднички, а од друга страна, бриселскиот „Еуобсервер“ пишува дека можеби патиштата на двете земји во врска со датумите се поделени.

Сепак, точно е Димитар Бушати реагираше преку Твитер:

Во оваа ситуација, поделбата на двете земји едни од други би била стратешка грешка за европските интеграции. Албанија и Северна Македонија ги направија домашните задачи според барањата на Европската комисија.

Како што може да се прочита, изјавата е сосема „дипломатска“ и во неа не може да се лоцира „жестока реплика“ од Бушати кон македонскиот претседател Пендаровски. Во реакцијата, нема директни обвинувања кон претседателот Пендаровски, а ниту кон Северна Македонија и нејзините надворешни политики.

Изјавата на Бушати, наведена во внатрешноста на написот, не се совпаѓа ниту со насловот “Изјавата за одвојување на Албанија, реплицира жестоко екс министерот Бушати”.

За ова изјава пишуваа и други албански медиуми, како на пример newsbomb.al, но во нивното известување таа не беше толкувана како „жестока реакција”.

(Извор: https://meta.mk/)

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција