Невистинито е тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека Кирацовски изнел лични податоци на административците

Фото: Скриншот

Кирацовски како заменик министер во МИОА ја злоупотребил позицијата и од министерството изнел службени податоци за вработени во администрација и тие списоци ги депонирал во СДСМ. На овие списоци се наоѓале лични податоци како име, презиме, матичен број, институција каде е вработено лицето, како и оценките од пилот проектот за оценување на администрација кој се спроведе минатата година

Ова е наведено во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, кој   деновиве (07.02.2106) излезе со апел администрацијата да не се стравува дека годинава ќе биде оценувана и казнета.

[Извор: Курир, Датум: 7.02.2016]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ :

Вкавите наводи искажани во соопштението на ВМРИ-ДПМНЕ се невистинити. Кирацовски, инаку, во неделата (07.02.2016), објавувајќи дел од оценувањата на административците за минатата година, посочи дека со навремената реакција, успеал да спречи казни и откази за 1.700 службеници. Тој најави дека наскоро очекува да се знае точниот број на вработени во администрацијата и покрај тоа што институциите се обидувале да го закочат пребројувањето.

Прес-конференција до медиумите беше испратена и на мејл, заедно со документи, во кои имињата, презимињата, адресите, функциите и матичните броеви беа сокриени со замаглување. А тоа се гледа и од илустрациите во овој текст.

Во Законот за заштита на лични податоци во член 23 децидно се вели:

За да се обезбеди тајност и заштита на обработката на личните податоци на субјектот, контролорот и обработувачот мора да применат соодветни технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење, преправање, неовластено откривање или пристап, особено кога обработката вклучува пренос на податоци преку мрежа и заштита од какви било незаконски облици на обработка.

Личните податоци од членовите 8 и 9 на овој Закон, можат да се пренесуваат преку електронско комуникациска мрежа, само ако посебно се заштитени со соодветни методи, така што нема да бидат читливи при преносот. Мерките од ставот 1 на овој член треба да обезбедат степен на заштита на личните податоци соодветно на ризикот при обработката и природата на податоците кои се обработуваат. Контролорот и обработувачот се должни да донесат и применат документација со опис на техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.

Директорот на Дирекцијата ќе ја пропише содржината на документацијата од ставот 4 на овој член, како и примената на соодветни технички и организациски мерки кои треба да бидат преземени за да се обезбеди тајност и заштита на обработката на личните податоци.

Во документите кои Кирацовски ги достави до медиумите постои и документ од Агенцијата за администрација од каде што дополнителниот заменик-министер побарал извештај со ранг листа на годишни оценки за администрацијата.

Инаку, според, член 65 став 17 е предвидено:

Секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар е должен да подготви и најдоцна до 31 декември до Министерството да достави извештај со ранг-листа на годишни оцени за сите оценети административни службеници во институцијата за тековната година.

Во Законот за работни односи исто така е педвидено личните податоци да се собираат заради остварување на правата и обврските од работниот однос или во врска со работниот однос.

Член 44:

(1) Личните податоци на работниците можат да се собираат, обработуваат, употребуваат и доставуваат на трети лица само ако е тоа определено со овој или друг закон или ако е тоа потребно заради остварување на правата и обврските од работниот однос или во врска со работниот однос.

(2) Личните податоци на работниците може да ги собира, обработува, употребува и доставува на трети лица само работодавачот или работникот, кого работодавачот за тоа посебно го овластил.

(3) Личните податоци на работниците, за чие собирање не постои повеќе законска основа, мораат веднаш да се избришат и да престанат да се употребуваат.

(4) Одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член се однесуваат и за личните податоци на кандидатите за вработување.

Од сето ова може да се заклучи дека тврдењето на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, дека Кирацовски изнел службени податоци за вработени во администрација со списоци во кои се наоѓале лични податоци како име, презиме, матичен број, институција каде е вработено лицето, е невистинито.

ЛИНКОВИ :

Оценето од : Владо Ѓорчев

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција