Ни трага од ветените интернет клубови на ДУИ

Фото: pixabay.com

 

Ветување: Отворање на интернет клубови

[Изборна програма на ДУИ за парламентарните избори 2016, датум: декември 2016 ]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во изборната програма на ДУИ, „Платформа 2020“, во делот „Јавни услуги” е дадено ветувањето за отворање на интернет клубови. Ова ветување досега (25.09.2018)  не е исполнето.

Споменатото ветување на ДУИ дадено за последните парламентарни избори (2016) не специфицира конкретно за какви интернет клубови станува збор, во кои места би требало истите да се отворат,  како би функционирале и колку би чинела нивната одржливост.  Исто така, ваков проект воопшто не се споменува во Програмата за работа на Владата 2017-2020.

Да потсетиме дека во времето кога ДУИ беше составен дел од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сличен проект „Светот на дланка”,  беше имплементиран во периодот од 2007 до 2012 година во неколку градови и беа отворени околу 30 интернет клубови.

Но, со пребарување на интернет пребарувачите за вести не може да се добие никаква информација за обновување на овој проект, или за отпочнување на нов проект кој би требало да се имплементира од новата Влада од СДСМ и ДУИ.

Иинформации за отворање  на интернет клубови не може да се најдат ниту на веб – страницата на Министерството за информатичко општетсво и администрација (МИОА). Ниту пак, некој од функционерите на ДУИ спомнал проект за отоворање на интернет клубови, при елаборирање на успесите и плановите на нивната партија во Владата.

Такво нешто не може да се забележи ниту со теренска проверка во поголемите градови, имајќи предвид дека интернет клубовите би требало да се лоцирани на места кои би биле лесно воочливи.

Според горенаведеното може да се заклучи дека ветвањето на ДУИ за отворање на интернет клубови,  не е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Oцени: Дрилон Салиу

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.