Никола Груевски: 6% од БДП на земјата се издвојуваат за образованието

Дури 6 проценти од бруто домашниот производ на земјата се издвојуваат за образованието што е над просекот на ЕУ каде се одвојува 5,5 проценти. [Датум: 25.10.2012 | Извор: Сител Телевизија]

Образложение:

Според последните информации од Заводот за статистика на Република Македонија, објавени на 10 октомври 2012 година, бруто домашниот производ на земјата изнесува  461 730 милиони денари. Од друга страна, во буџетот за оваа година, во делот за образование се издвоени безмалку 22 000 милиони денари. Пресметано процентуално, за образование се издвојуваат 4,74 % од бруто домашниот производ на земјата. Ако се земе предвид претходната, 2011 година, во делот за образование во буџетот од таа година се одвоени 21 283 милиони денари, или процентуално 4,6 % од бруто домашниот производ на земјата. Овие бројки се разликуваат од таа на премиерот од 6 %, и се помалку од просекот на ЕУ од 5,5 %. Според тоа, изјавата на премиерот Груевски се оценува како невистинита.

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција