Никола Груевски: Според ММФ, македонската економија ќе има најголем раст во регионот

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) даде проценка дека во ова турбулентно време на огромна европска должничка криза и рецесија во ЕУ, Македонија ќе има раст од 2 проценти. Тоа навидум не е многу голем раст, но кога ќе се спореди со сите други држави во регионот, излегува дека Македонија според проценката на ММФ ќе има најголем раст. [Датум: 22.04.2012 | Извор: Сител Телевизија]

Образложение:

Во извештајот на ММФ од април 2012 година се предвидува дека растот на македонската економија ќе биде 2 проценти. Во споредба со другите земји во регионот, само Косово со 3,76 проценти има поголем предвиден економски раст од македонскиот. Сите останати земји (Србија, Албанија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Романија) имаат понизок предвиден економски раст од нашиот. Со оглед на тоа дека изјавата на премиерот Груевски е дека Македонија според проценката на ММФ ќе има најголем раст од земјите во регионот, оваа изјава може да се окарактеризира како полувистинита, со оглед на тоа дека Македонија се наоѓа на второто место, позади Косово.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција