Никола Поповски: Почнување на пристапен дијалог со ЕК

„Европската Комисија е подготвена да ги поддржи реформите на Македонија со серија активности, меѓу кои и отпочнувањето на високиот пристапен дијалог, најавен за почетокот на следната година, со цел да ги интензивира европските интеграции и дијалогот со Европската Комисија во пресрет на следниот самит на ЕУ. [Датум: 21.12.2011 | Извор: Канал 5]

Образложение:

Според достапните информации, уште во април оваа година, при посетата на Баросо и Филе во Охрид (9 април) се најавува отпочнување на ваков висок пристапен дијалог, но еве 8 месеци подоцна таков дијалог уште не е започнат. Со оваа посета на министерот на Брисел, повторно се најавува отпочнување на таков дијалог, што значи дека повторно се најавува истата работа, иако од првиот пат од кога беше најавено вакво нешто се поминати месеци, ништо не е остварено. [Ажурирано на 28.12.2011]

Македонија го започна пристапниот дијалог на високо ниво со Европската Унија [Ажурирано на: 02.04.2012]

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција