Николче Ацевски: Со парите од увоз на електрична енергија можеа да се изградат многу енергетски капацитети

Во последниве шест години за увоз на електрична енергија се дадени 1,2 милијарди долари, пари со кои можеа да се изградат многу енергетски капацитети. [Датум: 01.11.2012 | Извор:  Сител Телевизија]

Образложение:

Според податоците од Народната банка на Република Македонија, увозот на електрична енергија за периодот од 2006 до 2011 година изнесува 1 милајарда и 127 милиони долари. Од друга страна, изградбата на ХЕЦ Света Петка, која што беше пуштена во употреба пред неколку месеци, изнесуваше 75 милиони евра. Според ова, ако се направи математика, со парите кои се дадени за увоз на електрична енергија, можеле да се изградат преку 15 енергетски капацитети од типот на ХЕЦ Света Петка. Од ова може да се заклучи, дека изјавата на пратеникот е вистинита.

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција