Никовски: Премиерот е повикан во САД за да биде уценуван и суден!

Фото: принтскрин од МКД.мк

Aмбасадорот Ристо Никовски во својата колумна за порталот МКД (10.01.2016), насловена „Во Вашингтон, прек суд за Груевски“, меѓу другото, напиша:

По правило, секоја покана во Белата куќа, во Вашингтон, е особена чест. Сме читале што сѐ прават поедини премиери, претседатели… за да бидат таму примени. За жал, во нашиов случај чувствата се сосема спротивни: сите мораме да бидеме длабоко загрижени бидејќи премиерот е повикан, пред сѐ, за да биде уценуван и суден, за да дава непринципиелни отстапки. Прек суд е политички орган кој најостро казнува по кратка постапка, без да се базира на никакви закони. Токму такво нешто, или, поточно – пекол го чека Груевски во Вашингтон 

 Извор: МКД  Датум: (10.01.2016)

Образложение:

Но, наспроти ваквиот негов став, од Американската амбасада на 11.01.2016 година (попладнето пред средбата Груевски-Бајден која, пак, се случи доцна вечерта по македонско време), известија дека посетата на премиерот на Вашингтон била на негово барање.

 Владата на Република Македонија барала премиерот Груевски денеска (11.01.2016) да се сретне со потпретседателот на САД, Џо Бајден за да разговараат за спроведувањето на договорот од Пржино, за безбедносни како и за останати прашања од заеднички интерес.  [Пристапено на: 12.01.2016]

Од ова јасно се гледа дека изјавата на Никовски по повод ненадејната посета на  Груевски на САД,  во која тој вели дека „ премиерот е повикан пред сѐ за да биде уценуван и суден“ , е невистинита

Извори:

 

Оценето од: Оливера Војновска