Нов проект на „Вистиномер“: Ветувањата на градоначалниците до граѓаните на едно место

Апликацијата ги содржи новите предизборни ветувања кон граѓаните на победничките кандидати за градоначалници и нивните партии дадени пред локалните избори од 15 октомври 2017 година и тоа и преку нивните предизборни програми и преку јавните настапи. Таа ќе биде постојано ажурирана со нови ветувања, проверки на нивниот статус, текот и доследноста на спроведувањето, но и со оценки за нивната исполнетост, откако ќе бидат направени неопходните новинарски истражувања и анализи.

Сакате ли од едно место да имате пристап до над 550 ветувања на речиси сите градоначалници во Македонија, да можете да пребарате што ветил Вашиот градоначалник и со тек на времето да ја имате таа опција да можете да следите како се или не се исполнуваат неговите ветувања? Или, пак, преку пребарување по клучен збор да ги откриете сите ветувања дадени за конкретна област од јавен интерес? Или, пак, да можете брзо и едноставно да откриете кои се приоритетите на градоначалниците во различни делови од земјата? 

Сето ова и многу повеќе е овозможено преку мобилната и веб апликацијата „Партиски ветувања“, изработена од редакцијата на порталот за отчетност и транспарентност „Вистиномер“, кој работи во рамките на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ од Скопје, при што целиот проект се спроведува со поддршка на Националната фондација за демократија од САД (NED – National Endowment for Democracy).

Апликацијата ги содржи новите предизборни ветувања кон граѓаните на победничките кандидати за градоначалници и нивните партии дадени пред локалните избори од 15 октомври 2017 година и тоа и преку нивните предизборни програми и преку јавните настапи. Таа ќе биде постојано ажурирана со нови ветувања, проверки на нивниот статус, текот и доследноста на спроведувањето, но и со оценки за нивната исполнетост, откако ќе бидат направени неопходните новинарски истражувања и анализи. 

Граѓаните и корисниците на апликацијата можат во секое време да се обратат и директно до редакцијата на „Вистиномер“ преку нивниот веб сајт (https://vistinomer.mk), преку нивната Фејсбук страница (https://www.facebook.com/vistinomer/) или Твитер профил (https://twitter.com/vistinomer) ако сакаат да биде вклучено, проверено и оценето некое ветување кое е од нивен особен интерес или од интерес на локалната заедница.

Апликацијата за Андроид мобилните уреди може да се преземе овде: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.bitsia.dev.vistinomer20додека веб апликацијата може да се прегледа овде: http://vetuvanja.vistinomer.mk/.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција