Нов веб сајт на Општина Гостивар со податоци и информации од јавен карактер

Официјален веб-сајт на Општина Гостивар

Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар веќе исполни, речиси во целост, едно свое предизборно ветување – онлајн транспарентност

 

Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар веќе исполни, речиси во целост, едно свое предизборно ветување – онлајн транспарентност.

Ветување: Транспарентност, известување преку онлајн системите и со други алатки за нашите одлуки 

[Извор: AA – Арбен Таравари: За Гостивар со знаење и храброст – 2017]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, како како кандидат во локалните избори во 2017, во неговата политичка програма “За Гостивар, со знаење и храброст”(стр. 14)  даде ветување за „Онлајн транспарентност“ како еден од приоритетите во неговото владеење со градот.

Освен во неговата политичка програма, ова ветување градоначалникот Таравари го потврди и во предизборната дебата „Јeta në Maqedoni“, каде, исто така, се залагаше за транспарентност и за ажурирање во веб сајтот со сите неопходни информации потребни за новинарите и за објавување на сајтот на контакт лице со кое новинарите може да комуницираат за сите потребни информации во врска со општината.

Ова негово ветување го оценуваме како исполнето, имајќи ги во предвид долунаведените факти.

По проверка на веб сајтот на Општина Гостивар, може да се забележи дека на левата страна се наоѓа делот „Документи“, во кој може да се најдат следните податоци:

  • Завршна сметка 2016-Општина Гостивар
  • Слободен пристап на информации со јавен карактер
  • Службен билтен                              
  • Статут на Општината

А во делот „Слободен пристап на информации со јавен карактер“ може да се најдат сите документи предвидени и од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап на информациите со јавен карактер, правните акти на општината и контакт информации на службено лице за асистенција со пристап до  информации со јавен карактер:

Базични информации

  • Формулар + Барање за слободен пристап на информации со јавен карактер
  • Брошура –Пристапот до информации со јавен карактер е слободен.
  • Образец – Жалба до Комисијата (KMDQLIKP)
  • Одлука за проценка на надомест на материјалните трошоци за дадената информација од информаторот
  • Листа на информации со јавен карактер

Правни акти

  • Статут на Општината
  • Службен билтен
  • Одлуката за организација, поле на дејствување и начин на вршење на должноста на комуналната администрација во Општина Гостивар
  • Организација на комуналната администрација –  Органограм 

 Службено лице за информации со јавен карактер

Според сите овие информации, ова ветување на Таравари дадено и во неговата политичка програма и во тв дебатата во изборната кампања за Гостивар ја сметаме како исполнета, со единствена забелешка дека, овие податоци не се преведени и на македонски и турски, како  службени јазици на веб сајтот на Општина Гостивар.

*Она што е куриозитет е дека ако пребарувате на Гугл Општина Гостивар, прво ќе ви излезе стариот сајт, каде уште стои Невзат Бејта, претходниот градоначалник. Но, веднаш под него има уште една тема Општина Гостивар: Почетна, каде што се отвора сајтот на Таравари. Ова значи дека новиот градоначалник на ист домеин направил нов сајт 

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција