ВМРО-ДПМНЕ: Нови градски автобуси во Скопје

Со оваа инвестиција од приближно 50 милиони евра, Владата на ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе го обнови возниот парк на ЈСП Скопје, со што ќе овозможи поквалитетен и поудобен превоз за граѓаните на градот Скопје. Автобусите ќе пристигаат и ќе бидат вклучени во градскиот сообраќај со следнава динамика:  до крајот на 2011 година најмалку 68 двокатни автобуси од кои 1 од отворен тип, во текот на 2012 година
дополнителни 68 автобуси од кои 1 од отворен тип и во 2013 година преостанатите 66 двокатни автобуси. Вредностa на договорот изнесува околу 35.3 милиони евра, средства кои ќе бидат обезбедени од буџетот на Република Македонија;  сите 80 нисконоподни автобуси ќе пристигнат во текот на 2011 година. Вредноста на договорот е околу 10 милиони евра. Досега се пристигнати 33 автобуси, а до крајот на јули 2010 година треба да пристигнат и останатите 47 автобуси; во текот на 2012 година се очекува да пристигнат 16 новопроизведени минибуси чија проценета вредност 1,1 милиони евра;во текот на 2012 година ќе пристигнат 15-те отворени двокатни автобуси за редовни линии низ Скопје, со што ќе се овозможи панорамско разгледување на Скопје. Проценетата вредност на овие автобуси е 3,2 милиони евра [Рок: 2012]

Образложение:

Во изминатиот период дел од ветувањето е исполнето, со тоа што во градот Скопје се пристигнати двокатни и ниско подни автобуси.

Линкови: