Новинарските здруженија, Владата и граѓанскиот сектор се обединија против говорот на омраза

фото: Борче Поповски

 

Претставниците на медиумските здруженија и новинарите, Владата, државните органи за заштита на човековите права, невладините организации, образовните и истражувачките субјекти од областа на медиумите и заштита на слободата на изразување и човековите права, денес ја потпишаа декларацијата за борба против говорот на омраза во медиумите и на Интернет. Со оваа декларација потписниците се обврзаа на координиран начин да работат на омекнување на оваа негативна појава, известува Порталб.мк.

 

Пишува: Суад Бајрами

 

Говорот на омраза по медиумите и на Интернетот одамна  е на вознемирувачко ниво и тоа не досега не е казнувано, но од денеска пак, борбата против говорот на омраза ќе биде на еден организиран начин, односно од мрежата која е формирана со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и од Советот за Етика на Медиумите на Македонија (СЕММ).

Амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која

Денес е врвот на заложбите против говорот на омраза во медиумите. Во текот на 2018 година Европската Комисија подвлече дека законската рамка за ова прашање во Македонија е во ред, но не се спроведува, особено во медиумите, и на  Интернетот каде не се почитува новинарската етика. Мисијата на ОБСЕ е да се поддржи Охридскиот Договор чија што цел е рамноправноста. Сигурен сум дека оваа мрежа ќе доведе до намалување на говорот на омраза, ќе ги анализира причините за настанување на говорот на омраза и за криминалот од омраза, рече амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која.

Директорот на СЕММ, Марина Тунева изјави дека идејата на формирање на една ваква мрежа им дошла како резултат на жалбите кои ги примиле во врска со непочитување на новинарската етика од страна на медиумите.

Директор на СЕММ, Марина Тунева

Говорот на омраза во медиумите предизвика штета во општеството, ова го потврдуваат и жалбите кои се поднесени во СЕММ, каде што во текот на минатата година 23,7% од нив се однесувале на говорот на омраза и дискриминација. Ова нè натера до основаме ваков вид на мрежа со цел заеднички да се бориме против говорот на омраза, изјави Тунева.

Претседателот на Комисијата за жалби, Мирче Аданчевски, изјави дека врз основа на жалбите кои им пристигнале во врска со говорот на омраза и дискриминација во медиумите, според него може да се заклучи дека голема улога во распространувањето на говорот на омраза има политиката.

Претседателот на Комисијата за жалби на СЕММ, Мирче Аданчевски

 Политиката влијае на зголемувањето или намалувањето на ширењето на говорот на омраза и ова го докажуваат и податоци од жалбите кои ни се доставени. На пример во текот на 2017 година од сите жалби 13% од нив се однесувале на говорот на омраза, а во 2018 година имало пораст за 10% односно 23%. Што повеќе политиката создава поларизирања и поделби, толку повеќе се .

Претседателот на Управниот одбор на СЕММ, Катерина Синадиновска, порача дека говорот на омраза не треба само да се препознае, туку и да са казнува, но првин треба да се обучиме со цел истото да се спречи.

Потписници на декларацијата против говорот на омраза во медиумите и интернетот се:

Министерството за внатрешни работи
Министерството за информатичко општество и администрација
Кабинетот на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчет и транспарентност
Народниот Правобранител
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
Академијата за судии и јавни обвинители
Здружението на новинари на Македонија
Независен Сојуз на новинари на Македонија
Фондацијата Метаморфозис
Институтот за комуникациски студии
Македонскиот медиумски институт
Центарот за развој на медиуми
Хелсиншки комитет
Коалицијата Маргини
Институтот за истражување на општествениот развој
Центарот за интеркултурен дијалог

Мрежата е отворена за заинтересираните страни кои ќе се придружат 

Директор на Метаморфозис, Бардил Јашари, фото: Борче Поповски

Потписниците на оваа мрежа се обврзаа дека  ќе работат на спречување на дистрибуцијата на говор на омраза, зајакнување на професионалната и етичката активност на новинарството и подигнување на свеста на населението во однос на негативните последици од говорот на омраза.

Роберт Поповски – Сашо Тасевски – Дамјан Манчевски, фото: Борче Поповски 

Мрежата ќе го промовира и поттикнува спроведувањето на образовните активности со цел да се зголеми знаењето и разбирањето на новинарите и медиумските работници за начините како да се спречи понатамошно ширење во јавната сфера и штетните последици во општеството.

Народниот правобранител, Иџет Мемети, фото: Борче Поповски

Членовите на мрежата ќе работат во рамки на надлежностите и можностите за развивање форми на поддршка и заштита на новинарите и претставниците на медиумите против кои е насочен говорот на омраза.

Мрежата ќе работи на координиран начин за иницирање програми, механизми за саморегулација и  други превентивни мерки, со кои ќе се попречува користењето на говор на омраза во јавната сфера, без да се загрози правото на слобода на изразување.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, фото: Борче Поповски

Инаку, од февруари 2014 година во Република Македонија стапија во сила новите законски одредби со кои се забранува и казнува говорот на омраза и ширење на материјали преку интернет, со кои се промовираа или поттикнува омраза, дискриминација или насилство против кој било поединец или група врз основа на дискриминација. Со измените и дополнувањата на Кривичниот законик кои Собранието ги донесе по итна постапка, во почетокот на 2014 година, а стапија во сила во средината на февруари (осум дена од денот по нивното објавување во Службен весник на Р.Маледонија, бр. 27 од 05.02.2014 год.), е предвидено сторителот се казнува со парична казна и затвор од 1 до 5 години.

Од влегувањето во сила на новите измени и дополнувања на Кривичниот законик за говор на омраза, односно од февруари 2014 година, Кривичниот суд Скопје осудил само две лица парично за говор на омраза. Бројот на казни е многу мал, споредено со бројот на пријави во дигиталната платформа „Пријави и спротивстави се на говорот на омраза” каде за истиот период се регистрирани 341 случаи, а полицијата има поднесено кривични пријави за 24 случаи.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.