Објавени се финансиските извештаи за службените трошоци на градоначалникот Арбен Таравари

 

Ветување: Објавување на финансиски извештај за службените трошоци на градоначалникот

[Извор: AA – Арбен Таравари: За Гостивар со знаење и храброст – 2017, датум : 05.10.2017 година]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

За време на предизборната кампања за локалните избори (октомври 2017), во дебата организирана од „Порталб“ (05.10.2017), Арбен Таравари, во тоа време кандидат за градоначалник на Општина Гостивар,  вети транспарентност за сите трошоци на Општината, вклучувајќи ги и неговите службени трошоци. Ова изборно ветување на Таравари е исполнето. Ветувањето за транспарентност, инаку, го има и во неговата изборна програма: Таравари „Со знаење и храброст, за Гостивар” , (стр.16).

На 05.10.2017 година во дебатата организирана од „Порталб.мк“ и БИРН Косово,  Арбен Таравари прашан дали на веб – сајтот на Општината ќе ги објави буџетските трошоците, но и сопствените трошоци како градоначалник ,  одговори :

Секако, со максимална транспарентност.

На 10.11.2017 г., по доаѓањето на функцијата, градоначалникот Таравари на брифинг со новинарите, исто така,  најави поголема соработка и транспарентност во работата на локалната власт:

Наскоро ќе имаме консолидиран тим за односи со јавноста и  благовремено ќе бидете информирани за сите настани што ве интересираат како новинари за да ја информирате јавноста. Пи-ар тимот ќе биде отворен за соработка и ќе имате брз пристап до сите информации со јавен карактер, истакна Таравари и додаде дека одржувањето на вакви неформални средби ќе биде редовна практика најмалку еднаш месечно.

Tаравари во својство на градоначалник на Гостивар, во второ интервју за „Порталб“, на 30 мај 2018 година изјави дека на веб- сајтот на Општина Гостивар веќе се  објавуваат финансиски извештаи за сите трошоци и проекти на Општината  и дека таквата практика ќе продолжи и во иднина.

По проверка на веб-страницата на Општина Гостивар на главната страница во делот „Информации”, во делот „Општо”, може да се видат финансиските извештаи, меѓу кои и финансиски извештај и службени трошоци на градоначалникот од 2017 и 2018 година. Со кликнување на  линкот се отвара табела во која може да се видат сите трошоци направени од градоначалникот Травари од ноември 2017 до јули 2018 година.

Имајќи ги предвид сите овие информации, ветувањето на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари за „Финансиска транспарентност и објавување и на службените трошоци на градоначалникот”, го оценуваме како исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Оставете реакција