ВМРО-ДПМНЕ: Регионалната делница од Ржаничино до Свети Николе

Со реконструкцијата во должина од 35,5 км ќе се овозможи поквалитетно патно поврзување помеѓу скопскиот и овчеполскиот регион. Регионалната делница ги поврзува населените места Ржаничино, Сушица, Горобинци и Свети Николе. Вредноста на проектот е 3,1 милиони евра. Средствата се обезбедени со заем од Светска банка како и дел од национално конфинансирање од Буџетот на Република Македонија. [Рок: јуни 2011]

Образложение:

Реконструкцијата на оваа делница е започната во април 2009 година. Не постојат конкретни информации за кога е завршена и пуштена во употреба, но до декември 2011 година, реконструкцијата на делницата е финализирана.

Реконструирањето на овој патен правец е наведено како завршено и во Отчетот на Министерство за транспорт и врски  на Р.Македонија од 2011 година.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција