#Одговорност е да има повеќе логопеди Албанци

 

 

Една говорна мана, по правило, предизвикува тешкотии во учењето, но се одразува и на резултатите на ученикот и на социјалниот живот на детето. Сите овие проблеми се решливи со посета на логопед, кој може да ги дијагностицира маните во говорот и по потреба може да препорача индивидуална или групна терапија за лекување на утврдениот проблем.

Во Македонија забележлив е голем недостиг од логопеди Албанци. Имено, официјално, во Скопје работат само двајца логопеди Албанци – еден во Заводот за рехабилитација на децата во рамките на Министерството за труд и социјална политика и еден во Заводот за рехабилитација на слух, говор и на глас во рамките на Министерството за здравство. Бројот на логопеди, пак, на републичко ниво е ужасно мал.

Иако прашан неколкупати, државниот секретар од Министерството за здравство Насуф Ипче не одговара на прашањето зошто е таква состојбата со логопедите Албанци во земјава. Пред извесно време, тој изјави дека таа може да е резултат на недостигот од дипломирани кадри Албанци, но потоа кажа дека кадри можеби има, но дека тие не се пријавиле на објавените конкурси.

Логопеди кои се Албанци, пак, го велат спротивното. Тие велат дека можеби имало објавени конкурси, но не во Заводот за рехабилитација или во слични институции.

Прашањето за вработување на логопеди Албанци се постави по поплаките на родителите на деца со проблеми во говорот, кои веќе подолго време бараат логопеди Албанци за третман на нивните деца.

Статистиката вели дека повеќе од 10 отсто од популацијата има проблеми со говорот. Најчестите проблеми се неизговарањето на одредени гласови, зборувањето преку нос, пелтечењето, говорот со прекини и забрзаниот говор.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција