Општина Аеродром доделува по 3.500 денари за секое прваче

Фото: Општина Аеодром

Ветување: За ефектуирање на проектот ќе реализираме мноштво мерки што се во функција на подобрување на воспитно-образовниот и инклузивен процес: доделување по 3.500 денари за секое прваче…

[Извор: Програма на градоначалник на Општина Аеродром, Златко Марин за локални избори 2017 година (стр. 20), датум: октомври 2017 ]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Oпштина Аеродром, од редовите на владеjачката СДСМ, Златко Марин го исполни ветувањето дадено за време на локланите избори во 2017 година, дека на родитeлите кои ќе запишат дете во прво одделение ќе им додели еднократна помош во износ од 3.500 денари .

Во својата програма за локалните избори во 2017 година, сегашниот градоначалник на Општина Аеродром, Златко Марин во делот: „Квалитетно образование“, вети повеќе проекти за време на четиригодишниот мандат, а покрај другото вети и доделување на едноктратна помош на родителите на првачињата од 3.500 денари. Истото ветување, Марин го даде и за време на кампањата за локалните избори:

Аеродром е општина во која има многу млади луѓе. Секоја година се запишуваат по околу 800 првачиња во основните училишта. Сепак, родителите досега немаа поддршка од општината, а локалната власт недоволно одвојуваше за проекти наменети за нив. Во нашата програма предвидуваме низа мерки и проекти со кои ќе ги намалиме трошоците на родителите и ќе го подобриме квалитетот на животот во општината за нив и нивните деца. Општината ќе издвојува 3.500 денари за секое прваче… (Златко Марин, 10.09.2017 )

Советот на Општина Аеродром на десетата седницата одржана во мај ( 17.05.2018 година) донесе Одлука за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2018/2019 година на подрачјето на Општина Аеродром. Одлуката е објавена и во Слжбениот гласник на Општината.

На секое семејство кои го запишале своето дете – прваче во основно училиште на територија на Општина Аеродром во учебната 2018/2019 година на кое и двајцата родители му се жители на Општина Аеродром, ќе му биде доделена еднократна парична помош во износ од 3.000,00 денари, согласно критериуми утврдени во Програмата за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2018 година (Слжбен гласник бр. 6).

На едеинаесетата седница на Советот одржана на 11.6.2018 година донесе о Одлука за исправка на износот на паричната помош која треба да изнесува 3.500 денари.

Општината на својата веб – страница десет дена подоцна објави повик граѓаните кои запишале дете во прво одделение за учебната 2018 /2019 година да аплицираат за еднократната помош од 3.500 денари. Рокот за поднесување на барањата за оваа парична помош за граѓаните е до 31 август, а помошта граѓаните ќе ја добијат пред почетокот на учебната година.
Информација за тоа е објавена и во медиумите.

На овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година и подобри услови во образовниот процес за секое дете. За овој проект имаме издвоено 2.800.000 денари од буџет за овој проект, односно по 3500 денари за околу 800 првачиња. Го земавме просекот од минатите години на бројот на запишани првачиња, но доколку оваа година бројката е поголема ќе обезбедиме дополнителни средства односно парична помош ќе има за сите запишани деца ( Марин, СДК 21.06.2018).

Медимите деновиве објавија дека на повикот на Општината Аеродром за пријавување на родителите кои имаат првооделенци се јавиле 360 граѓани.Општината информира дека „уплатата на средствата е планирано да почне при крајот на месецот, односно по 20 август, така што родителите ќе ги имаат на располагање средствата на самиот старт на учебната година”.

Дополнително е соопштено и дека аплицирањето трае до 31 август 2018. Во Општина Аеродром годинава има 816 првоодделенци.

Имајќи го предвид претходно презентираното може да се заклучи дека ветувањето на градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, дадено за локалните избори во 2017  година, дека за секое прваче Општината ќе обезбеди еднократна помош од 3.500 денари е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Рада Исовска – Маневска

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.