Општина Карпош со субвенции за купување велосипеди

sdsm-logo

 

Општина Карпош ќе биде третата локална самоуправа во земјава што од наредната година (2018) ќе го субвенционира купувањето велосипеди од граѓаните. Од 2018 година во општинскиот буџет ќе бидат предвидени средства за поврат на дел од вложените средства на граѓаните за купување нов велосипед. Целта е да се омасови користењето на ова превозно средство од страна на граѓаните.

  [ИЗВОР: Билд,  Стефан Богоев, градоначалник на Карпош,  датум: 14.12.2017  ]

 

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев дека Општината ќе субвенционира при купувањето велосипеди, дадено  на 14 декември минатата година (2017) на средба со претставници од неформалната група „На Точак“, е исполнето. Субвенционирањето  велосипеди, инаку, Богоев го спомнува и во  неговата предизборна програма за локалните избори 2017 година, насловена како „Живот во Карпош! За сите“ (стр.27).

На 23 април 2018 година  Советот на Општина Карпош, консезуално  ја изласа предлог-одлуката за давање согласност за распишување на Јавен оглас и спроведување постапка за одобрување субвенции на жителите на Општина Карпош за купување на нови велосипеди, која почнува да важи од 26 април 2018 година.  Во веста  објавена на веб-страницата на Општината и во медиумите ,  се вели дека локалната самоуправа ќе субвенционира во износ од 30 отсто од сумата на велосипедот, но најмногу до 3.000 денари финансиска помош за купување на нови велосипеди, по принципот „ прв пријавен, прв услужен“.  За да се стекнат со ова право, жителите на Карпош треба да поднесат барање до архивата на Општината, фотокопии од лична карта  и трансакциска сметка, како и оригинал фискална сметка со сметкопотврда, (за купен велосипед не порано од 26 април 2018 година). Во истата информација има и најава од  градоначалникот  Богоев, дека  поради  големиот интерес за оваа субвенционирана помош, по исцрпување на предвидените финансиски средства од буџетот на Општината, со негов ребаланс ќе се обезбедат нови финансии за продолжување на оваа практика и во иднина.

Сакаме да ја зголемиме атрактивноста на велосипедот како превозно средство и затоа започнуваме со оваа мерка, која е дел и од мојата програма за работа,  Патем, тој најави дека за старт на оваа мерка веќе се издвоени 300.000 денари, но доколку се утврди исклучително голем интерес кај граѓаните,  за што веќе има индиции, износот на средства за овие субвенции драстично ќе се зголеми, веќе со првиот нареден ребаланс на Буџетот на Општина Карпош, рече Богоев во изјавтата што ја даваше на  Кејот на реката Вардар, местото каде што во септември минатата година ја започна изборната кампања.

На веб-страницата на Општината има посебно поле „Субвенции за нови велосипеди“ , преку која граѓаните можат да се информираат кои докумнети треба да ги достават  во Архивата на Општина Карпош за да  аплицираат за субвенции.

 

ИЗВОРИ:

Оцени: Оливера Војновска


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *