Општина Центар секоја година ги наградува најдобрите воспитувачки и негувателки

Општина Центар годишно доделува 22 награди на најдобрите негувателки и воспитувачки Фото: opstinacentar.gov.mk

Годишна Награда за најдобра воспитувачка во Општина Центар, во висина од три просечни месечни плати. Годишна Награда за најдобра негувателка во Општина Центар, во висина од три просечни месечни плати

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, во изборната програма со која излезе за локалните избори 2013-2017 година вети годишна награда за најдобра воспитувачка и за најдобра негувателка во Општината. Ова негово изборно ветување дадено во споменатата изборна програма насловена како: „Иднината сега! Време е! Андреј Жерновски за Центар“ (стр.16),  е исполнето.

На 25.05.2016 година медиумите  информираа дека Општина Центар по третпат ги награди најдобрите воспитувачки и негувателки од оваа Општина.

Дваесет и две воспитувачки и негователки од градинките во општина Центар, денеска беа наградени како најдобри, најпосветени и најодговорни во својата работа.

Овој проект општина Центар го спроведува трета година по ред, а градоначалникот Жерновски соопшти дека од идната година општина Центар ќе го вреднува  и наградува трудот и на целиот персонал во градинките

На  официјалната веб-страница на Општина Центар  може да се прочитаат информации за доделувањето на наградите на најадобрите воспитувачки и негувателки во 2014, 2015 и 2016 година

Овој проект се спомнува  и во Отчетот на Жерновски за сработеното во изминатите четири години,  „Центар 2013-2017“ (стр.41), каде   е наведено:

Најдобрите негувателки и воспитувачки во општинските градинки секоја година добиваат награда за својата посветеност, одговорност, оригиналност и грижѓа за децата. Годишно доделуваме 22 награди.

 

19206217_10210218135395444_516278091_n
Отчет Центар (2013-2017), стр.41

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.