Основното училиште во с. Черкез, се уште без спортска сала

Вистиномер на самото место провери и утврди дека проектот не е ни почнат да се реализира иако се ветува од 2007 година

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот за изградба на спортската сала во ова училиште беше ветуван неколку години по ред, но никогаш не успеа да се заврши, и покрај потребите на училиштето. Последен пат овој проект веше ветен во Изборната платформа на Демократската унија за интеграција за изборите во 2014 година, а како рок за завршување на градежните работи беше наведена 2018 година. Досега (13.12.2016), овој проект не е реализиран. 

И покрај неколкугодишните ветувања, О.У. „Јероним Де Рада“ во кумановското село Черкез, останува заборавено од власта. Директорот на училиштето, Хаки Јахиу, потврдил дека спортската сала е ветена уште од 2007 година, и ја истакнал потребата на училиштето за изградбата на спортската сала.

„Што се однесува до нашето училиште, изградбата на спортската сала беше опфатена во програмата на МОН, во проектот на Владата за изградба на 145 спортски сали, уште од 2007, но досега ништо не е превземено. Потребата за спортска сала е голема, имајќи во предвид дека учествуваме на разни натпревари, општински, регионални, меѓурегионални и републички. Кога времето е лошо активностите се реализираат во училница, но не е ефективно кога наставниот час по физичко образование се изведува во училница“. (Извор: TВ Шења, 18.11.2015)

„Вистиномер“ неодамна го посети ова училиште за одблиску да ја утврди состојбата. Околу 600 ученици на ова училиште, часовите по физичко образование продолжуваат да ги следат во една спорстка сала која што не е во соодветна состојба. И тие малку инвестиции што беа направени, биле направени од страна на донатори и родителите на учениците. (Извор: Вистиномер, 13.12.2016)

                fusha-e-futbollit-cerkez          fusha-e-basketbollit-cerkez

                          Фото 1,2 Теренот за фудбал и кошарка во О.У. „Јероним Де Рада“, село Черкез

Проектот за изградба на спортската сала во О.У. „Јероним Де Рада“, во с. Черкез, беше ветен уште од 20о7 година, но досега овој проект ниту е почнат да се реализира. Според методологијата на Вистиномер, можеме да оцениме дека ова ветување е нереализирано.

ИЗВОРИ: 

  • Изборна платформа на Демократската унија за интеграција, Избори 2014 година;
  • |18.11.2015| Куманово без спортски сали (TВ Шења, погледнато на 13.12.2016)

Оцени: Рабије Абази

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција