Отворен е Дневен центар за стари лица во Општина Илинден

Центарот отворен со задоцнување. Фото: Општина Илинден

 

Проект: Отворање Дневен центар за стари лица во Општина Илинден

Опис  на  проектот:   Старите  лица  заслужуваат  соодветна  заштита  и  грижа.  Дневните центри се вонинституционална форма на заштита, која овозможува секојдневно меѓусебно дружење на старите лица, како и поттикнување на меѓугенерациската солидарност. (Извор на финансирање:  Буџет на РМ, Рок: 2014 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Во својата изборна програма за локалните избори во 2013 година, на страница 64, Жика Стојановски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Илинден, вети дека во општината  ќе биде отворен Дневен центар за стари лица. Според утврденото, ова ветување е исполнето, иако реализацијата задоцнила повеќе од 7 месеци.

Во ветувањето на Стојановски е прецизно наведено дека рокот е 2014 година, односно најдоцна до нејзиниот крај. Но, информациите во медиумите за отворањето на овој Дневен центар, сместен во селото Марино, се од почетокот на август 2015 година, односно повеќе од 7 месеци од зададениот рок.

Од медиумите дознаваме дека Центарот е опремен за задоволување повеќе потреби на старите лица од општината.

Центарот располага со простор опремен со мебел, бела техника, компјутер, интернет и телефонска линија, како и друга опрема која е во функција на овозможување на разни друштвени и социјални игри, каде што старите лица ќе можат да се дружат, да одбележуваат празници и родендени, да организираат разни работилници.

Центарот наменет за пензионирани или, стари лица кои што живеат во свои станови и домаќинства, но во текот на денот им е потребно организирано да го минуваат времето со врсниците со кои имаат заеднички интереси во поглед на дневните содржини и активности, ќе биде отворен секој ден.

 

 

ИЗВОРИ

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на текстот е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција