Отворен е Дневниот центар за стари лица во Маџари

Старото кино во Маџари преадаптирано во дом за стари лица Фото: Принтскрин

 

Отворање дневен центар за стари лица во општина Гази Баба, со поддршка од Владата на Република Македонија, со што ќе овозможиме целосна заштита и грижа за старите лица  Рок: ноември 2014 година

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Ваков  Дневен центар за стари лица пред повеќе од две години е отворен во населбата Маџари (Општина Гази Баба). Овој проект е исполнето ветување на градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски,   најавено во неговата изборна програма   „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Општина Гази Баба“(стр.65),  со која тој излезе за локалните избори во 2013 година

На 30.06.2013 година, на официјалната веб страна на Владата на РМ беше објавена информација дека стартува изградбата на дневниот центар за стари лица во Гаи Баба.

Започна реконструкцијата на Кино Маџари, објект кој што е предвиден за изградба на Дневен центар за стари лица во општината Гази Баба. На отпочнувањето на реконструкцијата присуствуваа министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, градоначалникот на општината Тони Трајковски, како и претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери Драги Аргировски.

На Фејсбук страната на општина Гази Баба, на 17.02.2014 година беше најавено дека на 19. 02 2014, во објектот на поранешното кино Маџари, ќе биде пуштен во употреба Дневниот центар за пензионери.

Информацијата дека Центарот стартува со работа беше објавена во повеќе медиуми, на 19.02.2014 година меѓу кои и на овој портал.

Дневниот центар и центарот за давање помош во домашни услови, ќе функционира во простории коишто се прилагодени и приспособени за работа со лица во трето доба и истиот се формира во рамките и под надлежност на Општина Гази Баба

Имајќи го предвид сето ова, може да се каже дека ова ветување на градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски е исполнето девет месеци пред зададениот рок во изборната програма.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција