Отворена е новата претоварна станица за смет во Тетово

Отварање на станицата за собирање на отпадоците Фото: Официјален фејсбук профил на градоначалничката Теута Арифи

 

Ветување: Ќе се организира модерен модел на собирање отпадоците и чистење на градот напредувајќи го статусот на Јавната управа за хигиена со цел зголемување на ефикасноста во работата. Ќе се аплицираат методи на регионална соработка и мотивирање на нови инвестиции со концесија или по пат на јавно-приватно партнерство. Граѓаните ќе се задоволуваат со чист град, каде отпадоците ќе се собираат и ќе се пренесуваат во регионалната депонија Русино во Гостивар. Во сите градски подрачја, ќе се поставуваат големи и мали контејнери, каде ќе собираат и ќе се празнат одпадоците секој ден, а улиците и плоштадите ќе се чистат со модерни машинерии.  Рок: (2013-2017)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на ДУИ и на тогашниот кандидат, а потоа и градоначалник на Општина Тетово, Теута Арифи за решавање на проблемот со депонијата во Тетово, поставено во Предизборната програма „Заедно Градиме“ (стр. 99) за локалните избори во 2013 година, го оценуваме како делумно исполнето.

Проблемот со дивата депонија, како што и пошироката јавност веќе знае, бил актуелизиран повеќе пати во последните години. Еколошките организации и  жителите на населбата „Дарданиа“ каде се наоѓа дивата депонија, повеќе пати и преку медиумите и преку организирании протести бараа да се реши еднаш за секогаш проблемот со дивата депонија.

Според медиумите, решение на проблемот со депонијата и изградба на станицата за собирање на смет, последен пат надлежните го ветиле во февруари 2017 година, со рок на реализација до март 2017, истата година.

Во текот на месец јули( 12 јули 2017), медиумите информираа дека станицата за собирање на смет е пуштен во употреба:

Конечно се решава проблеми со дивата депонија на градот Тетово. Градоначалничката на Општина Тетово денеска ја отвори новата станица за товар-истовар на отпадоците. Тетовската депонија е наследен проблем, стар повеќе од 20 години.

Но, локалите власти никогаш не го третираа сериозно овој проблем, кој е многу загрижувачки за жителите на Тетово, од која се заканува ширење на некоја епидемиа. Во кампањата од 2013 година, градоначалничката на град Тетово, Теута Арифи тогаш кандидат за врвот на Општината, вети поместување на дивата депонија што е лоцирана во влезот на градот.

 

На отворањето на претоварната станица за собирање на смет, градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи за медиумите изјави :

 

Стигнавме да ја ставиме во функција станицата за собирање на отпадоците. Станица која се планираше долго време, е првата фаза на решавање на проблемот со сметот и неговиот транспорт. Идејата е сите отпадоци да се товарат во контејнери и по ова директно да бидат транспортирани во депонија. Следната фаза на овој проект е селективноста. На ова место да се собираат отадоците во целост и да се транспортираат, но во втората фаза се види, да се направи селекција на отпадот, и мислиме дека со ова ќе и направиме голема помош на јавната управа.

Исто така, за овој проект Општината Тетово информираше  и преку официјалниот Фејсбук профил на градоначалничката Теута Арифи:

Исполнивме уште еден круцијално ветување од изборната кампања во 2013 година.

Ветивме дислокација, односно поместувањето на: „Центарот за товар-истовар“ на отпадоците од градот, не само што стигнавме да го направиме ова, туку изградивме модерна станица која функционира заедно со големите контејнери во затворен систем, од каде ќе се истоварат и ќе се товарат отпадоците до регионална депонија.

Се заблагодаруваме на Јавното претпријатие „ТЕТОВО“ за сета континуирана посветеност во овој тежок процес низ кој поминавме со години. Ова е само првата фаза на решавање на проблемот, бидејќи во нашите цели и во нашата работна програма е и градењето на центарот за селекција на сметот.

Сакам да и се заблагодарам на жителите на населбата „Дарданиа“ за разбирањето и за трпението што го покажаа до решавањето на проблемот, наследен повеќе од 20 години.

Тетово ќе биде зелено како што им ветивме на граѓаните. Работата е пред зборовите.

 

Со завршување на мандатите на градоначалниците на 16 мај 2017, е пречекорен и рокот за реализација на ова ветување ( крај на мандатот 2017), но и последното дадено ветувањето во февруари 2017 година, со рок до март истата година. Исто така, за конечно решение на овој децениски проблем, според градоначалничката, треба да се изгради станицата за рециклирање на сметот и да се уреди регионалната депонија „Русино“, проекти за кои Општината Тетово во соработка со странски организации работи. Но, е потребно и целосно чистење и дезинфекција на веќе старата дива депонија во населбата „Дарданија“.

Поради ова, а според методологијата на „Вистиномер“, ова ветување на градоначалничката на Општината Тетово, го оценуваме како делумно исполнето.

 

Напомена: Ова што го читате е втора проверка на ветувањето. „Вистиномер“ веќе го оценуваше пред речиси два месеца во текстот „Ниту Арифи не супеа да се справи со депониите во Тетово“, при што тогаш оценката на ветувањето беше неисполнето.

 

ИЗВОРИ:

Оценува: Дрилон Салиу

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција