Панче Кралев: Стипендии за магистратури на англиски јазик во САД

vmro-dpmne-logo

Им честитам на новите економисти и магистри и со ова Министерството ја потврдува поддшката за Економскиот факултет во Прилеп. Веќе имаме и заедничка програма со САД, за магистратури на англиски јазик за кои Министерството обезбеди стипендии. [Датум: 24.04.2012 |  Сител Телевизија]

Образложение:

На 06.11.2011 година Министерот за образование и наука Панче Кралев и амбасадорот на САД во Р.М. Пол Волерс потпишаа меморандум за Фулбрајт програмата за академска размена, преку која ке се овозможи студирање на македонски студенти на американските универзитети, но и размена на истражувачи и предавачи од САД кои ке имаат можност да престојуваат во Македонија. Како што е напоменато во соопштението на страната на министерството за образование и наука Преку Фулбрајт програмата оваа година ќе заминат 11 студенти да студираат на универзитетите во САД. Бројот, како што информира Министерот, може да се зголеми во зависност од буџетските можности. За поддршка на програмата Владата на Република Македонија ќе одвои околу 100 илјади долари.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *