Пендаровски не бил советник за безбедност и надворешна политика од 1990 година

 

 

Професорката Гордана Силјановска – Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори,  вечерва во дебатата со претседателските кандидати на МРТ обраќајќи му се  Стево Пендаровски , кандидатот на владејачката коалиција, ја  искажа и следната  невистина:

.…мојот противкандидат којшто бил советник за безбедност и надворешна политика речиси во сите структури (на власта  н.з), од 1990 година, па до денеска

 

[Извор: ТВ дуел на претседателски кандидати, МРТ1 – датум: 12.04.2019]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

 

Ова тврдење на професорката Гордана Силјановска – Давкова е неточно. Фактите говорат дека нејзиниот протвикандидат Стево Пендаровски станува политички советник дури во 2001 година. Тоа може да се види од неговата биографија  на веб-страницата на Владата, како и од податоците објавени на Википедија.

Во периодот 1998-2001 бил началник на Управата за аналитика и истражување во Министерството за внатрешни работи и портпарол на министерството,

Од 2001 до 2004 година е Советник за национална безбедност на Претседателот на Република Македонија… (веб-страница на Владата)

 

По завршувањето на високотo образование, е назначен за раководител на одделот аналитика во Министерството за внатрешни работи (МВР). Покрај тоа, три години паралелно е портпарол (заменик-министер за односи со јавност) во МВР.

Од 2001 е назначен за шеф за национална безбедност и главен советник за надворешна политика во кабинетите на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. (Википедија)

 

ИЗВОРИ:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција