Претседателот има ограничени компетенции во економијата

 

Претседателскиот кандидат Блерим Река  за време на дебатата со претседателските кандидати на МРТ, меѓу другото, го искажа и  следниот став  којшто е вистинит:

Компетенциите на претседателот во економскиот дел се ограничени.

  [Извор: ТВ дуел на претседателски кандидати, МРТ1 – датум: 12.04.2019]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ова тврдење на кандидатот за претседател на државата, Блерим Река  е точно. Неговата вистинитост може да се провери доколку се погледнат Правата и должности на Претседателот утврдени со Уставот, каде се гледа дека шефот на државата нема механизми во економскиот дел. Па така, во Член 84   е наведено дека:

 Претседателот на Република Македонија:

  • го определува мандатот за состав на Владата на Република Македонија;

  • ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на Република Македонија во странство;
  • ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници;
  • предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија;
  • предлага двајца членови на Судскиот совет на Република Македонија;
  • именува тројца членови на Советот за безбедност на Република Македонија;
  • именува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и со закон;
  • доделува одликувања и признанија во согласност со закон;
  • дава помилување во согласност со закон и
  • врши други функции утврдени со Уставот.

 

ИЗВОРИ:

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Фондацијата Метаморфозис, National Endowment for Democracy или нивните партнери.