Прилепчани добија нова автобуска станица

Нова автобуска станица во Прилеп Фото: Општина Прилеп

На 20.08.2017 година, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека во наредниот период, сите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе дададт отчет за сработеното. Притоа, Мицкоски наброија дел од покрупните реализирани проекти на градоначалниците, меѓу кој и изградбата на новата автобуска станица во Прилеп

 

ВЕТУВАЊЕ: Проект – Изградба на современ транспортен центар со хотел, автобуска и железничка станица и јавен градски превоз. Се предвидува изградба на автобуска станица за локален, меѓуградски и меѓународен сообраќај, како дел од транспортниот центар. Исто така, ќе се изградат и придружни содржини на автобуската станица која треба да се најде на оваа парцела, што подразбира помошни инфраструктурни објекти, угостителски објекти, мали деловни единици, продавница за сувенири, бензинска пумпа и паркинг простор. Проектот ќе го реализира приватен инвеститор, а самата реализација ќе значи и отворање на 60 нови работни места. Обврска на општината е поврзување на постоечката комунална инфраструктура. Буџет за реализација на обврските на Општината: 2 милиони денари. Извор на средства: буџет на Општината. Рок за реализација: 2013 година.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето за изградба на автобуска станица е исполнето ветување на градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, за локалните избори 2013-2017 година. Проектот е дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за овој град (стр.20), насловена како „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Прилеп!“.

На 21.11.2012 година, порталот Фактор објави информација дека во Прилеп никнува нова автобуска станица која ќе ја менаџира „Пелагонија бус“.

Општина Прилеп денеска на електронска аукција ја продаде парцелата од 5.300 метри квадратни површина кај железничката станица, на која ќе се гради транспортен центар со нова автобуска станица. Како купувач се јави Сања Шестакова, која најави дека станицата ќе биде пуштенa идната година, а ќе се гради на површина од 500 до 700 метри квадратни, каде што ќе се сместат сите неопходни објекти и простор за автобуската станица.

На 19.06.2013 година Вечер информира дека почнала изградбата на новата автобуска станица во Прилеп, односно дека бил поставен камен темелникот.

Во Прилеп започна изградбата на нова автобуска станица. Камен-темелникот го поставија министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, сопствениците, градоначалникот Марјан Ристески и пред голем број на граѓани.

На 03.07.2014 година, дел од медиумите јавија дека Прилеп добил нова и модерна автобуска станица.

Прилепчани од денеска за меѓуградски автобуски превоз ќе ја користат новата автобуска станица. Овој објект кој во голема мера ќе придонесе за понатамошниот економски развој на градот ги исполнува сите потребни стандарди и претставува функционална единица на еден современ транспортен центар, информира Мкд.мк.

На 20.08.2017 година, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека во наредниот период, сите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе дададт отчет за сработеното. Притоа, Мицкоски наброија дел од покрупните реализирани проекти на градоначалниците, меѓу кој и изградбата на новата автобуска станица во Прилеп.

Или, поконкретно еве само дел од поголемите проекти во некои од поголемите општини:
… во општина Прилеп направена е нова автобуска станица, градски пазар, комплетно реконструирана е Железничката станица…, објави Курир.

Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека ветувањето за изградба на автобуска станица на градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески е исполнето ветување.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска
 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција