Прислушувани разговори – сет 16: Подготвувањето на Куманово

ВМРО-ДПМНЕ со изборен „мез`л`к“ за опозицијата во Куманово. Фото: Скриншот

 

 

Како ВМРО-ДПМНЕ, изобилно користејќи ги своите функционери и владејачката позиција, се обидувала со махинации да оствари изборна победа во Куманово, може да видиме од овој сет прислушувани разговори, што беа презентирани во Куманово.

 

 

Првиот разговор разоткрива дека во битката на ВМРО-ДПМНЕ е вклучен и Стевчо Јакимовски преку Српска напредна странка, кој ветил ангажман во Куманово, па се разговара како ќе соработуваат двете партии во коалиција. Потоа слушаме дека ќе соработуваат и со Горан од Старо Нагоричане, кој има „круг на такви бандити ко него, у Куманово што живеат“. Кирил Божиновски предлага специјална стратегија за Ромите во Куманово, ословувајќи ги погрдно..

Во вториот разговор слушаме како ВМРО-ДПМНЕ дошла до списоци на резервистите – околу 800 луѓе, и членови ќе им одат дома и ќе ги убедуваат. Потоа слушаме и дека се подготвува партиска „обработка“ на фирми, стечајци, незадоволни, стари членови… ама и бандити и криминалци.

 

КЕШ ЗА ИЗБОРНО РЕШЕНИЕ

Следува сет од два разговори. Едниот разговор е помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров, во кој таа потврдува дека се ветени големи суми пари во кеш, 75.000, за партијата на Драгиша Милетиќ, па ургира кај Тодоров и кај генералниот секретар на Владата и на партијата, Кирил Божиновски, парите да се достават итно. Во следниот разговор Божиновски потврдува дека тој дал не 75.000 туку 225.000 – за, како што вели, помалите етнички заедници. Јанкулоска потоа кажува како го користи Драги, оти таа како министер не може „со вакви бандитски работи“.

Следува разговор меѓу Јанкулоска и Владимир Пешевски, од кој се открива како ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребува МВР за да се блокира СДСМ – возилата на луѓе од СДСМ сообраќајната полиција да ги праќа на вонреден технички преглед, за да се „успори процесот на гласање“. Јанкулоска вели дека тоа е грубо интервенирање на изборниот процес. Дури вели дека нејзината партија многу „поорганизирано од комуњарите“ го прави превозот на гласачи. Потврда за тоа дека МВР се ангажира во изборни цели на партијата се гледа и од тоа што Јанкулоска го кажува на крајот на разговорот: начи цел врв на МВР е у Куманово овие три дена.

Последниот разговор е помеѓу Гордана Јанкулоска и Виктор Цветковски. Од него се дознава што се тој прави за ВМРО-ДПМНЕ, како организира превоз на гласачи…

 

Сите „бомби“ се тука.

 

Прес конференција на Мартин Костовски, претседател на ОО СДСМ Куманово, Куманово, 02.04.2015

 

 

По оваа прес-конференција, ВМРО-ДПМНЕ реагираше со соопштение за јавноста, кое може да го прочитате тука.

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски

КБ: Ало!
ГЈ: Ало. Што правиш бе Кире?
КБ: Еве бе, во канцеларија.
ГЈ: Добар?
КБ: Види се видов со…со…со другар ти Стевчо. Ми потврди….
ГЈ: Аха, од Српска напредна.
КБ:… Српска напредна, да. Ми потврди за во Куманово ангажман
ГЈ: Супер.
КБ: Така да, не е лошо ти…има две варијанти, треба да ги размислиш и ти, и ја, не сум уште сигурен. Значи или да се чуеш со овој, да му кажеш еве се видовме, договорено е, сега ми кажаа, дај сега да операционализираме на терен и да хи поврзеш нашиве, да им кажеш на Мирослав и на Зоки…
ГЈ: А бе, ја више ги поврзав да ти кажам, со тој нивниот од Куманово.
КБ: Или, или кога ќе идеш на некоја средба у Куманово, не е лошо да му речеш: дај у некое таму забутано место, да се видиме…
ГЈ: Важи бе, најмал проблем.
КБ: Милетиќ со нашиве двајца, и со неговиот оној потпретседател што му е, тркачот..
ГЈ: Да бе, тој Џорџе.
КБ: Еве договорено е на централно ниво ние што ќе правиме како коалиција…
ГЈ: Важи бе не е проблем. Јас веќе им кажав, нели…
КБ: Дајте ни листа на гласачи, дајте тркачи, заедно нашиве тимови да работат, да ги врземе знаеш, да немаат каде.
ГЈ: Да бе да, не е проблем. Јас веќе им кажав, односно само на Мирослав му кажав дека е договорено и д му се јави на овој Џорџе, тој ден, тогаш кога се видовме ја и ти со овој Милетиќ и му дадов и телефон и се. А претходно он се јавил па по друга линија, ти кажував, се јавил кај Хитлер, кај мене, пошто кумановци се они, знаеш си се знаат по разни линии. Така да они имаат веќе, да речам вака идеја, но ја кога ќе одам у Куманово следен пат, дали утре или задутре, секако овие ден-два ќе одам, или и да одам у нагоричане ќе поминам назад и ќе ги седнам заедно.
КБ: Тоа е тоа. Како денес што се јавивме,
ГЈ: Да бе да.
КБ: Еве се е договорено, дај сега да превземеме што имате листата-ова-она…
ГЈ: Оти па таму и ништо не даваме, знаеш таму е многу полесно.
КБ: Да де да, да.
ГЈ: Важи бе, договорено, О.К. Друго нешто? Еј, а бе ти препратив една порака од тој еден од Тетово…
КБ: Горде, Горде, извини.
ГЈ: Е?
КБ: И тие на Хитлер да се мобилизираат исто, што се од српската напредна
ГЈ: Тие се веќе, тие се веќе мобилизирани КБ: Со Ристе…
ГЈ: Да, они си работат на терен, ама тие се знаеш онаква структура што не мора да ги гледаат по град. Ја со Ристе си ги контролираме на…
КБ: Да, да, да.
ГЈ:… дневна основа. Денес Ристе…
КБ: Да де, тие си знаат како.
ГЈ:…да де да. Денес Ристе се виде и со Горан, овој од независнава листа од Страо Нагоричане, пошто он ни треба за горе. И плус има он некој круг на такви бандити ко него, у Куманово што живеат. Така да он ме барал сабајле у 7.30, ја спијам у 7.30, не сум го слушнала и после на Ристе му се јавил, се договориле денеска у 12 саат се видоа у Куманово.
КБ: Еј супер, и не е лошо да почнеме да размишљаме за специјална стратегија за циганите. И некој тоа оперативно да го изработи, некој што го работи. Да.
ГЈ: Е тоа треба, да…Треба да најдеме човек кој може да го сработи знаеш. Оти таму
КБ: Размисли, пошто он е јако влезен, ама овие сега…
ГЈ: Да, да, да.
КБ: …може да им се протне тезата: види дечки, вие бевте подмирени, овој паѓа, да не останете голи…
ГЈ: Да де да.
КБ:…истото ќе го имате со нас, плус да влеземе со конкретно знаеш.
ГЈ: Ај ќе размислиме. Јас ќе зборам и со Жаре, он ми е малку по, Жаре од Собрание
КБ: А бе Жаре, сега не го знам јас вака, не сум работел партиски, ама ми изгледа као, знаеш таму треба некој ербап така да се фати, да…
ГЈ: Ама од Мирослав е поербап да ти кажам.
КБ: Не, не од Мирослав е…се у државава поербап.

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Ристе

Ристе: Да Куманово ни остана уште со Бобан, со Горан Стојков да ги…им најдовме списоци од резервистите што беа, преку Антонио ги обезбедив
ГЈ: Е па добро.
Ристе: е сега да ги посетиме сите, а не се мала бројка, некаде околу 800 души се. Одвај ги докопавме…
ГЈ: Он нека си ги тера тие. Утре ќе се видиме со другиве.
Ристе: Да, од сабајле со бранителите.
ГЈ: Од сабајле со нив.
Ристе: Резервистите да ги фатиме и тоа е министерке максимумот, веќе не знам што да направиме. Јас што викам, Господ да се симне у ова Куманово и да..
ГЈ: Е па јас не знам што не направивме. Ако ни текне, утре и задутре да го направиме и тоа.
Ристе: Ако нешто ни текне, еве јас ќе мислам кои групи, што ни остана.
ГЈ: Што знам, и мене не ми текнува више.
Ристе: Веќе се. И фирми, и стечајци, и незадоволни, и стари, старо членство,
ГЈ: И незадоволни и све живо…
Ристе: старо, и бандити, и криминалци, све…
ГЈ: Овие ваквиве средби најпродуктивни се, најзаморни се, ама..
Ристе: За нас да, ама за луѓево се многу позитивни, верувајте.
ГЈ: Да, де да.
Ристе: Ако некаде има негативни вака…
ГЈ: Ама нема врска, они …
Ристе:…луѓево што реагираат
ГЈ:…они сакаат да дојдат, да се извикаат и да им помине.
Ристе: Да. Немале на кого со години да се испразнат. Вака е убаво, сега малце за Вас е непријатно, но многу е подобро зошто ќе им дадете одговор.
ГЈ: Не бе не, океј е, немам гајле јас.
Ристе: Вие сте веќе навикнати, ама и они знаат веќе кој пат да го фатат. Никој не им одговарал, малце и неуки се луѓето, не ги знаат работите.
ГЈ: Да де да. Вака на некого ќе му помогнеш, ќе му кажеш
Ристе: Ќе се извика, после ќе сфати како, кој му е патот да си го фати
ГЈ: Добро, треба да видиме само после избори на овие луѓе што им викавме да се јават, преку Жаре ова-она, да…
Ристе: Јас тоа викам…
ГЈ: Пошто у принцип мали работи бараат, да им ги испозавршиме, да бидат задоволни.

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Тодоровски

НТ: Горде!
ГЈ: Еј Нино, што правиш, у гужва?
НТ: Еве тука сме собрани со специјалците.
ГЈ: Кире собран ти е таму?
НТ: Сите сме тука, цел специјален тим.
ГЈ: Слушај, ја му вртев на него и му пишав порака, за Србиве на Милетиќ.
НТ: Е.
ГЈ: Таму им ветивме 75.000, ама Кире некако не се разбрал со Снајпер, а времево си поминува…
НТ: Еве сега ќе му јавам.
ГЈ: Ако можеш да го потсетиш, оти Драги чека да ги однесе.
НТ: Сега ќе му пишам.
ГЈ: О.К. Фала ти.
НТ: Треба да им однесеме 75 у Куманово, на овие.
ГЈ: На пријатели…
НТ: Чекај малку.
ГЈ: Ајде.
КБ: А бе не се заврши тоа?
ГЈ: Е па не се заврши. Ти си му дал за другите штоа беа, за Шиптарите. Ааа…
КБ: Не бе не, како…ај чекај
ГЈ: Снајпер му вика на Драги дека не си му дал.
КБ: Ајде, ајде.
ГЈ: Ајде. Ај чао.

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски

ГЈ: Ало.
КБ: Горде, вчера им дадов, плус 75.
ГЈ: Е па не знам на кој. А на кој му даде? Оти јас Драги им го имам таму пратено, Драги…
КБ: Еве сега.
ГЈ: Ми се јави…
КБ: Ќе ти кажам за секунда. Вчера им дадов на овие, маливе етнички и тука вкалкулирав уште плус 75.
ГЈ: Е па дај…
КБ: Они бараа 150, ја им дадов 225.
ГЈ: Види, а бе не е, мислам јас и ти реков ако не 75, не е битно…него знаеш што е работата, јас не можам со вакви бандитски работи, ја лично да ги прашувам. И го пуштив Драги.
КБ: Да.
ГЈ: И сега они на него му вртат цело време, пошто глупо е министер за внатрешни да им речам: брат колку треба. Драги Стојановски од УМС што беше у Агенција…
КБ: А Драги, Драги…
ГЈ: Да.
КБ: Добро, сега, сега.
ГЈ: Он со Снајпер беше на линија.
КБ: Ама Снајпер не беше вклучен сега вториот пут, Спире беше вклучен.
ГЈ: Е па добро
КБ: Сега ќе искоординираме..
ГЈ: Нека се искоординираат
КБ: Ќе ти кажам кој ги има во Куманово
ГЈ: Добро бе, ништо само нека се искоординираат, пошто знаеш ние треба да ги притискаме утре, а неаме лице да им вртиме, сфаќаш.
КБ: Јасно. Ќе ти се јавам за секунда.
ГЈ: О.К. Важи, ајде, поздрав, чао, чао.

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Владимир Пешевски

ВП: Возилата, да се направи список на возилата што ги користеле СДСМ у првиот круг за гласање, што носеле гласачи. Ало, ме слушаш?
ГЈ: Да, да, те слушам.
ВП: Е сега, он вика, утре, вика, наши колеги – вика- да бидат инструирани, да го пуштат – вика – тој со тоа возило да си отиде да гласа еднаш, он, негова фамилија, ако иде со кола. После тоа – вика – да го сопре сообраќајна полиција и да го прати на вондреден технички преглед. И вика нека се направи, пошто тоа се едно 40-50 коли, ќе се направи таму ред, па тоа поспоро ќе иде, ама ќе им го успориме процесот на гласање.
ГЈ: Види тоа може да се направи, ама тоа е вака, грубо интервенирање во изборниот процес.
ВП: Не е. Ти му даваш…
ГЈ: Е како не е. Ние колку возила ангажираме?
ВП: Не, не, ама ти му даваш он да си гласа. Тој што е сопственик на возилото…
ГЈ: Не бе, те разбирам што е. Ама хаос ќе се направи, знаеш. Не е проблем. Мислам тоа не е некоја голема работа. Ние имаме други методи, многу поефикасни, ама океј, не е проблем и тоа да се направи. Малку да ги забавиме.
ВП: Па малце да ги успориме…
ГЈ: Да, да. Оти
ВП: Тоа дури можеби и да се чека, не сабајлето…
ГЈ: Треба и да се види колку интензитет имаа таа работа. Оти сега реално, ти еднаш си ги однел мајка ти и татко ти, еднаш ти си пошол, не е тоа нешто….
ВП: Не, не, не, за оние што се организираните.
ГЈ: Да де да. Ко ние, по тимови што ги организираме, знам де знам.
ВП: Е па и ние нели има даваме пари за коли, па не знам…овдека имало 40 коли беше у Куманово, кога зборевме да се 60 или 70.
ГЈ: Треба да видиме интензитетот. Некој да речеме ако два-три пати отиде, може да го исконтролираат. Не само од еднаш. Ме разбираш?
ВП: Добро сега не знам како да го изведам. Он вика не знам што да правам. Јас вика ќе идам кај началникот и ќе му го дадам списокот, и што да правам.
ГЈ: Да де да. Нека му го даде, јас ќе се чујам со началникот.
ВП: Дали истава работа, сега не знам други кај се носат гласачи вака со коли.
ГЈ: А бе види, во секоја општина се прави тоа, не е…мислам знаеш, ние го правиме многу, многу поорганизирано од комуњариве. Ние го правиме и со комбиња…
ВП: Знам и со возења и со се…
ГЈ: Да, да.
ВП: Он вика имало такви возила, ја вика ги знам возилата кои се, ми ги јавија нашите луѓе. И сега вика – ќе му го дадам на началникот, и од мене вика – толку. Ти треба ли уште нешто. Викам чекај, јас ќе зборам со министерката.
ГЈ: Не треба, Владо, мислам ние сме толку вака системски организирани. Ја вака некој кога, пошто му е близок, да не рече – еј не го фермаат овој, да не се чувствува фрустиран, иначе…
ВП: Да бе да.
ГЈ: …се е организирано, до танчина, знаеш како до влакно е организирано. Ама знаеш како е, да не добие човекот чувство: а бе еј овој мојов го тргаат на страна, го играм, знаеш.
ВП: Добро ја еве демек зборам, инаку дека јас сега ќе го сменам во моментов
ГЈ: Иначе еве сега за оваа другава работа, началникот што ми е најглавен, на цела Македонија, на организиран, можда и веќе и му се јавил на Зоран, ако му кренал телефон.
ВП: Не знам, на Зоран кандидатов?
ГЈ: Сега. Да. Сега јас му…пошто у Куманово ми е човекот, сите ти викам, на највисоко можно ниво ми се таму, значи цел врв на МВР е у Куманово овие три дена.

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Виктор Цветковски

ВЦ: Оваа целата работа ќе се истера како што треба, не ми сметаат они, дури малку влеговме и пофронтално, на начин како што се договоривме, во делот на нашите штабови и така натаму. Се е како што треба и…
ГЈ: Како, како ти изгледа на тебе пошто си на лице место, колку од вашиве може да ги очекуваме, оти реално има луѓе што знаеш…
ВЦ: Ааа,
ГЈ:… ти не можеш да ги исконтролираш, сме праеле муабет.
ВЦ: Вчера, значи вчера со Мирко се видовме. Онака случајно значи, и се договоривме да ни дадат можност, таму имаме од овие што се раселени еднодруго да ги развезуваме. И тоа ќе се организираме таму.
ГЈ: Е па добро, супер.
ВЦ: Значи ние имаме бројка што ја контролираме таму, што се покажа како точна и кога беше првиот круга за нас и мислам дека сега ќе ја повториме. Е сега во делот мислам дека ќе се држиме на оние бројки што ги дадовме и мислам дека ќе успееме и максимумот да го извадиме, знали околу 2. Е сега она што го зборевме од 1.500 до 2.000 ќе се стремиме ние максиумот да го извадиме.
ГЈ: Да де да. Мислам таков ви е коректен пристапот и ние по избирачките места малте не, требало веќе да знаеме кај се тие.
ВЦ: Ние ги извадивме, отприлика може да, дури и проценки правевме каде не би можеле многу, каде би можеле…
ГЈ: Да де да, вие си ги знаете луѓето.
ВЦ: Така да, јас и на Кире му споманв, исто и на тебе ако имате потреба или чувство дека треба да се видиме уште еднаш, пред петок-сабота, ние може да се видиме, нас не ни пречи.
ГЈ: Па можда не е лошо да сумираме вака, знаеш…
ВЦ: Исто од прилика може преглед да направиме, да се направи…
ГЈ: Да де да, последна математика што се вика.
ВЦ: Да де да, да видиме како, што има…
ГЈ: Е па ај јас да видам и со Кире, како е и он со обврски па ќе се пречуеме. Не е лошо вака блиц една средба да се видиме.
ВЦ: Нема, што викаме довербата се гради…
ГЈ: Да де.
ВЦ: …коректно да направиме…
ГЈ: Па гледаш ние многу отворено, таму кај што не сме до крај сигурни кажуваме: слушајте луѓе до овде можеме, мислам само со таков чесен пристап може да се договориме.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција