Прислушувани разговори – сет 17: Прилепски муабети

 

Прилепскиот градоначалник ги нарекува прилепчани „специјалка“, се обидува да „надува“ инцидент за да ја оцрни опозиција, отпушта вработени и вработува нови луѓе по налог „од горе“, преку инспекции се пресметува со угостителски објекти и фирми што не го поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ, а за избори прави се „Прилеп да гласа и оро да игра“, слушаме во овој сет снимки.  Министерот од Прилеп на градоначалникот од овој град му порачува „честитка за Кокарица“…

 

Овој сет прислушкувани разговори е посветен на Прилеп. Првиот разговор е помеѓу тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и прилепскиот градоначалник Марјан Ристески. Тој му се жали на Јанакиески дека им е паднат рејтингот во Прилеп, иако и дента правеле нова улица. За прилепчани вели дека се „специјалка“ и дека требало „нешто друго“ да се прави во градот, а не улици.

 

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ „РЕЖИРА“ ИНЦИДЕНТ

Следниот разговор е меѓу Ристески и министерката Јанкулоска, при што тој ѝ пријавува на министерката инцидент во Прилеп, велејќи дека членови на СДСМ натепале членови на ВМРО-ДПМНЕ кои со автомобил влетале во групата која протестирала, но вели дека намерата не им била да направат проблеми, туку оделе в болница… Потоа, според прилепскиот градоначалник, на друга локација активисти на СДСМ влегле во штаб на ВМРО-ДПМНЕ и се заканувале и навредувале, а Ристески е вџашен што полицијата стоела на страна и не реагирала, на што министерката му објаснува дека такви се овластувањата на полицијата. Во вториот разговор, Јанкулоска му кажува на прилепскиот градоначалник дека проверила и дека не била пријавена никаква тепачка, освен вербална расправија, за инцидентот со автомобилот. Ристески вели дека тој добил поинаква информација, дека е дете удрено…

Разговорот потоа е меѓу Јанкулоска и Ставрески, при што се споменува и „пријавувањето“ од Ристески. Ставрески првин се жали дека дисциплината е падната, велејќи дека Марјан Ристески доцнел 20 минути на состанок. Се уфрла Јанкулоска, која вели дека Ристески станал тежок фолирант, оти ѝ пријавил дека членови на ВМРО-ДПМНЕ биле претепани од членови на СДСМ, а таа потоа утврдила дека нема пријава за насилство и дека инцидентот бил само кавга, а вмровците биле пијани… Ставрески вели дека Ристески е тотално нестабилен тип…

 

УДАРИ И „ЧЕСТИТКИ“

Следува разговор помеѓу Јанакиески и Ристески, при што министерот бара од градоначалникот на Прилеп на четири вработени во општина Прилеп да им „честита“ и да распише конкурс за нови вработувања во општината на, како што вели „вмровци“.

Во следните два разговора првин слушаме како Јанакиески бара од Ристески список на фирми на луѓе на СДСМ, меѓу кои и фирма во сопственост на Хари Локвенец, тогашен кандидат за градоначалник на Прилеп.

Во следниот разговор слушаме кроење планови за „удар“, односно инспекции, казнувања и затворања на угостителски објекти. Се прави распоред кој објект и кога треба да биде „удрен“, а притоа се гледа гнев кон некои угостители оти „се добри со сите“, наместо да искажат целосна верност само на ВМРО-ДПМНЕ; оти некои „се радувале за…“.

Следува разговор во кој Јанакиески кажува какви „упади“ правел, инаку емитуван и на седмата прес-конференција… Во Прилеп „му е… мајката“, а истото го направил и во Кавадарци, Неготино, Струмица, Росоман. Разговорот потоа е на прилепскиот градоначалник со Дејан од Пелистерка, кој пак му нуди цел список „куртони“ што биле против градоначалникот, и бара одмазда за сите. Ристески вели дека тоа и ќе го направи. Потоа Дејан кажува дека останува да се сработи Центар, а Ристески вели дека тоа му е најбитно од сѐ.

 

МИНИСТРИТЕ КАКО „МЕНТОРИ“

Во разговорот потоа Зоран Ставрески му вели на прилпескиот градоначалник дека не смее да покажува слабост, а Ристески, пак, кажува дека во Прилеп „м… му го е…,“, уривал летни бавчи на угостителски објекти, за утредента најавува нов упад, „со хилти“. Ставрески дополнително го поттикнува во тоа. Потоа разговораат за поставување нивни раководители, инспектори, а „комуњарите“ да се избркаат. Ставрески бара да му се достави список на фирми што не се за ВМРО-ДПМНЕ. Ристески вели дека за нив е потребно „топ стапнување на врат“.

Во следниот разговор, помеѓу Јанакиески и Ристески, тие зборуваат за Доситеј од манастирот Свети Јован Бигорски. Јанакиески искажува огромна омраза кон монахот, кој „пречи“ затоа што бил пријател со Хари Локвенец…. Слушаме како Јанакиески се сити што успеал да ја казни фирмата во сопственост на Локвенец за цели 11 илјади евра, оти, како што вели, имал непријавени работници. Потоа спремаат и „чорба“ за „Дониа“, оти сопственичката ги убедувала вработените да одат на митинг на СДСМ, а за „Комфи Ангел“ Јанакиески вели дека имала непријавени вработени.

 

НЕ ГО УДОСТОИЛ СТАВРЕСКИ

Потоа во два разговора слушаме како Јанакиески на Марјан Ристески му ги објаснува работите што се преземаат за смена на тогашниот прв човек на ФФМ, исто така прилепчанец; но и како Јанкулоска и Ставрески го оценуваат Ристески. Јанкулоска вели дека МВР многу му помогнало на Ристески за организација на Пиво Фест, а Ставрески гневен што Ристески е лефтерен и не го удостоил на фестивалот, вели дека сака да го затвори Пиво Фест.. Напоменува дека на кој и да било штанд да отидел „на раце ќе го држеле“…

Во последните два разговора првин слушаме како Ристески на Јанакиески му вели дека „Прилеп ќе гласа и оро ќе „игра“, а потоа, во последниот разговор, на Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер, инаку емитуван и на третата прес-конференција, Протуѓер ја предупредува Јанкулоска дека од Прилеп тргнале пет автобуси, во организација на „комуњарите“, за „протест за Љубе“ во Скопје, и бара да се пратат автобусите на технички преглед, за да се спречи патувањето, а Јанкулоска вели да не се грижи, оти „тие“ ќе ги „средат“.

 

Сите „бомби“ се тука.

 

Прес конференција на Сашо Велески, претседател на ОО СДСМ – Прилеп, Прилеп, 04.04.2015

 

 

По оваа прес-конференција, ВМРО-ДПМНЕ реагираше со соопштение за јавноста, кое може да го прочитате тука.

 

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Маријан Ристески

МР: Ало? Што правиш, стана?
МЈ: Сега станав.
МР: Што ќе ти велев…Паднат е рејтингот многу бе човек во Прилеп.
МЈ: Падна Прилеп море.
МР: А?
МЈ: Ништо не знам Маријан, денеска правиме нова, брат. Не ми се верува дека е така.
МР: Не знам веќе што да направиме, пичка му матер. Тоа значи народов скоз специјалка е, не знам што да ти речам. Значи нешто друго треба да се прави во градов. Малку ги презаситивме, улици, едно-друго, човек…веќе ко навика им е, ко така да треба да биди. Се научија на работа многу, нешто друго треба, у пичку матер.

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Марјан Ристески

ГЈ: Да.
МР: Министерке, како сте, добри?
ГЈ: Добро сум Маријан, ти како си?
МР: Добро еве, јас само да Ви пријавам инцидент имало во Прилеп.
ГЈ: Добро.
МР: Овие од ЕС-ДЕ-ЕС штајкувале и луѓе наши некои, врвеле со кола во болница. Стариот со бајпаси на срцево, детево го возело, ги извадиле, ги изначукале здраво, му влегле во штабот…
ГЈ: Нашиве се натепани?
МР: Нашиве натепани, да. Тие штрајкуваа на разни локации, и во близина имаме штаб ние, му влегле внатре, полицијава си дремела. Овие му карале, му фрлале, ќе ве запалиме сосе штабот, мајмуни едни, исплашени децава. Запрепастени од полицијава, си стоела на страна и ништо не реагирала.
ГЈ: Добро, полицијата не смее да реагира во таков случај, ама ако го пријавиле инцидентот ќе видиме.
МР: Пријавен, пријавен е инцидентот, и тие апашите што мавале точно ги знаат. Му велам: зошто не ги приведовте? Вика – ќе сносам прекршочна пријава.
ГЈ: Дисциплинска одговорност.
МР: Дисциплинска одговорност…
ГЈ: Е па Маријан, тоа е. Полиција нема овластувања како што имаше порано. Сега…
МР: Ама…
ГЈ: Може да гледаат и да пишат пријава.
МР: Ова не го очекував.
ГЈ: Но, незавнисно тоа си е законот. Ние ќе си пуштиме пријави сега.
МР: Да, ама министерке едниот е познат криминалец, значи…
ГЈ: Штом ги знаат полесно ќе оди.
МР: Едниот Лоло го викаат, другиот, како го викаа..Али Баба го викаа некако…
ГЈ: А бе они во Прилеп се знаат сите.

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Марјан Ристески

МР: Да Горде.
ГЈ: Маријан,
МР: Да.
ГЈ: Сега проверувам со нашиве, значи нема пријавено никаква тепачка. Единствено што има пријавено, што тоа е ништо, вербална расправија за возило на улицата кај што протестирале.
МР: Ама мене ко што ми кажаа удрено било детево, а татко му од кола го извадиле.
ГЈ: Такво нешто нема пријавено. Значи има само вербална расправија за паркирано возило кај што протестирале комуњариве. Значи ако е удрено, треба да пријават такво нешто. Ако има лекарско да донесе лекарско, ако има повреда…оти вака…
МР: Ништо не правиме вака, а?
ГЈ: Вака не е ни за пријава, вербална расправија. Знаеш што е вербална расправија? Двајца комшии кога ќе се запцујат меѓу себе.
МР: Ај јас сега се враќам Прилеп, па да видам што е како е.

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески

ЗС: Пред три дена Маријан…не бе општо е дисциплината опуштена, не е само тоа. Има и тоа влијание, ама и целата работа е за никаде. Маријан Ристески го викам за програмата, 20 минути касни на состанок.
ГЈ: Да бе да.
ЗС: Кога сум го запукал. Пичка му матер викам, на што личи ова бе ти?
ГЈ: Тој Маријан да ти кажам е тежок фолирант станат. Некни ми се јавува и ми вика, претепале наши, не знам у болница се, вакви-такви. Се испостави после тоа, јас проверувам, нашите се карале со овие што протеситраа и не ги претепале. Никој не ги ни пипнал. Само се…вербално си довикувале…и биле пијани. Мислам пази..
ЗС: Не, не. Тој е тотално нестабилен тип. И нема да мрднам за него за избори.
ГЈ: Викам, ти добро ги виде луѓево? Не, вика вака од кажување. Викам – дај не ме мести вака, од кажување. И така…мислам ептен, многу се нервирам со целава ситуација.

 

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Марјан Ристески

МР: Замисли уште ми нема честитано тој идиотот, човече.
МЈ: Ти на Кокарица да и честиташ. Ми вети. И на тие трите што беа на Отпор.
МР: Од понеделник другар, че видиш.
МЈ: Секој ден ќе те потсетувам.
МР: Од понеделник че видиш.
МЈ: Или напрај си конкурс…
МР: Мхм.
МЈ: Примам млади луѓе,
МР: Мхм.
МЈ: Архитекти, правници, ваму-таму. За една година ќе ти бидат цакум-пакум. Конкурс…
МР: Па имам млади правници примено, 4 деца, топ.
МЈ: Објави конкурс, нека ти се јават луѓе и само со професионални агенции нека ти биде, последните 50, ти интервјуирај ги, види кои се вмровци и прими си ги.
МР: Мхм.
МЈ: Каревци, Ицко, тие…батали тоа. Млада и стручна администрација.
МР: Знам брат. Ќе истераме, што се секираш па ти.

 

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Марјан Ристески

МР: Што правиш Миле?
МЈ: Добро бе. Си одам накај дома.
МР: Ме бараше нешто?
МЈ: Дај ми ги овие две фирми на Кокаров и на овој…
МР: Ти ги пуштив вчера.
МЈ: Не ми стигнаа.
МР: Од Панде со дресовите, а од Кокаров треба да провериме.
МЈ: Е па таа од зет му фирмата е едната. А од Хари?
МР: Од кој Хари?
МЈ: Хари Локвенец.
МР: Еј, Димко ќе му речам, ќе ти ја пушти одма.
МЈ: А кој е за дресовите, како иде сега?
МР: А бе Панде.

 

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Марјан Ристески

МР: Еј Миле, ме побара?
МЈ: Да. Значи, не брзај со одлуките, на пример до масите. Направете програма се, значи да биде регуларно и Жаре и овие. Значи се направи си по програма, внеси ја на Совет и после удирај.
МР: А бе имаме програма ние, имаме реакција од зградата за нарушување на јавен ред и мир. Тоа не е планирано за бавча тука.
МЈ: Него удри го.
МР: М?
МЈ: Него можеш да го удриш. Тука знам стално забележуваат и со години.
МР: Да де да, ама тие ги имаат сменето, го имаат преправено и по рекација од граѓаните нема да му дозволиме да глај мовче и крај. Ќе му го турниме шанкот, пошто дива градба е.
МЈ: Е така. Донеси му денеска решение за шанкот…
МР: Решение за шанкот и да ја протераме работава.
МЈ: После Диме Дајмонт, ќе видиш дали тој да не има нешто за маси, за закуп, за ова-за тоа.
МР: Ама има, Бане реагира овие од кај мене не постапуваа, Блаже политиканство брка, викаат, ме разбираш.
МЈ: Нема, ќе ги стегнеш Маријан. Сега после она…
МР: Политиканство брка, се прават арни со сите, не може така. Онаа Ла страда терасана…
МЈ: Која?
МР: Ла Страда.
МЈ: Не отворај војни сега многу.
МР: А?
МЈ: Не отварај војни многу.
МР: Да остане?
МЈ: Пополека.
МР: Како да оди….
МЈ: Него удри го…
МР: Значи и за нас ќе биде, не може 16….
МЈ: Значи пополека, пополека. Еве сега Диме реши го, па после две недели овие реши ги…
МР: Ајде, ќе правиме…да знаеш не ги оставам, е така. Што сака нека се случува во идниина, не ги оставам. Големи лицемери, прв се радувал он дека…..се радуваа за…
МЈ: Знам, ми кажуваа. Кој се радувале?
МР: Тој прв, најјак од сите.
МЈ: Кој?
МР: Еклерот.
МЈ: Е па реши го тој денеска. Уште денеска да види малку сила.
МР: Да.

 

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и соговорник

Соговорник: Ало
МЈ: Од кај ти е сега оваа идејава?
Соговорник: Значи, идејава ми е, споредував сé живо и диво како што се движат работите, ме сфаќаш? Значи, од претходно што сум правел, седнав баш специјално за тебе да направам, за да не плачеш после дека не…
МЈ: Значи, вчера упад му направив во Прилеп, му е..в мајката. Сега истото го направив во Радовиш.
Соговорник: Видиш, ти више знаеш што треба да правиш, ама ја морам дополнително да те потсетам.
МЈ: Истото му го направив во Кавадарци, истото му го направив во Неготино.
Соговорник: Добро.
МЈ: И истото го направив и во Струмица. Росоман му го пуштив Спирковиќ, не знам друго шо да правам за Росоман и тоа е.
Соговорник: Не, не, не. Јас само ти кажав од ова. Ти ако си го направил ова, супер. Да ми биде мене мирна совеста. Тоа ти кажувам само.
МЈ: Ок. Ајде.
Соговорник: Тоа ти кажувам. Ајде.

 

Разговор помеѓу Марјан Ристески и Дејан Панделески

ДП: Ајде честито старо-нов градоначалниче.
МР: Ооо, Деки Пелистерка ми е гласот.
ДП: Имам еден список на куртони таму по центарот што беа против тебе, треба мамето да му го ебеме во овие 4 години.
МР: Е па брат, тоа списочето дај ми го и мамето мамино че му го ебеме.
ДП: Тие фаците што се фолираа сите до еден, гомнојадците, тие треба да им ги испозатвориме сите кафичи, мамето да им го ебам јас нивно.
МР: Ќе ми кажеш кои се и мамето…
ДП: Ме нервираа секој ден тука. Жаре ми кажува, сите ги знае до еден, се расправаше таму неколку пати идеше во Прилеп, пееше тој период. Му ебам племето негово…така. Ајде ќе се видиме.
МР: Се видовме ние со Жаре бербер, ти кажа?
ДП: Е, па нека ти каже тој, ги знае сите до еден. Тој пак сега ќе дојди Прилеп, петоксабота, ќе му речам да ти ѕвони.
МР: Ај нека ми ѕвони, ќе го видам малку. Ти што правиш арен си?
ДП: Добар бе, еве со Мики бевме малку на фармата.
МР: Што прави Микиов?
ДП: Е па сега мора Центар да го сработиме.
МР: Ако не го сработите Центар ќе ве стрелам негде, жими се.
ДП: Да, да.
МР: Морате, Центар најбитен ми е.
ДП: Така.

 

Разговор помеѓу Маријан Ристески и Зоран Ставрески

ЗС: Слушај ми го советот, значи колку и да ти е тешко мораш сега да застанеш и да не покажеш слабост.
МР: Ама не покажувам јас слабост.
ЗС: Значи…
МР: Јас мамето му го ебав денеска, летни бавчи му фрла..
ЗС: Мора да покажеме сила и дека знаеме да ја контролираме состојбата и дека одиме до крај.
МР: Ама летни бавчи, утре со хилти на еден му влегувам…
ЗС: Ете така.
МР: Ќе видиш. По телевизии ќе кажуваат.
ЗС: Така, така.
МР: Не ги оставам така да дишат. Мамето мамино ќе му го ебам.
ЗС: Сега на враст треба да се стапни, и кај што има и фирми ќе ми кажеш кој се.
МР: И Ве молам со Миле, дајте раководители да си кладиме во инспекторативе. Не ја бидува работава.
ЗС: Еве ти, размислувај за имиња, уште сега ти кажувам. Ајде кога ќе дојдеме…
МР: Не бидува вака со комуњари инспектори…
ЗС: Не бива, не бива…
МР: Не ја бидува…
ЗС: Не е битно и комуњари да се, и наши што не ја работат работата, треба да се менуваат. Во подрачните треба 90% нови луѓе.
МР: Мора, мора.
ЗС: Све ова ќе го изразговараме кога ќе дојдам таму. Ти подготви материјал.
МР: Јас прибирам информации, ќе ги сублимирам информациите и ќе Ви кажам што е направено во Прилеп.
ЗС: Фирмите те молам, ми требаат. Кој и како играл.
МР: И фирмиве, и фирмиве. Значи топ стапнување на врат најздраво што може да биде.
ЗС: Е така. Ти само дај ми мене…
МР: Ќе соберам информации, ќе Ви кажам за се.
ЗС: Договорено. Ајде не си сам, ќе ја завршиме работата. Терај.
МР: Поздрав, фала.
ЗС: Поздрав.

 

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Марјан Ристески

МЈ: Ало.
МР: Ало.
МЈ: Попара вчера брат.
МР: Попара, попара. Ама види со оваа финатава да не прават.
МЈ: Тој Доситеј у курац ќе фати. Се јавувал за Хари вчера, да не го казнуваат.
МР: Што зборуваш? Цццц.
МЈ: Почнаа да ме нервираат тие од Бигорски мене.
МР: А што, пријател му се прај, а?
МЈ: Мхм.
МР: Е како така бе? Што не му даде Хари 20.000 евра за манастирот, од парите што ги печали? Туку ние му даваме, не му е срам?
МЈ: Е ајде де.
МР: Еее бе, сето дволични луѓе, ебаго. Само Нешка Дониа да ја посетат.
МЈ: А што има таа со ЕС-ДЕ-ЕС?
МР: Таа му велела јавно на вработените да одат на митинг за ЕС-ДЕ-ЕС и да му дадат глас.
МЈ: Ај пушти ми ја на СМС точно фирмата.
МР: Дониа. Нешка. Дониа.
МЈ: Не, точно сега…Нешка, Дониа…може да не постои.
МР: А бе Дониа, Дониа, фабрика за слатки е.
МЈ: Ама оваа имала 30 невработени, непријавени.
МР: А? Како?
МЈ: Над 20 невработени имала оваа. Непријавени.
МР: Која?
МЈ: Оваа од текстилната.
МР: Конфи Ангел?
МЈ: Мхм. Хари, и тој имал непријавено. 11 илјадарки вчера, штрааак.
МР: Колку, 11.000 евра?
МЈ: Да.
МР: Малку му е тоа. Тоа треба секој месец посета. А овој од Имиџ?
МЈ: Сите се казнети, сите.
МР: Ајде, ајде, ајде.
МЈ: Значи сите се казнети од трите.
МР: Ајде, ајде, ајде.
МЈ: Ајде.

 

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Марјан Ристески

МЈ: Ало?
МР: Што направија со Хари?
МЈ: Ништо, го повлековме…го повлече Статутот и сега следен чекор собирање на потписи за оставка.
МР: Мхм.
МЈ: Тоа што беше целта се оствари.
МР: Значи нема да оди Статутот, а?
МЈ: Не.
МР: А, ако го поднесеше немаше да му помине?
МЈ: Па немаше. Немаше 2/3 присутни во салата.
МР: Пичка му материна.
МЈ: А бе најубаво е да се повлече сега. Че цапниме јако, …..
МР: А бе зошто да цапните, нека го викни шефот и нека му рече два збора и…
МЈ: А бе нема, кој е Хари шефот да го викни? Нека се повлече, што шефот да го викне?
МР: А бе не шефот, некој да му шепни и да си оди, толку, што.
МЈ: Ами, шепни му, ама ќе ја злоупотреби тој таа средба. Еве зборни ти по прилепска линија, или Сашо нека збори.
МР: Не бе Мантава…Сашо му рече. Му рече Сашо, му рече. Ја не сум толку близок бе Миле сега за да му верувам ја толку.
МЈ: Таман се курчи дека е близок…
МР: Мантата можи да му речи, а?
МЈ: Нека му речи, што.
МР: Мантата можи да му речи. И така. Ти?
МЈ: Нека му рече, и нека не прават глупости и готово.
МР: Мхм. Глупости па и тој 10 години е, ај доста му е, еее какви луѓе има.

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески

ЗС: Претходно го рибав, ја оплеска работата со инспекциите, и место сега да се извади на тоа, се правдаше, извини , сто пати извини, не знам што…
ГЈ: Да, па нели ми кажуваше…
ЗС: Сега уште како лефтерен, онака, таков е целиот како…и он и Владо се исти типови, ко…лефтерни, така…на заебанција се им оди…
ГЈ: Ама не може така на заебанции, знаеш…Сега бар, ај јас не толку, ама ти колку имаш направено за него, па и ја бе. Пиво фесотот, ја да не сум…порано луѓе убиваа на Пиво фест.
ЗС: Да бе да.
ГЈ: Сега нема сообраќаен прекршок на толку алхокол испиен. Знаеш тоа кој ангажман е на…
ЗС: А бе ај, ја тоа сакам да му го затворам, ќе го затворам тој Пиво фест.
ГЈ: Така?
ЗС: Не може да си игра играчки он со мене. Минатата година кога отиде Горан на контроли, 100 телефони најде да ме…да му помагам.
ГЈ: Мислам неубаво изгледа и ради другите луѓе што беа, сеа сметката, ова-она. Не, неубаво мислам. Ај…
ЗС: А бе должен е таму да седи. Што прави четири и пол саати, те молам?
ГЈ: Да бе, нели ти имаше пишано: ќе ти кажам, проблеми имав, ова-она.
ЗС: Кој проблеми, четири и пол саати не можеш да седнеш.
ГЈ: Не знам што проблем е тоа, да не треба он да пее…
ЗС: Бранко Црвенковски да дојде, па ќе седнеше со него.
ГЈ: Ама и ред е да седне бе. Ред е да дојде да го поздрави, да седне, било кој од таков ранг политичар, така? У странство да отидеш, па ако те знаат дека си министер, ќе дојде, ќе те поздрави тој што е организатор ќе седне со него, што ништо не му значиш, а не ти колку имаш за него направено, и за Прилеп и за све…
ЗС: Сељачиште.
ГЈ: Тоа е чудно, многу селски. Мене баш така уште на сам почеток, тоа со седнувањето неубаво ми дојде ама…
ЗС: И мене бе, и мене. Јас се изнервирав уште тогаш и затоа си се свртев, не му правев многу муабет.
ГЈ: Знаеш сега јас се потргнав, му правев место, седни меѓу нас двајца-не седнува.
ЗС: Да де да.
ГЈ: Идиот.
ЗС: Ко да секој може меѓу нас да седне или друг да седне на таа маса.
ГЈ: Да бе да, мислам знаеш сега…фактички јас се поместив, станав од моето место за да му направам на него. Мислам ептен неубаво.
ЗС: Јас се мислам да му држам некое време лутина, така да, го побарав еднаш повратно зафатен му беше телефонот и не го барав и не му одговорив на ниедна од пораките, уште една ми пушти сабајлево…
ГЈ: Не, не, не знам дали ми пуштил, не ми текнува…
ЗС: Се мислам да заоштрам. Не ми се свиѓа целава оваа работа, не сакам да му попуштам одма.
ГЈ: Види, јас со него немам ни некоја релација, немам ни многу комуникација, едино вака, на мајтап со Миле…така да заоштрено е кај мене.
ЗС: Ја имам…
ГЈ: Да, добро кај тебе е друго…
ЗС:…знаеш, у моја изборна единица, значаен град, тие работи, ги ставам сите работи на куп. Затоа не знам што да правам, иначе…
ГЈ: Не, ама треба да разбере…
ЗС: У исто време кога ме моли за 100 работи, он се однесува детски, место…не знам како да го кажам, не знам…
ГЈ: Треба да разбере дека не е во ред тоа што го направил, иначе голема работа бе за една сметка или било што, односот не е во ред.
ЗС: Да де да. Или ја ако не седне Маријан до мене, ќе се онесвестам.
ГЈ: У депресија ќе паднеш. Не е во ред. И така…
ЗС: Ја ако сакам да се забавувам ќе си отидам, Здравко овдека беше у Скопје нема да акам до Прилеп, ако ми е чисто за Здравко.
ГЈ: Ни Маријан, ни никој..
ЗС: Да.
ГЈ: Ова одењево…
ЗС: Кај да отидам, на кој сакаш штанд ја да отидам, ќе ме…
ГЈ: Ќе се искршат….
ЗС: На раце ќе ме држат.
ГЈ: Ќе се искршат. Па тие едвај чекаат да им дојдеш и да те видат дека си ти таму. Повеќе за другите, отколку…и на нив им е битно…
ЗС: А бе сите тие таму зависат од мене, на еден или друг начин. Сите нешто побарале или бараат.
ГЈ: Да бе да.
ЗС: А бе утре да решам јас еден од тие да затворам, ќе го затворам за 24 часа, сите се незаконски.
ГЈ: Многу без врска.

 

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Марјан Ристески

МЈ: Оооо братче.
МР: Аирлија работа Владе.
МЈ: Гласа ли Прилеп?
МР: Ќе гласа и оро ќе игра. Хахаха.
МЈ: Хахаха.
МР: Ќе гласа и оро ќе игра.

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протоѓер

ГЈ: Да, ало?
МП: Горде?
ГЈ: Кажи?
МП: Еј, а бе сега му пишав и на Сашо, демек некои пет автобуси тргнале од Прилеп.
ГЈ: Е ако де.
МП: Комуњариве ги организираат за протест.
ГЈ: Е ако де, не е проблем нека тераат.
МП: Технички преглед бе.
ГЈ: Де бе што се секираш, ќе си ги средиме ние.
МП: Добро, добро.
ГЈ: Океј, ајде.
МП: Чао.


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *