Прислушувани разговори – сет 22: Прикривање имот и откривање омраза

Партиски лудаци во Штип, сочен речник, хациенди и гурбет во Авганистан. Фото: Скриншот

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е „на слободна употреба“ на ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот штипски градоначалник се однесувал како јаничар, а и актуелниот не е многу на цена меѓу високи партиски функционери, исто како и Никола Тодоров, слушаме од овој комплет разговори. Во него се разоткриваат и манипулациите на партијата при избори не само во Штип, туку и во земјата, а пак ВМРО-ДПМНЕ има „рецепт“ за непокорни бизнисмени. Слушаме и за куќата на Милошоски, за кривиот ѕид на МНТ, како и за ставот за Пешевски и за членови на коалицискиот партнер ДУИ.

 

 

Овој сет разговори е посветен на упади во автономијата на универзитетот „Гоце Делчев“, негова злоупотреба за партиските и личните интереси на поединци во ВМРО-ДПМНЕ, на притисоци врз фирми и бизнисмени во Штип да одработуваат за власта, на многубројните злоупотреби, но и утки, на власта што го погодуваат Штип. Слушаме и што мислат министрите едни за други, но и за тоа дека полицајци „се тепаат“ да земат неплатен одмор и да поработат во Авганистан.

Првиот разговор е помеѓу Антонио Милошоски и Саша Митрев, ректор на штипскиот универзитет, при што слушаме за човек што се повикал на Милошоски и побарал ангажмаn на универзитетот. Соговорниците договараат како тоа да се реализира – првин заинтересираниот ќе волонтира, а потоа може да влезе предвид за вработување.

 

СТУДИРАЊЕТО НА БОНЕВА, СТАВОТ ЗА АЛЕКСОВ И ЗАХАРИЕВ

Вториот разговор е помеѓу две пратенички од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Надица Танчева – Тулиева, при што се договара запишување на Силвана Бонева на универзитетот „Гоце Делчев“. Самата Бонева вели дека е срамота, додека пак Танчева ја уверува дека „ќе се истера работата“. „Уписот“ ќе се оствари преку луѓе блиски до власта.

Потоа повторно слушаме разговор помеѓу Бонева и Танчева, која тогашниот градоначалник на Штип, Зоранчо Алексов, го нарекува лудак. Дека тој почнал да се однесува како јаничар слушаме и од разговорот на Ванчо Костадинов, актуелен заменик министер за земјоделие, а тогашен директор на Централниот регистар, и Влатко Мијалков. Според Мијалков, Алексов е „чуден човек“ па, како што вели, некои дури сметале дека и „со паметот не е малку“ во ред. Во следниот разговор, помеѓу Јанакиески и Александар Николоски ќе слушнеме и дека, според вториот, Илчо Захариев е „бандит невиден“, а има најјак рејтинг, на што Јанакиески вели оти е така бидејќи тој не е се кара, не е зајадлив, туку е „лизни-мазни“.

 

ЗА ИЗБОРИТЕ ПОСЕБЕН РЕЖИМ ЗА НЕОПРЕДЕЛЕНИТЕ, ПЕНЗИОНЕРИТЕ И БИЗНИСМЕНИТЕ

Во следниот разговор слушаме дека на денот на локалните избори во 2013 година, Никола Груевски, преку неговата секретарка, бара во Штип да се забрза акцијата, особено со неопределените граѓани, за „сите да се извадат“, согласно списоците на ВМРО-ДПМНЕ.

Потоа слушаме дека Ванчо Костадинов, како директор на Централен регистар, заедно со Миле Јанакиески, кројат план како пензионерите да се пратат во странство два дена пред локалните избори, и да се задржат на граница, само да не гласаат на изборите.

Следува разговор кој уште еднаш покажува како вработувањата се реализираат исклучиво по партиска линија и како прво се одредува список на имиња, па потоа врз основа на тој список од „кадрова“ се распишува оглас за вработување.

Потоа од два разговора на Костадинов и Јанакиески дознаваме како тие што не сакаат да потклекнат пред ВМРО-ДПМНЕ – односно, сопственикот на „Ваго Петрол“, Истатов – односно, и после еден куп јавувања не попуштаат, „ќе си го добијат“. Јанакиески вели дека „Ваго Петрол“ ќе види пиштоли, зборувајќи за изјавата на сопственикот „и пиштол да ми стаете, одбивам“. Во разговорот што следува, градоначалникот на Штип, Алексов, и Влатко Мијалков договараат кои бизнисмени од градот Штип треба да бидат притиснати а кои, како што велат, треба да бидат сотрени.

 

„КВАЛИТЕТИТЕ“ НА ТОДОРОВ И ЈАНАКИЕСКИ

Потоа од разговор на Јанкулоска и Ставрески дознаваме што тие мислат за министерот за здравство Никола Тодоров, но и за здравството воопшто. Дека Никола Тодоров направил најмногу стратешки грешки и дека најголемиот проблем во државата е во здравството. Дека Тодоров предизвикал исти проблеми и во Министерството за образование, но тогаш немало време да ескалира. Ставрески констатира дека тоа е голем проблем и за партијата – со тоа се согласува и Јанкулоска, а потоа Ставрески коментира дека никој во врвот на партијата не ги гледа работите објективно, туку проблемите се ставаат под тепих. Потоа слушаме како тој се гневи што „Спире и Кире“ ги „стројат“ сите министри, а нему му се паѓаат најмногу одговорности.

Меѓусебната омраза била секојдневие за министрите во владата на Груевски, дознаваме од разговорите. Слушаме какво мислење имаат Ставрески и Јанкулоска за Миле Јанакиески; како се промашуваат работи со турски ТАВ; како Јанакиески е „ѓубре мало“, „копиле, лоша копија е само направена од овој Никола“, во Кина бил „како дете мало“. Јанкулоска вели дека е незрел карактер, вели дека се обидел да ја наведе на криминал, барајќи да интервенира заради негови блиски.

Потоа таа со Јанакиески зборува за Силвана Бонева, која се јавувала кај министри оти ѕидот на МНТ бил крив…

 

МИЛОШОСКИ ТАЈНО ГРАДИ, ПЕШЕВСКИ СЕ „ИЗЛАЈАЛ“

По тој разговор, следуваат разговори меѓу Јанкулоска и Мартин Протуѓер – во првиот се подбиваат со Лилјана Поповска, а во вториот зборуваат дека Антонио Милошоски тајно гради куќа, во медитерански стил. Протугер зборува за малверзации од страна на Милошоски околу земјиштето на кое се гради куќата но и околу пријавувањето на станот на Милошоски како стекнат пред почеток на мандатот, а всушност бил купен подоцна. И двајцата се чудат зошто Милошоски сокрива дека прави куќа.

Потоа слушаме чудење зошто Синдикатот на МНР го поддржала штрајкот на лекарите, но и заклучок дека е тоа така оти нема добар „мачор“ во министерството за да ги среди. Потоа Јанкулоска и Ставрески го озборуваат Владимир Пешевски, односно „Хипо“, кој не знаел „што е Куманово, што е Струмица“. Во разговорот што следува, Ставрески е крајно гневен на Пешевски што се „излајал“ за работа што била договорена да се чува за ексклузивно да се соопшти, на настан со три стопански комори.. Министерот за финансии вели дека тоа било крајно подло токму Пешевски да потрча прв да каже како ќе се враќаат долговите кон компаниите. Но тој открива и дека обезбедил нов кредит од 250 милиони евра, кој ќе биде пласиран за фирмите и за граѓаните баш пред избори, за да „се увери јавноста“ во „позитивните мерки“ на ВМРО-ДПМНЕ. „Кај беше копилето за рецесијава да даде изјава.“, „онаков лош, злобен и невоспитан“, се гневи Ставрески.

 

ДУИ И АВГАНИСТАН

Во следниот разговор со епитети „ги честат“ истакнатите политичари од ДУИ, но и слушаме дека тие среќници што Груевски ќе ги одбере да ги посети ќе добијат се што ќе побараат, а тие што навистина имаат потреба од помош се забораваат и остануваат во немилост.

Следува разговор кој открива дека дури и припадниците на специјалните полициски сили сакаат да одат во Авганистан како платеници и се прават ургенции да добијат дозвола, како дури и претседателот Иванов ургирал членови на неговото обезбедување да одат во Авганистан. „Нема да личиме на сериозна држава, бегаат. Како ќе се оправдаме ние како политичка партија, ќе речат дури и тие што се на овакво…“, вели Ставрески. Од разговорот дознаваме и дека братот на сопругот на Јанкулоска, кој се вработил со ургенции од нејзина страна, исто така ќе оди во Авганистан на „тезга“, ама ќе земел неплатен одмор.

 

Сите „бомби“ се тука.

 

Прес конференција на Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ – Штип, Штип, 18.04.2015

 

 

По оваа прес-конференција, ВМРО-ДПМНЕ реагираше со соопштение за јавноста, кое може да го прочитате тука.

 

Разговор помеѓу Антонио Милошоски и Саша Митрев

СМ: Исто се повикува и на вас….
АМ: Да да да точно е точно е…
СМ:Епа добро јас го имам тука ставено кај мене во, ова… во фиоката… и …
АМ: Во човечки ресурси.
СМ: И согласностите … или ако сака он у меѓувреме да волонтора нешто да… и да го имам во…
АМ: Знаеш што јас… да, јас мислам дека нормално знаеш за согласностите се бориме дек не е лесно ке му помагам колку што можам ама, може, може, во меѓувреме тој и да си волонтира, сепак да го запознаете да го видите, тој да ве запознае, така.
СМ: Обично и така волонтираат некое време па да влезат во комбинација.
АМ: Да да да си ја види средината средината него и така.

 

Разговор помеѓу Силвана Бонева и Надица Танчева Тулиева

НТТ: Силвана
СБ: Еј…
НТТ: Уписите ќе бидат у август класичен упис ќе биде тоа
СБ: Значи класичен упис ќе биде у август, така ли.
НТТ: Класичен упис у август и незнам ќе тераме работа ич да не му се секираш се се наши све таму и ќе ја истераме работата.
СБ: Треба да земеш и как идеш сеа ке идеш другата нЕдела понеделник вторник негде ке има седница за одлуката за колку комисии колку делегации колку такво начелното
НТТ: Аха така.
СБ: И можеш да ми земеш е такви как ги викат шо има испити кај има.
НТТ: Ќе ти земам се се ќе ти земам ќе донесам.
СБ: Какви смерови шо има шо знам шо има и да видиме у тие таквите да ги погледнеме да видат шо ќе признаат от как го викаат она кога треба после со писмото изгледа со уписот как ке се одаде така ли.
НТТ: Силвана со деканот шо е Ананиев овој нашиот човек он е сега декан не е веќе оној Стефан Алексовски оној гадниот шо беше… овој нашиов човек е тука значи таму упис ќе направиме кај шо се тие нашите професори ќе ти кажам јас и смер и се само ти дополагај ги значи некои испити шо ти се признаваат се ќе ти кажам јас другата недела.
СБ: Епа добро они само как беше делот за Орце у ФОН незнам колку беа 9 ли 11 ли беа кажаа дека признават ама они ќе видат таму според програмата.
НТТ: Ќе завршиме де тука работа штета да не искористиме тука.
СБ: Не бе не срамота е веќе.
НТТ: Ќе биде бе ич да не му се секираш шо не е бидело.
СБ: Земеш ти живи здрави само.
НТТ: Ја некна затоа не ти … викам ај да не те замарам оти Микица ми кажа у август вика со класичен упис се шо треба ќе ти кажам вика сеа не ја замарај жената сега оти уште е рано и така де ке ја тераме работата и ке биде се како шо треба да биде.
СБ: Ааа со класичен упис шо сака нека е значи они претходно треба само да донесат решение шо признават од испити и дек ке ме запишуваат у која година.
НТТ: Е така они го гледаат уверението Ананиески Сотировски незнам кој и кажале таму некои испити се признаваат ама се ке ти кажам ја подетално.
СБ: Епа арно да видиме кои се се признават они решение треба мислам да донесат шо признаваат и у која година ме запишуваат после врз основа на тоа.
НТТ: Е така, ќе биде.
СБ: Ајде здрави живи ќе се видиме.

 

Разговор помеѓу Силвана Бонева и Надица Танчева Тулиева

НТТ: И шо ќе се пофалеш друго
СБ: Ништо Надо нема шо да ти се пофалам поминах еден пекол
НТТ: Пекол Пекол….
СБ: Фала му на бога…
НТТ: Шо сме живи
СБ: Шо сам цела е така …
НТТ: Аха…
СБ: Ногу беше мачно
НТТ: Ногу секаде изгледа настрадаме ние ногу ќе се видиме ние, ќе си праиме муабет
СБ: Многу многу многу страшно
НТТ: И ние војна водиме тука…
СБ: Охооо
НТТ: Најтрагично е со нашите оти војната беше.
СБ: Ева тава де подметнуване не кажувами агендата говоре ме оти дека ја бојкотирам демек Силвана се се се.
НТТ: Исто и лудаков градоначалников Алексов многу мака имаме со него
СБ: Имаате мака со него а?
СБ: Ја со мојов претседател на општинскиот комитет на Струмица тука, ем го турија за да не бојкотират и да не прават глупости тука и пак ја сам главниот непријател тука, не Заев.

 

Разговор помеѓу Ванчо Костадинов и Влатко Мијалков

ВМ: Шо праи бе тој Зоки Зоран Алексов у Штип бе, чуден човек бе…
ВК: Аха…. што да ти кажам што да ти кажам мислам мислам незнам човекот се смени
ВМ: Сите зборат дека нешто у последните две години се смени Дури и некои мислат да не е нешто со паметот да не е малку
ВК: Незнам што е и сопругата негова и жена му и тој дали приватни проблеми ама не е битно тоа, некако поинаку ја сватија моќта, како да ти кажам, значи сакаат се да стават под своја контрола, ме разбираш…

 

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Александар Николоски

MJ: А другиве по рејтинг гледаше?
АН: Гледав, претседателов на општинска имат најубав рејтинг, тој сакат за градоначалник абе му викам сеа ко бидиш ти сега за градоначалник ќе најдиме нов лесно е ама ако не бидиш најубав рејтинг имаш реално…Од сите други имат поубав рејтинг, минус Илчо Захариев, вака бандит невиден е најак рејтинг е вака да се кристиш
МЈ: Абе не се карат таму не е зајадлив, лизни мазни
АН: Што народ живее во држава упм

 

Разговор помеѓу Никола Мицевски и Ленче Самарџиевска

ЛС: Ало Никола…
НМ: Ало
ЛС: Здраво, Ленче е од кај Претседателот
НМ: Да, повели Ленче
МС: Те молам Никола да забрзате со акцијата особено со неопределените, сите што…
НМ: Да Ленче…
ЛС: Да ги вадите од дома…
НМ: Да Ленче привршуваме…молам? Да ќе ги вадиме од дома, да Ленче
ЛС: Значи, значи побрзо. Побрзо да се активираме да се извадат сите, секој по три што си предложи, да си ги носат и повратно да имате кој кого извадил
НМ: Да да да, во ред, во ред, списоци ќе…фала
ЛС: Ајде

 

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Ванчо Костадинов

 

Разговор помеѓу Ванчо Костадинов и Влатко Чинговски

ВК: Влатко абе знаеш зашто ти се јавив…
ВЧ: Кажи…
ВК: Сакав да те замолам за нешто. Абе има… има еден дечко постојано конкурира, сеа тој од Штип е, мислам како да ти кажам, наш чоек е на 5 илјади населба младите сите ги води ме разбираш?
ВЧ :Добро?
ВК: Способен дечко е, на електро факултет електроенергетичар. Има ли некои шанси? Он има поддршка и од кадрова, заведен е таму Стојче го предлага, ме разбираш и така натаму…
ВЧ: Сега имавме ние… ние имавме конкурс за волонтери, се пријавил ли тој нешто во волонтерите? Не беше пријавен…
ВК: Па не знам имало некој оглас за вработување кај тебе сеа… или за волонтери…
ВЧ: Има има ама тој је за шо беа привремено за трајна трансформација, 13 луѓе
ВК: Ааа за тоа е.
ВЧ: Така тоа е, затворени се имињата таму
ВК: Аха аха, па добро ја дека не знаев и затоа ти се јавив…
ВЧ: Види вообичаено е, ти знаеш, треба прво да се одберет луѓето па после се отвара конкурс
ВК: Да бе да, јасно јасно…Значи ја затоа прашав, тоа е заведен кај Стојче, значи е заведен кај
Стојче….да
ВЧ: Имаме ние сега 150 волонтери примавме…
ВК: Аха, аха…
ВЧ: Низ цела Македонија, арно ама и тоа е завршено, не знам дали се пријавил не се пријавил ама ако се пријавил требеше од кај Стојче да добиеме позитивно ама не знам како се вика, не знам дали е пријавен, штом пријавуваш не е пријавен…
ВК: Да, не знам за волонтер дали е пријавен, дека он е од Штип ако би дошол би требало знаеш многу трошок ќе му биде, тоа ти е за у Скопје волонтерството така?
ВЧ: Да, да за во Скопје е, генерално е за во Скопје
ВК: Аха, епа добро, ја…
ВЧ: Мада и за другиве подружници ама сите му се нему далеку, ние немаме ништо во Штип
ВК: Даа, он за во Скопје сакал да конкурира на некој од тие местата ама штом се затворени, ништо што да праиме, сеа тоа е…
ВЧ: За оваа тура ништо, нека прати нешто и да видиме коа ќе се отвори некоја можност зошто да не, добри инженери секојпат ни требаат
ВК: Да, добар е и посветен мислам вака со работа, ако викам ја дека е добар сигурно дека е добар…ме разбираш ВЧ: Да да апсолутно…
ВК: Значи ааа има и партиски луѓе шо сакаат само да забушават, колку само да клатат врата и да земаат плата, реално…
ВЧ: Да да
ВК:…ама овој дечко е….вака аа вредно чоече…
ВЧ: Види не е лошо тогаш да ми пуштиш ти по мејл негово си ви па да го иаме во предвид ко ќе имаме нешто да го контактираме пред да одиме со отварање на конкурс.
ВК: Види ако би можел такво нешто да напраиш добро би било ама прво и ти би требало да го видиш, ме разбираш?
ВЧ: Да
ВК: … другата работа е… секако е мислам со поткрепа ама добро е и ти да го видиш за да си видиш мислам вака…јас кога примам така обично и од партијата барам за едно место 5 лица, 6, 7 да ми дадат…
ВЧ: Да, да, да, сигурно…за после да знаеш што си одбрал.

 

Разговор помеѓу Ванчо Костадинов и Миле Јанакиески

ВК: Ало
МЈ: Како се вика….
ВК: Е извини министре може уште еднаш, нешто се испрекинува…
МЈ: Овај со бензискиве како се вика од Штип?
ВК: Ваго Петрол и има две бензиски едната е кај…
МЈ: Да го дираме него или ќе се премисли?
ВК: Нееее, не сака да се премисли, сите му се јавувавме и јас и Јованче Андоновски и Соња Липиткова братучеди со мажот и одеше на преговори…јас колку пати сум и помогнал, еден куп пати, општината зема од таму гориво, не сакаше да се премисли. И на Истатов му се јавив, му се јавил викал пиштол да ми стаат не се премислувам. Значи тоа е последното од ..доо..
МЈ: Ваго петрол се вика?
ВК: Ваго петрол, значи во Штип мотел и бензиска Ваго петрол….Во Штип и бензиската пумпа во Крупиште со мотелот. МЈ: Добро…

 

Разговор помеѓу Ванчо Костадинов и Миле Јанакиески

ВК: Е сеа, значи останува овој Ваго петрол шо има бензиски, одбива значи по секоја цена, значи никој…сите интервениравме таму и Јован Андоновски и Соња Липиткова и градоначалникот, значи сите…вика пиштол да ми стаете, одбивам… а од Гевгелија ги обезбедив сите уште овој се чека од да…
МЈ: Доброо, дајте ми Ваго што му… да видиме пиштоли..
ВК: Да бе значи знаеш две бензиски значи има, таму се знае кој може да претендира…значи пазарна ии…
МЈ: Јави и се на Бети нека одит денеска одма, јави и се на Бети… Ајде денеска уште…и на Горан Трајковски пушти му

 

Разговор помеѓу Зоранчо Алексов и Влатко Мијалков

ЗА: Абе ти знаеш шо праев ја последните две недели чоек…па ја до 3/4 со колата вртев ко будала, значи ги следев, правев… се збореше низ градов, градоначалникот се пуштил у поход да лови кои продаваат гласови…со месни комитети, ги гонев уште камшик да земев, ако не се организиравме како што треба за никаде ќе бев…
ВМ: Да, да…значи сега треба да му напрајме стратегија на овој Мите…
ЗА: Мите шефе треба малку да го притиснеме, се понаша ко да е цар у градов да ти кажам…вии две работи да ти кажам, значи слушај… ааа тука еден човек..со еден човек седам ептен мој човек е и јас сум… да знаеш дека не зборам пред други луѓе. Зничи Мите Нико Петрол треба да го сотреме ама Роби малку да го стегнеме на наша страна шефе многу се прави независен.
ВМ: Роби?
ЗА: Роби Роби Телекабел
ВМ: A тоа ѓубре е…
ЗА: Тоа е ѓубре Роби

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски

ГЈ: Али интересно беше како прво сите беа.. или најголем дел од тие беа онака, поддржувачки настроени кон лиѓнава и после коа се отворија картите испадна дека он најмногу стратешки грешки напраил.
ЗС: Да, така е и што е факт, не е ништо ни злонамерно.
ГЈ: И што е факт што е точно, ја не зборам на памет. Значи јас коа реков, абе не можеш ти да држиш тема за реформи, а најголемиот проблем у државава е кај тебе и ти да го игнорираш. Еее ама не, присуството ова она, и на крај испадна дека и не е толку добро присуството. И не треба секогаш присуство.
ЗС: Да, да, тоа што го збориме ние е од пред шест месеци и повеќе, една година.
ГЈ: А ја и ти го збориме многу одамна тоа, и меѓу нас ама и пред нив, значи ние сме си конзистентни.
ЗС: Не ама не треба ни да си доктор по некои работи за да знаеш што е штетно што преминува во штетност.
ГЈ: Да де, да.
ЗС: Ти земи што сакаш, најдоброто прај го у некоја област, ако го претераш е штетно.
ГЈ: И ако го претераш, и ако го праиш у несоодветно време.
ЗС: Нејќев да ја ширам темата, да ја враќам назад, да кажам дека практично истиот стил беше и во претходното министерување.
ГЈ: И во образование беше исто.
ЗС: Исти резултат имаше само што тогаш не стигнаа да се анализираат до крај овие работи.
ГЈ: Немаше време толку да ескалира работава.

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски

ГЈ: Еве ја денес мислам ми пукна филмот, прееска мајка ми ми кажуваше, од сабајле она била со Бети на лекар да не оди сама и не завршиле работа.
ЗС: Не, голем проблем е креиран, и не е само личен негов проблем туку и партиски е проблем.
Одамна, шо исто не беше претходно прифатено дека и партијата трпи
ГЈ: Абе не е само партиски, на владава е проблем
ЗС: Знаеш како беше првата реакција на организаторот? Ме погледна ко не знам што да сум кажал, ако не си свесен дека е партиска штета, шо ќе праиме муабет.
ГЈ: Да да да.
ЗС: Глупости мислам ние за поситни работи луѓе шо праеле зашто направиле вака или така а не за вака.
ГЈ: Ти замисли мајка ми ми вика денес, преѓе нели беше кај мене, вика не е убаво ова, треба нешто да напраите, мака имаат луѓето.
ЗС: На крајот сите имаат проблем со ова.
ГЈ: Не се брани оваа позиција.
ЗС: Па не се брани, затоа што никој не ја гледа објективно, него тие што треба да ја решат ја гледаат у тесен круг и си викаат супер сме ние, не чини се друго.
ГЈ: И се тапшаат по рамо, да, не може бе сите да се против тебе и ти да мислиш дека ти си во право.

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски

ГЈ:Мислам.
ЗС: Катастрофа е целава работа. Едвај чекам на пат да тргнам, више да им ебам матер на сите, нејќам да ги гледам.
ГЈ: Да ти кажам јас едвај чекам утре да одам на пат.
ЗС: Абе ајде, Нино отишол на пат, што, договарам у Хјустон, два доктори да дојдат следната година. Абе ајде, ја овдека ќе, Спире седи таму и Кире и само…
ГЈ: Командаат.
ЗС: Тој ваму да иде, тој таму да иде, тој онаму да иде. Ај еби си матер.
ГЈ: Шо убава слика си стаил на кавер.
ЗС: Кој води комисија, кој води влада, кој води ова, кој води тоа, кој се расправа со милион луѓе?

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски

ГЈ: Да де, да. И фактички ти ќе расипеш односи со десет други за да…
ЗС: Му ставил тој турчинот три бројки, му викал абе со тие три бројки колкава ќе е користа за Македонија. Абе му викам, основно дете од основно да ги чита бројкиве ќе види дека лажат у тоа. Глупак еден.
ГЈ: Не, ама мислам ние сме збореле, толку е површен, толку е…
ЗС: Ѓубре е, ѓубре. Значи ѓубре невидено е, полош е од сите. Значи другите може не знаат некои работи, може не им е, знаеш познато нешто.
ГЈ: Ама и посебно бе Зоки со тебе, сите овие години.
ЗС: Ѓубре невидено е Горде. Кога ова пред мене вака го прави, можам да замислам на само што се збори.
ГЈ: Значи на цела поддршка, на се што имаш напраено и тоа не денес, не вчера, него со години наназад.
ЗС: Не сум сретнал.. епа затоа толку се изнервирав.
ГЈ: Јас па не сум слушнала, баш тогаш изгледа само што сум заспала
ЗС: Не бе добро, ја знаев дека спиеш, онака од лутина не можев да издржам.
ГЈ: Не па јас сабајле коа видов викам човекот штом толку се изнервирал, сигурно е нешто сериозно.
ЗС: Абе знаеш како она перфидно онака покварено ги буцкаше работите.
ГЈ: Педерски.
ЗС: Значи најрасипано што може.
ГЈ: Да де, да.
ЗС: Сеа он сака да го направиме, ја не сакам нешто, или не знам… А за овие … многу сомнителен ми е, цело време истово го прави.

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски

ЗС: И копилево после имаше една друга точка на која што највише ме изнервира, се запна да му дадеме 2 милиони евра на ТАВ, за субвенции, за low…
ГЈ: Де бе со тој ТАВ, аман..
ЗС: Чекај бе му викам, тоа е вградено во бизнис моделот, он затоа концесијата ја доби, зошто ние треба да плаќаме
ГЈ: На тој ТАВ више што,..јас, знаеш, исто со него кога се раскарав за ТАВ, милион евра им извлеков, ама они ке си одат ако ги притискаме
ЗС: Цело време за нив само..
ГЈ: И викам, чекај бе
ЗС: Знам кога победија, тројца беа, знам знам кога беше твоето
ГЈ: И исто, зошто бе све да им попуштаме
ЗС: Ѓубре мало, коа запна
ГЈ: Ама ептен е безобразно

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски

ГЈ: Вчера, пријателов мој Миле, ми праќа една порака, мислам како.. само јас не се устручавам да му одговорам како шо мислам. Тој и тој предмет чека во МВР. И викам добро Миле, сега ќе ги вратам луѓево да видам што толку чека МВР што ги закочи инвестицииве. Предметот уште не е стигнат у архива. А, по состаноци и секаде..
ЗС: И тоа копиле, лоша копија е само направена од овој Никола.
ГЈ: Па, неинтелигентна верзија, тоа е.
ЗС: Да, глупа верзија, го виде како му го пуши?
ГЈ: Да бе, да.
ЗС: Не ти кажував детали, у Кина, абе као дете мало. Филмот шо го гледа он и овој го пушта.
ГЈ: Онака импресиониран, ко заљубен у нова девојка хаха. Ама тоа ти е незрел карактер. И сите лоши навики, од сите страни ги има собрано. Мислам, шо е тој речник, закочено е у МВР, чека у МВР. Неќни коа бев на пат, ми се јавува, брзо сообраќајна согласност за некој таму у Прилеп. Викам не можам, на пат сум. Еее, ми треба, пушти ми ја по факс. Викам извини Миле, јас документи по факс не пуштам, у затвор се оди за тоа. И шо има врска дали е согласноста петок или понеделник.
ЗС: Ниеден закон нема прочитано у животот.
ГЈ: И тоа пази, согласноста е за некои минерални суровини, тоа рудник е, не ќе го ископа рудников преку викенд… Идиотизам.

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски

МЈ: Силвана му вика на Бети, Бети добро шо те видех сакав и на Премиерот да му пишам, неќни шетааме со мажот ми, ѕидо од театаро многу крив, хахаха
ГЈ: Леле, леле, леле, леле
МЈ: Крив, вика може да падне…хахахах и вика на Бети, јас да сум на твое место динар нема да му платам на изведувачите. Вика катастрофа, како е лошо направено, и Бети…
ГЈ: А она и затоа ли тоа ли е експерт?

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер

ГЈ: А преги бре оваа Лилја, таа жена,мислам е тотално одлепена
МП: Сега ја барав, искучен и е телефонот
ГЈ: Епа она таа така праи, и пази, нели се договорија све, денес гледаме у дневник ќе извадила листи сите шест единици, и викам ај , ја побарав и не се јави , и и пуштам порака, викам: Лиле, ги финализираме работиве,ама колегиве у Дневник некоја изјава, што е работава, да не има промени? Леле коа ми се јави, 18 минути на телефон, абе такво дрвење, и едно време ми вика: А што мислите вие, да извадиме ние една независна листа во четворката, мислам, кога ми се дигна притисок, викам, вие сте или не сте у коалиција со нас? Абре будало жениште, еј
МП: Будала е
ГЈ: Абе ја да ти кажам вака коа ги гледам и неа и Силвана си викам,нема поважно у животот од нормален да останеш
МП: Хаха
ГЈ: Хахха, налет..
МП: Ми плачеше, ми плаче
ГЈ: Абе ќе се откачи така некоја жица, ни фамилија ќе те трпи ни никој жив.

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер

МП: Знаеш ли каква куќа градел?
ГЈ: Значи сепак си ја градел.
МП: Две куќи градат, со Саше. Саше ми е комшија прв, на Марија брат и.
ГЈ: Да де, овој од Вечер.
МП: Земјиштето што го зеле,на име на Саше, он го има земено, оној што е патриотот за името, што збореше, што набилда рејтин со една реченица.
ГЈ: Мартин, океј е и да гради куќа, има семејство треба да живее, ама зошто криеш, така? Океј е. ако имаш пари нека изгради, да е здрав и жив. Не е природно у шатор да живееш, природно е да сакаш да живееш убаво.
МП: Пријавил, ама пријавил куќа медитерански стил, пријавил дека станот го има купено пред да дојде на власт, а го купил година и пол откако дошол на власт.
ГЈ: Ама тоа ти викам, зошто да криеш , океј е , имаш министерска плата, може кредит да земеш, да изградиш, значи, покоректно е и кон фамилијата и кон јавноста и кон партија, природно е, да сакаш да шивееш човечко, но зошто да криеш, да правиш малверзации.
МП: Шупак.

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески

ГЈ: Абее конкретно тоаш ка те барав гледам за ова за докториве штрајков и нешто што ми падна вака у очи, пази излегува синдикатот на МНР и ги поддржува
ЗС: Кој синдикат?
ГЈ: На МНР…демократски бил чинот
ЗС: На МНР?
ГЈ: Да
ЗС: Не разбирам шо врска имаат тие и од кај имаат синдикат тие уопште
ГЈ: Епа еве имаат, пошо нели тие се топ министерства двете
ЗС: Да бе да мислам нај вака способните…
ГЈ: Хахаха мислам за тоа ми е коментаров иначе јак синдикат 20 души имаат…
ЗС: Е толку, сегде кај шо може да играат глувците, мачорот кај шо лошо ја врши работата тоа ти е…
ГЈ: Исто некни не знам дали забележа, мислам за ова те барав вака чисто да размениме муабет, некни за она кривично дело за функционери за у избори кога учествуваат, овие комуњариве предлагаат закон ние пљукаме ова она, недемократски вака така, МНР дава позитивно мислење за законот, предложен од СДСМ…
ЗС: Да бе да…
ГЈ Потпишано мислењето од министерот
ЗС: Да да се сеќавам…
ГЈ: Ние у иста влада сме или у различна?
ЗС: Нема време чоекот, многу е зафатен, у Индонезија, Виетнам доека сврти….

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески

ЗС: Хипо ќе гостувал на ова, кај Миленко.
ГЈ: Супер, Миленко денес го читам по фејсбук, само нека гостува по такви емисии … колумната на Латас и претходните натписи на Зоран Божиновски, мислам можеш да замислиш какви вулгарности, вака, ја не ги ни дочитав до крај, претходно имаше нова серија, офанзива за Мери и што да ти кажам нека си гостува таму, супер друштво е.

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески

ГЈ: Ја да ти кажам не одам, шо.. све се сведува, сегде кај што треба како магаре да се работи, јас, сегде кај што треба за сликање ,Хипо
ЗС: Да бе да, и на крајот ќе биде Хипо активниот
ГЈ: Даа
ЗС: Сељак, незнае што е Куманово, што е Струмица да го прашаш кај се
ГЈ: Абе он незнае, која река тече у Куманово, е да го прашаш која е реката у Куманово..
ЗС: Се е фолирање, ништо нема, се е фолирање. Шо не го праша Нино дали бил наа..
ГЈ: Да, еве..
ЗС: Или Бети
ГЈ: Незнае која река е, а не па куќи поплавени, мислам..
ЗС: Он знаел у Куманово што требало, иии, требало да им се достави на луѓето, требало..
ГЈ: Сто цигани собра од таму, мислам..

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски

ЗС: Ваква подлост, нечовечки…
ГЈ: Ѓубре дебело, ѓубре.
ЗС: И шефот му ја препратил одма, му напишал Владо вака ли се договоривме да биде изненадување у недела и после ми одговори дека ептен сум.. вика не се секирај ќе средиме се да си дојде на свое место. Ама, не е во тоа работата. Значи која доверба ја утре да ја имам у првиот соработник у владата, така?
ГЈ: И не е ова ексклузивен случај па ќе речеш нешто му се испуштило, систем на работа е.
ЗС: Абе не ми го праи мене, на Никола Груевски му го праи.
ГЈ: Да де, да.
ЗС: Значи премиерот се спрема, викам јас организирам со трите комори да направиме спектакл, настан, едно друго.
ГЈ: Да бе, да.
ЗС: Типов искача на прес за друга тема и одговара на прашање, нарачано се разбира, за прв да каже нешто.
ГЈ: Ѓубре… и гарант од некој комуњарски медиум е значи ќе ти остане и необработено ко шо треба.
ЗС: Нечесен човек, значи невидена работа.
ГЈ: Многу подмокло.
ЗС: Ми е одмилено од све, ја се праам будала, секој ден ми го поставуваат прашањето, ја секој ден одговарам ко идиот сум сам пред себе.
ГЈ: Да бе да, у собрание те рибаат.
ЗС: Шо ја не знам да го одговорам на друг начин или не знам дека ќе ги враќаме долговите. Ја коа го знаев тоа, никој жив не го знаеше. Значи ја сум го смислил, ја сум го изработил, со третиот човек на светска банка договорив да ни дадат 250 милиони евра што на никој не ги даваат у денешно време, по втор пат ни даваат кредит за кој што има одлука у светска банка да не се дава на ниедна земја двапати таков кредит, гаранција е тоа не е кредит разбираш. ГЈ: Да де, да.
ЗС: Гаранција со која што ни го покриваат ризикот како земја, и наместо 8,5% камата ја ќе зеам со 4,5% кај деловниве сити банки акциите што се.
ГЈ: Да де, да.
ЗС: И ќе ги истурам компанииве со 200 милиони евра пред избори и стопанство, граѓаниве, сите. Идиотов иде со изјава.
ГЈ: И Хипо.. и тоа без врска ко да е странична работа, давам еколошка дозвола и ова успат го одговара, а ова е бомба у јавноста.
ЗС: Не може ова вака, ова е…
ГЈ: Идиот невиден.
ЗС: Мислам, смачено ми е од ножови у грб бе Горде.
ГЈ: Јас ти викам зборам на телефон и го видов насловот.
ЗС: Не бива вака, земи сработи си го па кажи што сакаш да кажеш и ако се договориш, ама немој бе на туѓ труд.
ГЈ: Не, ама колку работи има што ја можам да ги кажам па не ги кажувам за да оставам простор, или ти не ги кажуваш за да оставиш простор да се изменаџира. Лесно е да излезеш, да поентираш, ама треба да излезеш и кога не е за поентирање.
ЗС: Кај беше копилето за рецесијава да даде изјава. Кај се криеше у која пизда му матер негова дупка.
ГЈ: Ѓубре, ѓубре мислам.
ЗС: Свиња дебела, куп месо.
ГЈ: Многу, многу злобно човечиште.
ЗС: Пичка ли му материна негова. Кај го смисли онаков лош, злобен и невоспитан. Па у Влада уште ми седи.
ГЈ: Безобзирен, безобзирен.
ЗС: Пичка ли му матер негова.

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставрески

ГЈ: Што има?
ЗС: Добро бе тераме па ти сеа.
ГЈ: Слушај, абе преѓе го слушам Бујар мислам копиле е, меѓу другото нели збори дел од прославата не ова она и сеа Премиерот у собрание вике секоаш коа има потреба разговараме, редовни средби, дијалог, дрн, дрн, како шо.. па мораш така да ја тераш работата, треба цивилизирано да изгледа оти иначе се знае која друга варијанта, овој вика ВМРО не се заинтересирале за знамињата, на Телма го имаше.
ЗС: Ако не кога јас се јавив вчера со Абдулаким зборев… Сашо му вика ????
ГЈ: Токму заради тоа и тебе ти се јавувам.
ЗС: Ја и со Џеват зборев и со Абдулаким вчера вечерта.
ГЈ: Епа еве.
ЗС: И го барав и она копилено Артан Грубу, другар ти..
ГЈ: Еј твојот другар.
ЗС: И среќа не ми крена.
ГЈ: Блазеси ти… Па тој па као која гадура од човек е.
ЗС: Гад, гад, замисли ти да мораш да се дружиш со него.
ГЈ: Не, ама пази, значи колку треба да си гадура за да речеш дека тој со тенкот е убав споменик, се е освен убав.
ЗС: Да, да и ние треба да кажеме не не изненадува тогаш што и самиот за себе мисли дека е убав.
ГЈ: Не, ама пази мислам ако тоа му е убаво, како ли изгледа ружното во неговите очи
ЗС: Ха,ха,ха.
ГЈ: Убаво му е човек со шест прсти, знаеш мутант, производ на инцест.
ЗС: И ти си ненормална…ти фали некоа летва човече.
ГЈ: А, не, сигурно има некој органи од овца тој внатре, може од тоа му е убаво пази, гадура еј.

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставрески

ЗС: Да
ГЈ: Ало, шо праиш?
ЗС: Еве Горде, едно доаѓање и ми се дига притисокот.
ГЈ: Ах, тоа…
ЗС: Се нервирам, шо да ти кажам. Кај ќе помине, ај да не го користам името на Господ, греота е, не сакам.
ГЈ: Не, ама стварно е така.
ЗС: Знаеш, сега ќе помине таму и тоа е сега, ќе им се позлати таму и одма станови ќе им се купат на тие, а оние јадницине таму по Куманово и по струмичко кај шо не поминал…
ГЈ: Абе Зоки, три пати ургирав вода за пиење да им донесат на луѓево.
ЗС: За некои ќе има 100 евра, за некои ќе има 20 илјади евра и ако земеш да дискутираш, не ја разбираш темата. Ти, си излегол на терен? Не, на сунчање бев у Монте Карло.
ГЈ: Ти не си видел од канцеларија.
ЗС: На јахта бев ја во Монте Карло до сега, знаеш.
ГЈ: Да, да.

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставревски

ГЈ: Абе кај нас еден куп луѓе од специјална отидоа.
ЗС: Од што го бараат него таму, го бараат зошто е трениран, готов кадар.
ГЈ: Да де да.. у него има инвестиција десет години, нема обуки што не ги поминале,и сега оди таму, факт е дека сега за три месеци триесет илјади евра ке земе, хм, ама неможе така, некој друг да те тренира, тии да си вадиш пари на тоа, приватно.
ЗС: Да де и сега ја треба да барам нов, и ти треба да си останеш без човек, три месеци, он таму пари да праи.
ГЈ: Аа кога ќе се врати ќе видиме кај ќе работи, нема да работи у специјална.
ЗС: Па сигурно, не ни сакам ја да работи кај мене.. после тоа.
ГЈ: Ќе работи.. не , ќе работи некаде полицаец у куќичка.
ЗС: Да. Океј..
ГЈ: Јас се изнервирав тогаш, спротивно на муабетот со тебе, Џоле на два пати ми се јавува, ми вика, ама знеш нема пари да иде ова она, па викам абе претседателе, не е добро обезбедување на претседател, прво некој ако разбере, скандалозно е.
ЗС: Па сигурно, второ он знае толку тајни за начинот на обезбедување на претседател и на вице премиер или на било кој….
ГЈ: Да де да…
ЗС: .. што може било кој за уште триесет илјади евра , и може да те продаде како сака..
ГЈ: Да де даа, па тоа ти викам, јас..
ЗС: Кај го има тоа , после ваква работа.
ГЈ: И тоа Џоле ми бараше на двапати у иста година, викам неможам у иста година, пошто незаконски, и го одбив, чекаше до јануари другата година, да речеме првиот пат беше у март, од март, како му доаѓа до јуни јули, чекаше јануари, пак отиде јануари.
ЗС: Толку му сече на тој, па ти , тој е лефтерен тип.
ГЈ: Ама не е.. мислам претседател на држава е во прашање, не е претседател на месна заедница.
ЗС: Да ама на што ќе личи, идат наај, овакво, највисокото обезбедување од државава наша, пази медиумски ако се дозна, на што ќе личи.
ГЈ: Мене тоа ми беше поентата.
ЗС: Такааа? нема да личиме на сериозна држава,бегаат. Како ќе се оправдаме ние како политичка партија, ќе речат дури и тие што се на овакво..
ГЈ: Што им се најблики …
ЗС: Бегаат у странство..
ГЈ: Не, тоа не е,мислам ..
ЗС: И политички штетно и вака бе, зошто треба да одат они таму,као, тренирано говедо тука си го пуштил на милион места да оди на обука , и сега он таму ќе.. си отиде.
ГЈ: Многу луѓе си одат.. мислам , ти кажувам еве и брат му на Влатко сега ќе оди у Авганистан .. и он работи.. и ќе си земе неплатен одмор. Он работеше три години у Авганистан, мада он не работи такви работи, он работи ПИ-АР, не ее мислам, високоризична работа, а е исклучително добро платена, ќе иде три месеци, ќе земе може и повеќе пари он, он тоа не може тоа да го заработи за две години овдека..
ЗС: И тоа не е во ред сега.. и тој..
ГЈ: Не е во ред..
ЗС: Тукааа, со твоја ургенција се вработи и сега пак му текнало..
ГЈ: Да де даа.
ЗС: Си оди сега.. мислам не е во ред.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција