Прислушувани разговори – сет 28: УБК/СГС

Во Кавадарци ВМРО-ДПМНЕ вршела притисоци врз фирми и граѓани да се гласа за неа или да се даваат спонзорства, гласањето на партиските членови се одвивала под строга контрола, слушаме од овие разговори. Гледаме и дека има незадоволство во врвот Општинскиот комитет на партијата од списокот за советници направен во Скопје, но и за тоа дека врвот на партијата обезбедувал бизнис-поволности за свои луѓе. Слушаме од неколк разговори и дека Сашо Мијалков е човекот што стои зад СГС.

 

 

Презентирајќи ги разговорите од овој сет, посветени претежно на Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев, претседател на ОО на СДСМ во Кавадарци, покрај докази за злоупотреби на приватни фирми во Кавадарци за партиските цели на ВМРО-ДПМНЕ, презентираше и снимки како докази за тоа кој всушност стои зад агенцијата Секјурити груп сервисис (СГС).

 

АЈДЕ СИТЕ НА КРШЕЊЕ ПРЕДИЗБОРЕН МОЛК!

Во првиот разговор, помеѓу Миле Јанакиески и Александар Панов, градоначалник на Кавадарци, слушаме дека месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ што биле координирани од градоначалникот добиваат наредба да лепат плакати и да се растура пропаганден материјал во предизборен молк. Потоа слушаме и за наредба сите од Општинскиот комитет и претседателите и раководствата на месните комитети да излезат да гласаат најдоцна до девет часот, а потоа до десет часот нивните роднини, а потоа партиски вработените. Слушаме и дека тоа било пракса на ВМРО-ДПМНЕ.

Потоа следува уште еден разговор на овие двајца, од кој слушаме дека проблемот со долгот кон лозарите, настанат со продажбата на Винеа, поради што лозарите излегоа на протести, е сериозен. Потоа слушаме дека Панов вели дека советничката листа на неговата ВМРО-ДПМНЕ „не е убава“, односно тие што се вредни за партијата, според него, се спуштени на пониски места, иако многу се ангажирале и се ангажираат за партијата.

 

ФИРМИТЕ ПРИВАТНИ, ПРИТИСОКОТ ПАРТИСКИ

Во третиот разговор од овој сет, Панов разговара со Зоран Ставрески, кој го информира градоначалникот дека Зоран Заев доаѓа во посета на Кавадарци и фабриката ИГМ. Ставрески прашува како може да се организира средба со сопственикот на фабриката, Гечев, еден ден после посетата на Заев „за да го покриеме ова што Заев бил таму“.

Потоа слушаме два разговора на Миле Јанакиески и Александар Панов, од кои се дознава дека се вршеле „убедувања“ и притисоци сопствениците на приватни фирми да наложат на вработените да се гласа во ВМРО-ДПМНЕ. Панов објаснува и дека една компанија-сопственик на маркети во Кавадарци вработувала членови на ВМРО-ДПМНЕ. Потоа слушаме и како сопственикот на „Кожувчанка“ „шпарта“ со ВМРО-ДПМНЕ оди по домовите на вработените и бара да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, откако претходно се заветувал дека ќе работи за ВМРО-ДПМНЕ на изборите.

 

ЗА „НАШИ“ ЛУЃЕ ИМОТ ПО „НАШИ“ ПРАВИЛА

Следуваат три разговори помеѓу Влатко Мијалков и Кире Шошев, кој, како што рече Зоран Ѓорѓиев на прес-конференцијата, е познат бизнисмен, вработен во Министерство за одбрана и сопственик на 1/3 од земјиштето во Росоман. Мијалков бара од Шошев помош за објектите во сопственост на АРМ во Кавадарци да ги земат негови блиски пријатели. Од првиот од трите разговори дознаваме и каде заинтересираниот може да земе клуч за да влезе во објектот, уште пред да се донесе одлука за негово доделување. Во последниот разговор од овој сет слушаме потврда дека началникот на полицијата во Кавадарци бил поставен по партискиот клуч на ВМРО-ДПМНЕ.

Потоа следува разговор на Јанакиески и Панов. Само два дена пред првиот круг од локалните избори, Панов го информира Јанакиески дека поднел оставка на градоначалничката функција до Министерството за локална самоуправа. Со тоа стасува потврдата за оставката, за која онаку јавноста не беше информирана. Во вториот разговор, меѓу Јанакиески и Мартин Протуѓер, тогашниот министер открива дека лично тој дал наредба барањето за оставка на Панов да биде скриено, за јавноста да не дознае.

 

САШО МИЈАЛКОВ Е „БОГ“ ВО „СГС“

Потоа следуваат разговори од кои се дознаваат многу работи за фирмата за обезбедување „Секјурити груп сервисис“  СГС. Во првиот разговор слушаме како Сашо Мијалков, директорот на УБК, во разговор со  Слободан Николовски-Цобе, еден од клучните луѓе во Агенцијата, се погрижил СГС да добие тендери за обезбедување на голем број државни институции и државни компании или компании во кои државата има управувачки удел. Мијалков му кажува на Николовски дека го контактирал Зоран Коњановски да му достави на Николовски тендерска документација за, како што вели Мијалков „да се спреми стратегија“.

Во вториот разговор, двајцата соговорници се координираат за цените што СГС треба да ги прифати во договорот со Т- мобиле. Мијалков наложува да „игра понефлексибилно, потврдо“, ама сето тоа ќе биде во координација со главниот извршен директор на Т-Мобиле Македонија, Жарко Луковски. Николовски бара Луковски да му се јави да му потврди дека може да се стои на таа цена. Во третиот разговор Мијалков информира дека веќе зборувал со Жарко Луковски за да провери до каде може да се оди со цената, но поради временската разлика се чека одговорот.
Од разговорот дознаваме и дека Мијалков стои зад СГС, што се гледа од неговите одлуки какви возила за СГС да се набават и од каде. Во четвртиот разговор од овој сет Мијалков и Николовски договараат средба на којашто треба да го информира за трошоците на СГС. Во истиот разговор, Мијалков потврдува дека и неговите пријатели од мобилниот оператор Албафон треба да склучат договор со СГС. За да се реализира оваа зделка потребни се измени во договорот со Телеком. Мијалков вели дека ќе зборува со Жарко Луковски дали може тоа да се промени договорот со Т-мобиле за СГС да може да го склучи и овој договор. Последниот разговор од овој сет покажува дека Мијалков договара и други тендери за СГС преку други министри на Груевски.

 

ВО ПАРТИСКАТА ФИРМА СЕ УДОМУВААТ „ПОДОБНИ“ ОД ДУИ

Во продолжение слушаме разговори кои покажуваат дека Мијалков може да одреди кој да биде вработен во СГС а кој да биде избркан, како и потврда дека оваа агенција работи за партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ. Во првиот разговор од оваа група Муса Џафери од ДУИ реагира оти во агенцијата СГС има вработено членови на ДПА. Мијалков вели сите ќе бидат ДУИ ако треба, „само дајте ми ги имињата и ќе бидат тргнати“. Во следниот разговор слушаме дека имињата на „неподобните“ од ДПА е доставен, но слушаме и дека Бечо сакал да се ослободи од некој со кој бил во тешка семејна кавга, па поради тоа го претставил како член на ДПА.Слушаме и дека ВМРО-ДПМНЕ мора да обезбеди вработувања во СГС на членови на ДУИ, за ДУИ да им обезбеди гласови за ВМРО-ДПМНЕ. „Ова е голем интерес партиски“ вели Мијаков.

 

ПРИВАТНИОТ БИЗНИС СЕ „ТЕРА“ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ШЕФОТ НА УБК

Потоа слушаме дека Мијалков договарал состанок за СГС со бизнисмени од една соседна држава – во неговата канцеларија во УБК. Мијалков се ангажирал да го заштити имиџот на СГС, па реагира кај Дејан Митровски – Урко од обезбедувањето на Груевски, за заканите што ги кажувал, па тие дошле до ушите „на СДС“.

Потоа слушаме како се интересира за интервенција на СГС на Водно, на градилиште, како дефинира што ќе се прави во поглед на возила на СГС, се интересира за проблемот со „Машинопромет“… што се заедно покажува дека сака да биде информиран за тоа што го прави фирма, што и би се очекувало од сопственик или главен контролор во име на ВМРО-ДПМНЕ…

 

Сите „бомби“ се тука.

 

Прес конференција на Зоран Ѓорѓиев, претседател на ОО СДСМ – Кавадарци, 30.04.2015

 

 

По оваа прес-конференција, ВМРО-ДПМНЕ реагираше со соопштение за јавноста, кое може да го прочитате тука.

 

Разговор помеѓу Миле Jанакиески и Александар Панов

АП: Си ме барал министре? Сте ме барале викам…
МЈ: Аха, оваа кординација со овие што ти се комитетите под тебе
АП: Да, денеска имав координација
МЈ: Е па сеа еден исконтактирав, значи во сабота ќе дојди сдмм како се вика ова социјалдемокатската, СДМ да се исплакатираат градовите и поштенските сандачиња, прво…второ ќе те молам кажи ми мислење, значи до девет часот да излезат на гласање сите што се претседатели на месни комитети и раковотство до девет
АП: Да, да
МЈ: Од девет до десет да бараат фамилии, најблиски роднини, и од десет до дванаесет вработените и од дванаесет неопределените.
АП: Да, да го знаиме тоа како и минатите избори така ќе биде цел систем
МЈ: Само кажи ми уште еднаш
АП : Да, да
МЈ: И нека си направат посебни шеми што ќе ти ги дадат.
АП: Да, да ок министре, ајде.

 

Разговор помеѓу Миле Jанакиески и Александар Панов

МЈ: Ало
АП: Ало
МЈ: Е?
АП:Еве сум..
МЈ: Каде е блокиран патот Велес
АП: Росоман е блокиран патот..
МЈ: Росоман е патот блокиран
АП: И више наваки преку Неготино фаќј
МЈ: Преку Неготино вика Александар да одиме
АП: Да, да
МЈ: А кој го блокира патот?
АП: Лозарите, лозарите…нели Винеја се продади, арно ама денеска му се донеси одлука од судот за поништување на таа одлука, така да..
МЈ: За која одлука ?
АП: Одлука за продажба на Винеја винаријата
МЈ: А зошто се бунеа?
АП: Па се бунат затоа шо а продадоа под цена и со тоа нема пари да го намират они…лозарите да бидат намирени, 600 илијади евра се кусо
МЈ: А сега кој чоек го..
АП: Па сега обеќа овој газдата дека он ќе си ја…ќе земе кредит и ќе си ја врате повторно назад Винеја и ќе ги признае обврските
МЈ: Тоа шанси нема
АП: Па сеа ете го чекат газдата, тоа е работа
МЈ: Од Кај е?
АП: Го чекат газдата на Винеја да дојде
МЈ: Кој е тој бе?
АП: Од Велес..од незнам каде е, мислам од Велес е по родум
МЈ: Кажи ми сега, ме интересира кај е блокирано, знаеш?
АП: Росоман ааа клучката
МЈ: Кај е блокиран
АП: На бензинската пумпа тука каа се врте на ки Кавадарци
МЈ: Кај е блокирано Александар ?
АП: Таму е блокирано…бензинската пумпа на Росоман
МЈ: Бензинската пумпа кај Росоман, кај клучката
Накај Кавадарци кај шо се врте
Накај Кавадарци
Не, не…само преку Неготино продолжите Добро
Е така
МЈ: Чекај сега..ааа…одам на Општински комитет..
АП: Идам и јас таму
МЈ: Како стои сега, реално кажи ми
АП: Да
МЈ: Како е реално кажи
АП: Не е убаво ништо
МЈ: Е кажи ми
АП: Не е убаво…унија на жени не е застапена, унијата на млади сили…не знајме кое место ќе и го дадат, претседателот на советот..
МЈ: Претседател на советот му дале
АП: Му дале 10-то место..
МЈ:Кој е претседател на совет?
АП: Тренчев Илија
МЈ: Немам многу симпатии кон него
АП: Како?
МЈ: Немам многу симпатии кон него
АП: Не, не ок е тоа, меѓутоа виа шо ги наместија ептен за никаде се
МЈ: Ти кога би правел листа, кого би го ставил на црна листа?
АП: Па незнам, носител..можеби претседателот на унија на млади сили
МЈ: Кој е тој?
АП: Слободан Ивановски од заменик градоначалник ми е мене и претседател на унија на млади сили
МЈ: Кај е тој сега?
АП: Влече младина..
МЈ: Аха
АП: Има и Перо Бојков е добар ама он несакаше човекот, он самиот одбива
МЈ: Зошто не сака бе?
АП:Не сака стар е, он е шеесет и пет-шест години
МЈ: А оти да не сака?
АП: Па не сака..така он човекот е повеќе стручњак отколку шо е политичар
МЈ: Да напраам список?
АП: Незнам дали и сеа ќе дојде на состанокот, незнам..
МЈ: Ако не дојде на состанокот ќе му се јавам
АП: Добро..
МЈ: А бе за Зоран Јованчев што мислиш?
АП: А бе и он е некое трето решение виче ако неможат виа друзите
МЈ: Толку…
АП: Никако он четири ипол илјади гласа фана како кандидат за градоначалник…ќе биде сеа на сител
МЈ: А кога беше..
АП: Па беше, пред мене беше со Панчо Минов беше кандидат за градоначалник…нема човекот сеа знаиш како…неможиш ти да испадниш у кампања и да му се смеиш на луѓето сеа…а пред тоа на никој здраво не му викаш
МЈ: Кажи ми уште нешто забелешка сеа кажи ми
АП: Забелешка па незнам сеа…таму, таму има луѓе кои шо е таа шо е секретар шо му беше порано на вмро народна Паламинова…нема никаов, нема ништо у партијата, никаков придонес и ја стават у листата
МЈ: Која е таа?
АП: Паламидова Ленча
МЈ: Да не придонела во народна да ги одвлечи
Ами таа а барат и Горица а барат и сеа таа си ја местат
А зошто е тоа, шо е работа?
Е шо е, незнам јас шо е сеа…не ја бива, месните комитети
А која ти е тебе таа роднина…
Која роднина?
MJ: Унија на жени да не ти е некоја роднина?
АП: А бе никаква роднина, каква роднина..немам ниедна роднина таму.

 

Разговор помеѓу Зоран Ставревски и Александар Панов

ЗС: Добро..Слушај, Заев е денеска кај тебе, така?
АП: За утре се, утре се кај нас
ЗС: Не бе, Заев денеска е кај тебе
АП: Ааа немам информација, јас сега два саата сум истегнат
ЗС: Кај Гечев бил, па дали да идам и јас кај Гечев тоа сакав да те прашам
АП: Па не ќе е лошо, некња Гечев имаше убава изјава у Капитал за нас
ЗС: Аха
АП: Не ќе е лошо, Гечев, гледај јас на министерот Јанакиески му кажав ако отиде премиерот мислам ќе ни биде полн погодок
ЗС: Не може премиерот сега да
АП: Знам, знам…Ама он вака вика ако дојде тука ќе изјавам дека од ваа влада нема подобра, јавно тоа ќе го кажам…и после можеме тоа како убав спин да му го употребиме…нели еве кандидатот и за премиер на ес де ес кажува добро за ова влада
ЗС: Не, доволно е ние утре да направиме средба и да го покриеме ова што Заев бил таму, тоа ми е целта
АП: Добро, добро.. бива, бива
ЗС: Збори ти со него, па ќе договориме
АП: Не..одма, одма он прифаќа, тоа бланко му е прифанато нему
ЗС: Океј, човече да го планирме , не ја знам седницата на памет ама да го ставиме негден
АП: Океј ќе му се јавам сега на Антонијо и ќе му кажам за ова
ЗС: Е така, важи… ајде поздрав
АП: Океј министре, поздрав

 

Разговор помеѓу Миле Јанакиевски и Александар Панов

АП: Ало
МЈ: Александар, некои Минекс маркети имало Кавадарци многу?
АП: Да, да
МЈ: Го држиме ли тој
АП: Да
МЈ: Ќе го биде ли за работење
АП: Паа, сеа ќе го викнам јас утре заа утре мислам дека закажав со нив состанок.Еднаш ги имам на состанок викнато, утре уште еднаш ќе ги викнам
МЈ: Ааа
АП: Ќе ги викнам сите и ќе посебно ќе.Он е малце настрана меѓутоа ,мислам дека навива за нас
МЈ: Треба да му кажеме да гласа за нас
АП: Не, не апсолутно. Ни имаме ни преку него вработено неколку .

 

Разговор помеѓу Миле Јанакиевски и Александар Панов

МЈ: Алоо друже
АП: Повели министере
МЈ: Како е?
Добро е одлично еве , се шпартаме малце Кожувчанка, со Митко
И како е?
Ами, над 40% имаме излезеност.
Митко ги изваде ли неговите?
Да , да да седиме сега тука од човек на човек одиме
МЈ: А тој маркетот?
АП: Да, да и тија некња беше на состанокот со бизнис секторот , шо ти пишав да дојдиш , и он дојди и кажа, немате гајле не се секирајте
МЈ: Александар, многу излезеност бе брат?
АП: Ами толку, сеа ќе видиш дека ќе ќе спласне негде кај 1 саат, виќе луѓето нема да испаѓат, и после и од 5 до 7, од 5 до 7 ќе има излезеност
МЈ: Ајде вардете таму

 

Разговор помеѓу Влатко Мијалков и Ќире Шошев

ЌШ:Алоо
ВМ: Кире шо праеш?
ЌШ: Добро брат, еве гледам вести да а е…
ВМ: Се врати ли?
ЌШ: Аха,аха тука сум
ВМ: Абе братче
ЌШ: Ејј
ВМ: Многу се јавуваат луѓе во последно време коишто имаат, овие сеа објекти ,така напуштени, руинирани, заинтересирани се да ги земат под наем да работат нешто .Сеа таму кој е кај тебе таму кој е главен сеа за тие работи ?
ЌШ: Илми Селами
ВМ: Илми Селами, он шо е сеа Илми Селами ?
ЌШ: По министерот он е главен за сите работи недвижни работи во министерството за одбрана
ВМ:А тебе шо те ставија на страна?
ЌШ: Настрана сум јас
ВМ: Илмис Селами а?
ЌШ:Ааа Илмис ,тој шо беше претседател на антикорупциска комисија
ВМ: Аааа.Како ние договаравме да се видеме со него ?
ЌШ: Ами јас му дадив наа, овој број на Атанас, он му вртел ама не му дигнал, преѓеска јас му вртев и мене не ми дигна .Он и порака му пуштил ,и така незнам шо се случи понатаму
ВМ: Илми Селами..Ооо.тој Илми Селами со наочарите дебелиот?
ЌШ: Аха. Дебелиот тој…
ВМ: Дебелкото а?
ЌШ: Јас и за тебе му спомнав , му викам воа е другар на Мијалков, шо сака да прави ова таму шо треба. Ааа.Добро, добро вика ајде вика да помине некое време таму нека се спрема па ќе го објавам
ВМ: А он како може клуч да добие,од кого да добие клуч да си влезе таму ?
ЌШ: Шо од кој ?
ВМ: Од кого може клуч да добие да се влезе таму ?
ЌШ: Клуч клуч може да добие таму од Трајчето Чатмов ,го знае он Атанас

 

Разговор помеѓу Влатко Мијалков и Ќире Шошев

ВМ: Aлоо Кире шо праеш?
ЌШ: Шо праиш брат, добро
ВМ: Ти шо праеш?
ЌШ: Добро, добро му се јавував ама не ми дигна да а е… мајка му
ВМ: На Селами ?
ЌШ: Ааа Селами
ВМ: Јас ќе го натерам Селами да ми се јави на мене бе
ЌШ: Да бе да
ВМ: Шо се секираш ти
ЌШ: Нее, ама криво ми е даа мајка му да а е…
ВМ: Ја викам преку тебе сега, пошто си таму , ако не чине така ке одиме со потешка артилерија, е сеа еее Селами
ЌШ: Додека беше Коњаноски газот ни го лижеше да а е… мајка му даа
ВМ: Тоа е бе Кире

 

Разговор помеѓу Влатко Мијалков и Ќире Шошев

ВМ: Шо прајш газда
ЌШ:Братче,добро бе еве сеа само шо завршиме тука ваа прославата
ВМ: Абе јас те барав денеска сакав да дојдам ама заглавив овдека
ЌШ: Епа, добро , добро сеа .
ВМ: Имав еден куп луѓе
ЌШ:Знам тука беше многу убаво, многу луѓе, многу народ 2-300 луѓе имаше.Сс народо.
ВМ: Да брат така е. Слушај
ЌШ: Ејј
ВМ: Ааа.Кој ви е таму началник на полиција ? ВМРовец или Ес де ес овец
ЌШ: Ами вмровец од ВМРО е поставен
ВМ: Ааа.Како се вика?
ЌШ: Живко Толов
ВМ: Живко Толов а?
ЌШ: Да не ти треба нешто кажуј .А?
ВМ: Па ништо се јавив таму ,Кавадарци имало некоа гужва, имало некоа гужва у Кавадарци таму
ЌШ: Незнам не сум чул јас, кога тоа?
ВМ: Не ,неможеш да чуеш, тоа било сеа пред 5мин.Му се јавив на Митко Чавков .. и така
ЌШ: А шо гужва имало, кој направил гужва?
ВМ: Абе се степале
ЌШ: Каде бе?
ВМ: Се степале бе таму на Михов ,тоа како се вика на Агро Тиквеш. Работниците се степале меѓусебе бе брат бе.
ЌШ: Каде бе се степале работниците?
ВМ: Незнам сеа, каде, каде од кај да знам каде
ЌШ: У Тиквеш?
ВМ:Батали бе шо те боле к.. тоа ,нека се тепат нека скршат глава ајде
ЌШ:Добро , добро

 

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Александар Панов

АП: Ало
МЈ: Е?
АП: Министре
МЈ: Ааа
АП: Значи само тебе ти се јавувам…болеста ми е колуминација …се разведувам со сопругата…и вчера си поднесив оставка на градоначалничката функција
МЈ: Како бе така Александар?
АП: Не можам више да издржам
МЈ: Чекај сега, два дена пред избори да му е… мајката
АП: Знам ама тоа нема да го знаат никој, само ти ќе го знаиш. Мислев да го праам тоа после избори меѓутоа не можев да издржам
МЈ: А шо ти е на болеста?
АП: Тоа е на нервна база, неам разбирање никакво дома од сопругата …не знам, се ми е хаос…сакав тоа да го направам во понеделник меѓутоа…
МЈ: Ама ајде ќе те олабајме, а кај, кај поднесе оствка?
АП: До локална, министерот за локална самоуправа. На писмено ја поднесох и ја пратив вчера
МЈ: Добро бе, ќе те изолирам од акционер
АП: За тоа ти се јавувам јас да знаиш дека…ако работам ќе бидам само штета сеа вака потонат пред луѓето
МЈ: Добро
АП: Подобро да се скријам настрана
МЈ:Ајде
АП: Ајде

 

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Мартин Протуѓер

МЈ: Чисто сега да ти кажам да не излези, и се јавив на ??? да го земи барањето да го скрие, чисто да знаеш…сакав да ти кажам што се случува
МП: Шо да го скрие
МЈ: Барањето, да не излезе во јавност
МП: А зошто оставка да си поднесе?
МЈ: Е ајде де…со жена му се оставале, бил болен, не можел да ги издржи притисоците, вика сакав после избори, не можев да издржам и вчера си поднел оставка.
МП: Дај ми го бројот негов, ајде…прати ми го по порака ајде.
МЈ: 219 038
МП: Го имам, го имам ајде.

 

Разговор помеѓу Слободан Николовски-Цобе и Сашо Мијалков

СМ: Цобе, што правиш бе?
СН: Е, директоре здраво. Добро, Вие што правите?
СМ: Добар, еве малце да ти кажам…
СН: Да одморите.
СМ: Излезен сум и така, да.
СН: Добро. Ја дома, гледам вести, па така, да.
СМ: Ти се јави Коњановски?
СН: Не, не ми се јавил. Не ми се јавил.
СМ: Му го дадов твојот број уште прееска, ќе ти се јави.
СН: Да.
СМ: Започната е постапката за концесиите.
СН: Е па добро.
СМ: Па му реков тендерската документација да ти ја даде тебе, да се разгледа.
СН: Да, да, готово, нема проблем.
СМ: За да се спреми, за да се спреми стратегија.
СН: Да, готово, нема проблем, ќе ја земеме и ќе ја разгледаме.
СМ: Значи он ќе те бара, ќе ти ја даде.
СН: Важи, важи.
СМ: Таман тоа нема да биде на…Тоа ќе биде или на следната или на последната седница, ќе се овај, одобрува тендерската документација и врз основа на тоа се почниња постапка, т.е се отвара тендерска постапка.
СН: Да, да, да. Добро…
СМ: Таман јас ќе бидам таму и така да…
СН: Штом ќе ме побара ќе го…ќе ја земеме и ќе ја рагледаме, нема проблем. Што има друго ново?
СН: Па ништо, еве работиме. Сега малце годишни одмори, луѓето ги пуштаме на годишни одмори, таа е законска обврска. Така да направивме над 920-930 луѓе сме сега.
СМ: Аха, добро е.
СН: Голема бројка, добро е. Сега е добро, па ќе видиме, здравје. И така.
СМ: Чекај, ова да го завршиме, уште Т-Мобиле и па више доаѓаш до 1.100.
СН: Т-Мобиле и ЕЛЕМ, над 1.200 ќе бидат. Па ќе видиме, здравје само.
СМ: ЕЛЕМ со Дејан.
СН: Како?
СМ: ЕЛЕМ со Дејан.
СН: Да, да, да. Не, постапката и таму веќе, кај и да е, ќе биде. Има тендер, све таму. И таму е…за почеток 50 луѓе таму, па после ќе видиме. Зошто тие имаат нели нивни…
СМ: Чекај, имаш ти контакт со Дејан?
СН: Не, ја тераме таа работа. И тендер објавија и…
СМ: Па не, со Дејан треба да…за да имаш у…
СН: Не, не, нон стоп сме со него, нон стоп.
СМ: Е добро.
СН: ја тераме, за тоа не се секирајте. Викам за почеток 50-тина луѓе ќе бидат пошто тие имаат нивни чувари и сега како…
СМ: Кога ќе се одлучува тоа?
СН: Па мислам таму во септември почнува, зошто тој тендер…до септември мислам.
СМ: Одлично.
СН: Да. Ќе биде, тука ќе се видиме кога ќе дојдете.
СМ: Ај сега баш ќе му свртам и на Жаре да видам до каде е таа работа.
СН: Да, добро.
СМ: Со него. Има нешто ново, таму во Т-Мобиле.
СН: Па сега за сега нема. Тој рече оној пат се слушнав, рече завршена работа е. Сега чекаме, па ќе видиме како ќе биде.
СМ: Добро, види со тоа. Ако треба нешто се слушаме.
СН: Важи.
СМ: Ајде.
СН: Убаво да си поминете, се слушаме.
СМ: Ајде.
СН: Поздрав.

 

Разговор помеѓу Слободан Николовски и Сашо Мијалков

СН: Ало.
СМ: Е, Цобе што правиш?
СН: Ало. Директоре, само една консултација со Вас, може да зборите?
СМ: Може.
СН: Вака, пошто не се видовме а во 14 часот сме договорени со Телеком…
СМ: Да.
СН: Ме бараат за преговори, за договори за финален, така го нарекоа тие, состанок.
СМ: Добро.
СН: Е сега прво околу оној оперативниот дел од работата, како ќе ја извршуваат, тоа не е проблем, тоа ние ќе си го договориме.
СМ: Добро.
СН: Него, ако евентуално околу цените или…
СМ: Не, тука ќе играте малце по, по нефлексибилно би рекол, потврдо.
СН: Мхм.
СМ: Ама коориднирај се со нивниот директор.
СН: Со кој? Со Жаре?
СМ: Да, да.
СН: Ај јас ќе се слушнам.
СМ: Јас сега ќе му се јавам на него, да.
СН: Да, да ми се јави он да ми каже стојте на таа цена, не попуштајте. А ако треба да попуштаме, тука сакам да се договориме, како да…
СМ: Ако треба ќе се деси и тоа, но ќе си пробаш прво без да се деси тоа.
СН: Да, добро јас ќе им кажам писмено ќе ве известиме, ќе се отргнам од проблемот, а после ваљда ќе се договориме со Жаре дали треба или не треба.
СМ: Да.
СН: Тој ваљда подобро ги знае приликите,
СМ: Океј
СН: И писмено ќе им кажеме. Добро.
СМ: Океј, така.
СН: Поздрав, пријатно.

 

Разговор помеѓу Слободан Николовски-Цобе и Сашо Мијалков

СМ: Ало Цобе.
СН: Ало директоре, здраво. Не ми кажавте за со Жарко, па затоа Ве барав.
СМ: Ааа, зборев со Жарко.
СН: Да?
СМ: Да, да. Зборев јас вчера со него. Рече дека ќе провери, дека мора да провери.
СН: Дека не…
СМ: Ама он е 9 саата минус.
СН: Значи немаме сега дефинитивен одговор за тоа дали да одиме. Затоа што тие постојано ме бараа и вчера и денеска. Како?
СМ: У Сан франциско е минус 9 саата, ќе треба да го почекаме да стане.
СН: Аха, е па добро, добро.
СМ: Значи минус 9 саата е. Сега е 2.30, минус 6 е 8.30, минус 3…5.30 е таму сега.
СН: Добро. Ајде кога ќе го слушнете…
СМ: За 2-3 саата ќе го барам.
СН: Важи. А за возилата ги видовте тие списоците?
СМ: Еве тука ми се на маса, ќе те барам за кратко.
СН: Јас планирав да, сега извинете планирав малце…
СМ: Да.
СН: Пошто времето ми оди, да ги земеме половни. Ладите ги гледавме 9.000 евра тие се многу.
Да одиме до Германија или до Швајцарија, таму има до 3.500 може да се земат така.
СМ: Сега ќе те барам за кратко, само овдека завршавам за 5-10 минути и те барам.
СН: Важи, договорено.
СМ: Ајде.

 

Разговор помеѓу Слободан Николовски-Цобе и Сашо Мијалков

СМ: Ало Цобе?
СН: Ало, директоре здраво.
СМ: Здраво, што правиш?
СН: Вака сега, сакав да Ве консултирам за една работа. Па и деновиве не знам како сте со обврски,
СН: Добро.
СМ: За деновиве да поминам за…имаме нели превзмење од Телеком ќе ни треба опреми, еднодруго, па да Ве информирам што се трошкови ќе направиме за…
СН: Е па ајде ја и ти да се видиме покасно.
СН: Кога?
А бе многу овие денови ме фати гужва да ти кажам. Нели гледаш овие што прават по судови, протестираат, праат.
СН: Па јас сакав сабајле да дојдам порано, ама сега ми се јавивте и…А сабајле да дојдам во 10.30, кога ќе дојдете прво…
СМ: Ај ќе пробам денеска ако може да те видам, ако не утре најкасно сабајле се гледаме.
СН: Утре сабајле да дојдам. И уште една работа, само ова мора веднаш да ја решиме. Со Телекомот, нели сега нив ги обезбедуваме и…
СМ: Како?
СН: Телеком-от…
СМ: Да.
СН: Нели со нив сме договорени, од 1-ви ги превземаме и сега оваа Албафон што е новата…
СМ: Албафон?
СН: Да, и тие дојдоа, и тие бараат да ги обезбедуваме.
СМ: Да, да, знам. Тие ми се пријатели.
СН: Да. И сега има таму една клаузула во Договорот со нив дека, да го задржиме правото на ексклузивност, значи само нив да ги обезбедуваме, да не озбезбедуваме некоја фирма со слична дејност таму што е.
СМ: А, не бива таа работа.
СН: Да, и сега тука ќе мора на овие да им откажеме.
СМ: Ќе си го тргнат тоа од Договорот и готово.
СН: Е тоа сакав да Ви кажам.
СМ: Тие знаат ли кај бараат екслузива? Кај го има тоа бе?
СН: И требаше да видиме со Жарко да зборнете вие, па да видиме дали ќе може да се тргне. Иначе со Договорот сме обврзани на таа ексклузива
СМ: Чекај малце, тоа го има во кој договор? Во, во…
СН: Во Телеком.
СМ: Кај Жарко?
СН: Да, да, да.
СМ: Аха.
СН: Треба да со него да се спомне, дали тој дел од Договорот, таа ексклузива
СМ: Ја мислев тие новите тоа ти го бараат.
СН: Не, не, новите не. Тие одма договоривме, одма не прифатија и тоа, мислам со нив све сме се договориле.
СМ: Ќе зборам со Жарко за тоа.
СН: Да, за тоа зборнете. Ама ни треба хитно тоа, зошто договорот веќе треба да го вратиме и само тој момент ни остана недефиниран.
СМ: Океј, ајде. Ме бара Премиерот на другата линија, ќе те барам.
СН: Добро, договорено.
СМ: Ајде.

 

Разговор помеѓу Слободан Николовски и Сашо Мијалков

СН: Ало
СМ: Е Цобе, што праиш?
СН: Еве директоре, здраво, добро еве во канцеларија работиме. Вие што праите?
СМ: Што има ново?
СН: Па ништо, баш ја сакав кај 11 саат да ве побарам вас и да се видиме ако имате време.
СМ: Еве сум тука на работа ја, овај… сега дојде Џоле Поповски.
СН: Да.
СМ: Во 11:15 имам состанок еден, а во 12 сум кај Ставрески на состанок. Е сеа, кога?
СН: Кога ќе кажете, јас сум тука. Кога ќе кажете, тогаш ќе дојдам, не е проблем.
СМ: Е па, дали до 12 или после Ставрески?
СН: Можам јас и сега во моментов да дојдам, значи вие…
СМ: Ама сега доаѓа Поповски, имам со него да решавам, го решаваме буџетот ние кај Ставрески сега у 12.
СН: Мхм.
СМ: Па со него морам да видам.
СН: Да дојдам пред 12. Ќе дојдам јас 11 и пол.
СМ: Колку време ти треба?
СН: Па онака некои работи што ни се побитни да видиме, околу некои тендери, едно, друго. Со Ставрески ако се видите таму, доста со овие, има некои фирми што тој нели…сега не знам дали би прифатил тој такво нешто, ама негде помош…Јагуновце таму гледам, фабриката Југохром, тој гледам таму оди, нити има добри позиции таму, може…
СМ: Југохром се таму оние Русите?
СН: Па не, тој има некои луѓе што му се на него блиски многу и тие луѓе се на многу добри позиции таму кошто можат добро да изменаџираат за нас. Цело време го бркаме знаеш, ама пак се врти во круг, никако да тргнат. Ај кога ќе дојдам ќе поразговараме за тоа. Ја ќе бидам таму 11 и пол…
СМ: Во 11 и 15 ќе дојдат други и тие ќе се задржат 20 минути и ја више ќе треба да тргнам за кај Ставрески, знаеш. Да не доаѓаш на кнап. Ја кај Ставрески енма да бидам поише од еден саат. Поубаво е после, по на раат.
СН: е па важи. Ајде ќе дојдам во 1 или ќе ми се јавите.
СМ: Јас ќе те барам од таму кога ќе тргнам, важи?
СН: Важи, договорено.
СМ: Да не биде набрзина, на трчање.
СН: Нема проблем, нема проблем. Јас ќе чекам да ми се јавите.
СМ: Ајде.
СН: Ајде. Поздрав, пријатно.

 

Разговор помеѓу Муса Џафери и Сашо Мијалков

МЏ: Во таа агенцијата за обезбедување…
СМ: Да.
МЏ: СМС, не знам како се вика…
СМ: СГС.
МЏ: Е. Има некои членови, вака битни активисти на ДПА од Чаир, но и некои кои се гонат…
СМ: Знам.
МЏ: Ми пренеле дека работат за таа агенција.
СМ: Ќе го решиме тоа брзо.
МЏ: Е така. Или заради тоа…
СМ: Ја чекав да ми кажат имиња, и сеуште не ми дадоа имиња. Мене ми рекоа ќе ги отстраниме, ми ургираа од друга страна, од кај вашиот, од кај овој…
МЏ: Пошто тие…
Од кај овој бе, од кај вашиот од Чаир…
МЏ: Ааа..ама мене ми пренеле дека тие се, без разлика тие се, неможе да бидат сите ДУИ. Ама ако се знаат дека се проблематични…
СМ: Не бе, ќе бидат ДУИ, зошто да не бидат? Ќе бидат ДУИ, зошто да не бидат ДУИ.
МЏ: Па тие ДУИ не можат да бидат, тие се…
СМ: Па не се ДУИ. Мене ми кажаа, ама ја не знам кои-кои се. И требаше овој вашиов од Чаир, како се викаше?
МЏ: Едниот од тие…
СМ: Како се викаше вашиот од Чаир?
МЏ: Како?
СМ: Вашиот у Чаир што ви е главен, како се викаше?
МЏ: А, Асани!?
СМ: Не бе Кацани, овој, ееј, не можам името да му го кажам…
МЏ: Еее, претседтел на огранок или што мислиш?
СМ: Таму што ви е главен на вас и нели што е со Али исто близок.
МЏ: Ама тој е, кај нас моментално претседател на општински огранок е Бекир Асани, а тој другиот…
Е Бечо, да. За Бечо Зборам.
МЏ: А другиот исто се презива Асани, што беше, што учествуваше 2008-ма и има потерница со овај…
СМ: Не, не. Слушај ме сега.
МЏ: Асани се вика по презиме.
СМ: Бекир Асани вашиот.
МЏ: Не, не и другиот се презива Асани.
СМ: Не ме разбираш. Дослушај ме до крај. Вашиот Бекир Асани, преку луѓе што ги познавам ми кажа за оваа работа. И јас му реков океј, тие луѓе ќе бидат тргнати, дајте ми ги имињата. И Беќо вашиот требаше да ми ги даде имињата и јас не ги добив имињата. Кажете ми ги, дајте ми ги имињата на тие луѓе, да се тргнат, разбираш.
МЏ: Океј.
СМ: Јас знам дека има луѓе, ама не ги знам по име. Дајте ми ги имињата.
МЏ: Океј.
СМ: Ме разбираш?
МЏ: Океј.
СМ: Е така.
МЏ: Ајде, се слушаме утре. Чао, чао.
СМ: Важи, ајде.

 

Разговор помеѓу Слободан Николовски-Цобе и Сашо Мијалков

СН: Да?
СМ: Еј Цобе шо праши?
СН: Добро еве надвор, тука сме.
СМ: Кажи ми, во врска со овие имињата што ти ги дадов, овие?
СН: Беше вчера човекот со мене разговаравме
СМ: Кој?
СН: Со Бушот
СМ: Аха
СН: И јас мислам овде по разговорот видов дека е лично. Му викам што имаш со овој, со Бечо, ништо вика душмани сме. Му викам со партија и тие работи. Не бе вика јас сум си добар и со ДУИ и со сите. Но ми вика меѓу нив имало некоја крвна завера нешто и сега лично овој форсира дека не чинат луѓето, оди на страна. Демек сака преку нивната лична завера и луѓето, штета прави на сите нас. А без нив таму не можеме да работиме. Овие нема да пуштат никого.
СМ: А види сега, како да најдеме некое решение, оти овие се јавија вчера пак, и не условуваат за гласовите што треба да ги дадат, мора да направиме некој бај-пас барем привремено додека не завршат изборите. А?
СН: Едино да ги тргнам тие луѓе што се, во друг реон, пред штабови да не се гледаат. Е сега ептен ако е толку, а тој е со ДПА и влегуваме и во друга игра, ДУИ не уценува, малце незгодна ситуација.
СМ: Абе незгодна ситуација ама мора да најдеме некое оптимално решение оти ова сега е голем интерес партиски.

 

Разговор помеѓу Слободан Николовски и Сашо Мијалков

СН: Ало
СМ: Ало
СН: Еј директоре, здраво, шо праиш?
СМ: Што праиш, Цобе?
СН: Добро еве сум со луѓето, по договореното, ве побарав да се видите.
СМ: А, кој е тука? Кои бевте?
СН: Па еве овој од Бугарија што е менаџерот, тој турчинот и син му од газдата е тука со него.
Види вака сега. Јас сум во Палас сеа на вежбање.
СН: Да.
СМ: Од тука…многу гужва денеска ми се направи бе, невероватна работа.
СН: Ако имате време, 5 минути
СМ: Од тука со Абдулаким Адеми…не, не, ќе се видам сигурно. Абдулаким Адеми ми е за саат време.
СН: Мхм.
СМ: Па после доаѓам на работа, таму ме чекаат едни Грци, ме чекаат од организиран криминал.
СН: 5 минути негде, тие нема да се задржат. Кај ќе бидете таму ќе дојдеме. 5 минути, толку сакаат да се видат со вас.
СМ: На работа ќе дојдат, каде?
СН: Е па, добро, кога ќе бидете таму…
СМ: Ааа, накај 2 и пол.
СН: 2 и пол.
СМ: Ајде.
СН: Добро, добро, договорено.
СМ: На работа да дојдат.
СН: Добро, договорено.

 

Разговор помеѓу Дејан Митревски Урко и Сашо Мијалков

ДМ: Да, шеф?
СМ: Што праиш Урко?
ДМ: Еве сега се облакам дома, па ќе идам накај…
СМ: А бе, вчера немав време да ти се јавам. Тоа во Фокус, виде ли таму што пишуе бе…
ДМ: Ајде бе, не ни читам.
СМ: Знаеш ли сега што направија твоите глупости. Гледаш ли сега?
ДМ: Е што направив бе шеф?
СМ: Е, што направи. Како што направи? Напраи затоа што таму у почеток збореше. Вака ќе правам, така ќе правам, по луѓе збориш. Доаѓа до ушите на СДС.
ДМ: А, што сум зборел, вака ќе праам, така ќе праам?
СМ: Ги напаѓам тие СГС, ќе видат, ќе ова, ќе она…Е од таму се тие муабети, да знаеш.
ДМ: Нема врска, не држи вода. Некој ти го кажал ова. Никогаш не сум спомнал за СГС, поготово и од тоа се тргам, нити планирам, нити сакам контра тебе ја во некој поглед да бидам. Ова е глупо што некој го збори и го мисли, мене ме мести цело време. А, цело време масло е на Верче и на Рамче. Што е ова.
СМ: Ова е срамота бе.
ДМ: Срам е да. Ама, ќе дојде време кога ќе им виси на главите и на Рамче и на Верче. Од нив е ова се, нема од кој. Јас не сум те спомнал нити тебе, нити Агенцијата, баш те подржавав.
СМ: Не, ова е од СДС. Како доаѓа до СДС, тоа е друга работа.
ДМ: Јас за тебе ќе зборам? А бе ти, шо сакаш дослушај, у куќа да ми отвориш мене канцеларија некоја, ќе ја поддржам од тебе дека. Зошто не ми веруваш ти мене? Јас ќе зборам за СГС. Јас не сум политичар, ти си тој. Твоја проценка. Ти што ќе процениш јас тоа ќе поддржам. Кога јас сум се контрал со тебе.
СМ: Добро.

 

Разговор помеѓу Слободан Николовски и Сашо Мијалков

СН: Ало?
СМ: Цобе, што правиш?
СН: Е здраво директоре. Бев малце излезен, па се враќам накај дома.
СМ: А бе Цобе, сме имале некоја интервенција сабајлево во некоја куќа. Што е работата?
СН: Кога, денеска?
СМ: Да, денеска.
СН: Па денеска имавме договорено една работа, луѓе има градат горе.
Да.
СН: Над ова Кочо Рацин школото.
СМ: Аха.
СН: И се договоривме за обезбедување на плацот. Е сега тоа било нивно приватно земјиште. И сега некој Шиптар, таму не знам, може Вие да го знаете…
СМ: Турчин.
СН: Му било пред двор и мислел дека е државно и сакал да го купи како двор за 1 евро. А човекот си има и имотен лист, и дозволи за градби и све. И сега дојде таму, почнаа да…ама ние им рековме: Ние го обезбедуваме ова, нема влегување. И после тоа дојдоа некои Шиптари, правеа некои циркуси ама не му дозволивме и после на крај донесоа некое судско, као времена мерка да престане тоа додека се реши. И ние сега пак го чуваме, ама ќе видиме како. А луѓето…
СМ: Плаќа ли тој за тоа?
СН: Да, да, да. А луѓето си имаат…
СМ: А кој е тој што плаќа?
СН: Па Игор се вика, Игор, Македонци се. И малце сеа, Шиптари, онде на Водно, ќе покажуваат сила и тоа малце ме заинати поише и ги избркавме.
СМ: Ама не се Шиптари тие бе.
СН: Турци бе, не знам, мислам. Али Октај некој, така се вика.
СМ: Оки бе Оки, нема везе тој. Каков Шиптар, какви бакрачи.

 

Разговор помеѓу Слободан Николовски и Сашо Мијалков

СН: Ало
СМ: Ало
СН: Еј директоре здраво
СМ: Цобе шо праиш бе?
СН: Добро еве дома гледам телевизија, вие што праите?
СМ: Што има ново?
СН: Па ништо денеска ви се јавив за овија возилата, германецот сака да ги дае на некоја лизинг компанија…
СМ: Ти немаш сигнал или ја неам сигнал?
СН: Па не знам, ја ве слушам добро…добро ве слушам
СМ: Ја тебе лошо, со прекинување…
СН: Да…
СМ: Кажи ајде сеа шо е таа работа со Машинопромет таму се измешаа работи, ми се јавува Јохан…
СН: Па таму…
СМ: Зоки прееска нешто, он се нешто…со овој, шо сеа тоа мешање, шо е таа гужба објасни ми…
СН: Не вака, таму Машинопромет…владата има вратено во име на акции со ПУИК негде околу 30%. Е сега другата страна…
СМ: Која е едната која е другата страна?
СН: Една страна е Владата и дел од овие акционерите што се, значи ПУИК…
СМ: Кои се тие?
СН: Паа, тие некои Владо не знам како се вика, така луѓе а од друга…и Владата има ПУИК 30% од акциите…и имало на владина седница, Владата да си ја врати…мислам си го штити капиталот…а од другата се овие…
СМ: А кај се шиптари?
СН: Паа таму е директор нели овој шиптарот што е и тие мислат дека е умешан шиптарот…
СМ: А кој е сопственик?
СН: Сопственик па има сега тие се две сега е на ПУИК сопственост делот…
СМ:Аха…
СН: A од другата страна се овој Бучокот со агенцијата влегол тој таму ги закупил и ги издава под кирија… и со овие Пајмаковци и тоа на 31 мај го…им влегле сабајле рано им го зеле на Машинопромет и после тоа…
СМ: Кој на кого влегол?
СН: Па п…овие што се сега во моментот тие акционерите и делот од Владата што го има и овие им го зеле на 31 влегле и ги издале сите простории таму под кирија, Бучокот зема кирија од едни од други луѓе и сега овие на име демек од овој директорот на ПУИК на шиптари го дал знаеш…
СМ: Мхм…
СН: …со тоа се силат, јас го барав Бучокот да дојде му кажав да си се тргне таму, пошто е владин проект да не… не се праи…тој гледам се силеше и кажа Охрид… и ја на Зоки му викам
СМ: Што кажа?
СН: Кажа дека бил на одмор, во Охрид…
СМ: А кој се силат?
СН: Па Бучокот… Добро и…му кажав на Зоки види најди го таму кажи му нека не си игра пошто се работи за владина…владин објект, нека си се тргне таму, нека си го превземат а после таму судови нека си расправа кој е сопственик ќе си дојде…
СМ: Да…
СН: И сега се јавуваат едни други, вас ве замараат и така…
СМ: Шо ме замараат мене бе, нејќам да ме замараат за вакви работи, ќе го отерам у пичку матер и оној Јохан бе…


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *