Привремено саниран покривот на училиштето “Гоце Делчев” во Гостивар

Привремено решение за кровот на училиштето "Гоце Делчев". Фото: Веб страница на Општина Гостивар

Покривот на училиштето, како што информираа од Оштината, е привремено саниран со најлони што се користат за оранжерии, а за трајно решение ќе треба да се чека до наредната пролет кога ќе се извршат сите тендерски постапки и за време на летниот одмор ќе се изведат работите за изградба на нов покрив. Затоа, овој проект го оценуваме како делумно исполнет

 

Проект: Ќе се санира покривот на училиштето “Гоце Делчев”

Потребите на основните училишта ќе бидат врвен приоритет на проекцијата на буџетот на Општина Гостивар, со цел за перманентно подобрување на условите во основните училишта Рок:

Првите месеци на четригодишниот мандат (Приоритет)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот за санирање на покривот на училиштето “Гоце Делчев” е приоритетно ветување на градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, дадено во предизборната дебата “Jeta në Maqedoni” емитувана на 05.10.2017 во Арт Телевизија, а и во програмата “За Гостивар со знаење и храброст” (стр. 22), со која градоначалникот Таравари учествуваше на последните локални избори.

Покривот на училиштето, како што информираа од Оштината, е привремено саниран со најлони што се користат за оранжерии, а за трајно решение ќе треба да се чека до наредната пролет кога ќе се извршат сите тендерски постапки и за време на летниот одмор ќе се изведат работите за изградба на нов покрив. Затоа, овој проект го оценуваме како делумно исполнет.

За интервенцијата на покривот на училиштето “Гоце Делчев”, на 10.12.2017, од Општина Гостивар информираа:

Денес почнаа работите за покривање на покривот на Основното училиште “Гоце Делчев” како привремено решение.

Покрај јужната страна, која зафаќа површина од околу 1.000 квадратни метри, ќе се санираат и оштетените делови на покривот во другите страни од зградата. Воедно, ќе се интервенира и на сомнителните точки, од кои се претпоставува дека може да протекува вода, како што се местата каде што поминуваат жиците од громобранот.

А, за рокот на реализација на ова интервенција, од Општината велат:

Со реализација на овој проект, кој се очекува да биде завршен неделава, се гарантира дека оваа учебна година учениците од ова училиште ќе ја завршат без проблеми, а за трајно решение, наредната пролет ќе се извршат сите тендерски постапки и за време на летниот одмор ќе се изведат работите за изградба на нов покрив. Тоа значи дека од новата учебна година, во ОУ “Гоце Делчев” ќе биде решен клучниот проблем со кој училиштето се соочува последниве години.

За санирање на покривот на училиштето Гоце Делчев, на 10.12.2017 информираа и медиумите:

Денеска започна и санирањето на покривот на училиштето Гоце Делчев како привремено решение. Јужната страна на училишната зграда ќе биде покриена со најлон кој се користи за оранжерии, материјал кој штити од снег, дожд и ветер за период од три години.

Според сите овие информации, ветувањето на градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, за санирање на кровот на училиштето “Гоце Делчев” , го сметаме како делумно исполнето, затоа што станува збор за привремено решение, а за комплетно санирање на покривот, според информациите од Општина Гостивар, ќе треба да се чека до следното лето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу