ВМРО-ДПМНЕ: Водовод и канализација на општините фаза 1

Проектот во вредност од 12 милиони евра, опфаќа 8 општини: Кочани, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Радовиш, Неготино, Битола и Тетово. Проектот има за цел обезбедување на одржливо снабдување со вода за пиење на населението во избраните општини по социјално прифатливи трошоци. Крајни корисници се општините, односно јавните комунални претпријатија кои покажаа солидно финансиско работење и ги исполнија критериумите за зголемување на економската ефикасност на работењето. [Рок: 2012 – 2015]

Образложение:

Според Отчетот на Министерството за транспорт и врски за 2012 година, започнато е со реализација на овој проект. Имено,

Во периодот февруари-мај 2012 година, со поддршка на Консултантот за имплементација дефинирани се приоритетните проекти во сите општини и истите се групирани во 12 тендерски пакети. … одобрени се тендерските документации за Битола, Гевгелија, Гостивар, Кочани, Неготино и Радовиш. Во септември 2012 година се објавени тендери за наведените набавки и истите се во завршна фаза. Завршена е постапката за избор на економски оператори и во декември 2012 година се склучени договори со избраните оператори.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција