ВМРО-ДПМНЕ: Програма за воздухопловна безбедност

vmro-dpmne-logo

Воздухопловната безбедност како врвен приоритет. Ќе се интегрираме во единствено европско небо. Ќе усвоиме национална програма за воздухопловна безбедност, чија основа цел е унапрадување на политиката на безбедност, проценката на ризикот, како и подигнување на културата на воздухопловна безбедност [рок: декември 2011 година]

Образложение:

Националната програма за водзухопловна безбедност е поднесена до Владата на 8ми март 2011 година, датум кој е пред предвремените избори одржани на 5 јуни, 2011 година. Оттогаш нема информации за усвојување на програмата од страна на Владата, чија согласност е потребна согласно член 38 став (2) од Законот за воздухопловство („Служебен весник на Република Македонија“ бр. 14/06, 24/07, 103/08 и 67/10).

Дополнително на веб-локацијата на Агенцијата за цивилно воздухопловство се уште стои Програма за безбедност од 2009 година, што покажува дека не е изгласана нова национална програма.

Бидејќи рокот за исполнување на ова ветување е поминат, ветувањето се оценува како неисполнето.

Линкови:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *