Ажурирано: Променети податоци на веб-сајтот на ДИК за резултати од изборите

Во текот на денешниот ден (29.04.2014) на веб-страницата за резултати од изборите на ДИК беа сменети дел од податоците за излезност и број на гласови.

Пред 10 часот навистина стоеја бројките како што се забележани во написот на Либертас.мк.

Снимка од екран на сајтот на ДИК од околу 9:30 на 29.04.2014.
Снимка од екран на сајтот на ДИК од околу 9:30 на 29.04.2014.
Снимка од екран на сајтот на ДИК од околу 9:30 на 29.04.2014.
Снимка од екран на сајтот на ДИК од околу 9:30 на 29.04.2014.

Моментално има други, исправени бројки кои се поклопуваат меѓу себе. Излезноста на општо ниво сега е пониска, беше 64.05% а сега покажува 63.93%. Слично и за општина Аеродром. Саат време порано стоеше излезност од 99.76%, а сега 68.49%.

Снимка од екран на сајтот на ДИК од околу 10:30 на 29.04.2014.
Снимка од екран на сајтот на ДИК од околу 10:30 на 29.04.2014.
Снимка од екран на сајтот на ДИК од околу 10:30 на 29.04.2014.
Снимка од екран на сајтот на ДИК од околу 10:30 на 29.04.2014.

— Дополнето во 15:45 на 29.04.2014 —

По објавувањето на написот, Државната изборна комисија испрати соопштение за појаснување на ситуацијата. Соопштението го пренесуваме во целост:

Во врска со изнесените тврдења во одредени интернет портали дека во Општина Аеродром има разлика од 20.000 гласови помеѓу важечките и неважечките ливчиња
за предвремените Парламентарни избори, Државната изборна комисија го појаснува следното:

При внес на податоци во комјутерскиот систем на Државната изборна комисија направена е типографска грешка во полето 5. од записникот на општинсаката изборна комисија во кое се внесува статитичкиот податок за вкупниот број на избирачи кои гласале. При споредба на внесените податоци во системот со записникот на ОИК Аеродром е откриено дека во системот во полето 5. наместо податоткот 43.818 внесен е податокот 63.818. Оваа грешка е коригирана и нема влијание на освоените гласови и мандати по партии кои се коректно внесени во системот, туку само на процентот на излезност.

Согласно направената корекција, излезноста за парламентарните избори за општина Аеродром е 68,49% а на ниво на Република Македонија е 62,95%.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција